Дабиље: село во Општина Струмица

Дабиље (исто така, се среќава и како Дабиле и Дабиља) е село во Општина Струмица, кое се наоѓа недалеку од градот Струмица.

Дабиље
Дабиље: Географија, Историја, Економија и инфраструктура
Дабиље во рамките на Македонија
Дабиље: Географија, Историја, Економија и инфраструктура
Дабиље
Местоположба на Дабиље во Македонија
Дабиље на карта
Координати 41°26′34″N 22°41′26″E / 41.44278° СГШ; 22.69056° ИГД / 41.44278; 22.69056
Општина Струмица
Население 1.647 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2400
Шифра на КО 27021
Надм. вис. 221 мнв м
Слава Света Троица
Дабиље на општинската карта
Дабиље: Географија, Историја, Економија и инфраструктура

Атарот на Дабиље во рамките на општината
Дабиље: Географија, Историја, Економија и инфраструктура Дабиље на Ризницата
Дабиље: Географија, Историја, Економија и инфраструктура
Селска чешма
Дабиље: Географија, Историја, Економија и инфраструктура
Училиштето „Кирил и Методиј"
Дабиље: Географија, Историја, Економија и инфраструктура
Црквата „Св. Троица“

Географија

Дабиље се наоѓа во централната зона на територијата на Општина Струмица, во рамнинскиот дел на Струмичко Поле. Се наоѓа недалеку од градот Струмица (на 4км оддалеченост), на патот Струмица - Ново Село. Се работи за рамничарско село на надморска височина од 221 метри. Атарот на селото е 6,8 квадратни километри. Селото се граничи со Струмица, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Струмица, Просениково, Сарај, Босилово, Робово.

Во близина на селото поминува реката Водочница.

Историја

Кон крајот XIX век, кога Македонија била во состав на Отоманското Царство, во селото се бележи револуционерна дејност. Првиот човек кој ги прифатил идеите на ВМРО во струмичкиот регион бил Стојан Ѓорѓиев од Дабиле, кој во 1895 година го формирал и првиот месен комитет во Струмица. Во овие краишта бил формиран и дејствувал Огражденскиот окружен македонско-одрински револуционерен комитет. Дабиље се спомнува и во Спомените на Михаил Герџиков. На почетокот на XX век селото потпаѓа под црковно-пропагандното влијание на Бугарската егзархија.

Економија и инфраструктура

Во селото најзастапено е полјоделството. Катастарската површина е 760 хектари. Обработливото земјиште зафаќа 612 хектари, пасиштата зафаќаат 15,4 хектари, а шумите, пак, не се застапени. Во селото функционира ветеринарна станица, земјоделска аптека, а има и трговски објекти (дуќани за брави и огради, мебел, теписи), ковачница, автосервиси и угостителски објекти (ноќен локал - ресторан Шабан). Вкупниот број на активни правни лица е 47. Во Дабиља се врши откуп на тутун и постојат откупни станици за земјоделски производи.Исто така значајна фирма во дабиле е- НАПРЕДОК КОМЕРЦ -која се занимава со производство и промет на хтз опрема, односно работна облека која се продава на пазарите во Македонија и Европа.Оваа претпријатие е основано во 1990 година со главно трговска дејност,за подоцна во 2003 година да отвори и производствен погон за потребите на претпријатието. По 23 години успешна работа фирмата Напредок Комерц од Дабиле изгради нов деловно трговски објект на патот Дабиле Ново Село во „индустриската зона Дабиле “со што придонесува за успешно развивање на овој индустриски комплекс. Некои од културите кои се одгледуваат во Дабиље се: индустриска пиперка, лубеница, луцерка, моркови, компири, итн.

Земјоделско ориентираното Дабиље е често подложно на економски потреси од временски непогоди, особено поплави. Проблемите предизвикани со поплавите се особено актуелни и поради недостигот на фекална канализација и покрај тоа што изградбата на канализација во Дабиље е предвидена со МЕАП програмата, финансирана од ЕБОР, Владата на Република Македонија и од странски донации. Жителите проблемот со фекалните води го решаваат со изградба на септички јами. [1][мртва врска] Во есента 2008, како резултат на вложувањата на Општина Струмица, во Дабиље поставена е примарна водоводна мрежа, но сепак, предлогот жителите на селото да учествуваат со самопридонес при инсталирањето на чешми во домовите е одбиен на референдум. Како резултат, Дабиље е едно од четирите населени места во Општина Струмица кое сѐ уште нема секундарен водовод. Населението се снабдува со вода за пиење преку артески бунари и пумпи, при што водата има сомнителен квалитет. [2] [3][мртва врска] [4][мртва врска]

Селото располага со асфалтирана патна мрежа (улиците не се означени, но добар дел од нив имаат тротоари), електрична мрежа, телекомуникациски врски. Селото е опслужувано од струмичкиот кабелски оператор Кабел Нет.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.163—    
19531.307+12.4%
19611.549+18.5%
19711.671+7.9%
19811.770+5.9%
ГодинаНас.±%
19911.964+11.0%
19941.962−0.1%
20021.946−0.8%
20211.647−15.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дабиље живееле 620 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дабиље имало 584 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 8 протестанти.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.946 жители, од кои 1.941 Македонец и 5 Срби. Половата дистрибуција е 1000 мажи и 946 жени. Бројот на домаќинства е 531.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.647 жители, од кои 1.509 Македонци, 1 Албанец, 3 Срби, 2 останати и 132 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 620 592 1.163 1.307 1.549 1.671 1.770 1.964 1.962 1.946 1.647

Општествени установи

  • Месна заедница
  • Основно училиште Кирил и Методиј (деветогодишно)
  • Амбуланта
  • Дом на култура

Самоуправа и политика

За време на избори се гласа во месната заедница и во основното училиште.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1770 и 1771 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месната заедница.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.593 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.611 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Личности

    Родени
    Поврзани
  • Ока Николов - германски фудбалер (потекло од Дабиле)
  • Катерина Пандева - советник на претседателот на собранието на Р.М. Трајко Велјановски

Култура и спорт

Во Дабиље функционира деветгодишното основно училиште Кирил и Методиј. Во рамките на училиштето има една паралелка – подготвителна година на основно образование со вкупно 16 ученици и еден воспитувач. Во основното образоние има 13 паралелки со вкупен број на ученици 296 и вкупно наставници 20.

Во селото познат е ноќниот локал Шабан' и „Пепи“ '.

Надворешни врски

Литература

Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 90 стр.

Наводи

Tags:

Дабиље ГеографијаДабиље ИсторијаДабиље Економија и инфраструктураДабиље НаселениеДабиље Општествени установиДабиље Самоуправа и политикаДабиље Културни и природни знаменитостиДабиље ЛичностиДабиље Култура и спортДабиље Надворешни врскиДабиље ЛитератураДабиље НаводиДабиљеОпштина СтрумицаСелоСтрумица

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СпартаЗемји членки на Европската УнијаМакедонски парламентарни избори (2024)Ангкор ВатДонтов методДен на независноста на МакедонијаСамоилово ЦарствоИсторија на БугаријаСтара ГрцијаАбортусСловенијаЖелезно времеЈапонијаСкржавецот (Плавт)Општина КрушевоЕрнест ХемингвејАцо ШоповГоран БреговиќДрагана МирковиќОпштина ДојранРимОпштина БитолаНаталитетБаклаваНатриум хидроксидПрва помошБукурешки договор (1913)Билјана ВанковскаПиту ГулиСтар векМакедонски јазикПавле АрсоскиПротестантствоКиселинаЗНАМГалилео ГалилејХрватски месециОпштина ПласницаПоплаваРомантизамЕрусалимШеќерна приказнаАдаптација (биологија)Гуливеровите патувањаМакедонски парламентарни избори, 2014Изборна единица 1БалетБогородицаХерпесХипертензијаВрхбоснаМарков манастирКлинесто писмоАлбанијаДабСтара скопска чаршијаСедум смртни гревовиОливера НиколоваМакедонски народни инструментиМРП вакцинаЛалеФилип II МакедонскиОксидСтобиАна ФранкДланкаЕтанолКристијано РоналдоЛокални избори во Македонија (2009)Збогум Румелија (ТВ-серија)Свети Кирил и МетодијПарадоксот на ДиогенТумор на мозокСедум светски чуда на античкиот светАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЕлектричен автомобил🡆 More