Гумалево: село во Општина Зелениково

Гумалево — село во Општина Зелениково, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.

Гумалево
Гумалево: Географија и местоположба, Историја, Население

Поглед на селото Гумалево

Гумалево во рамките на Македонија
Гумалево: Географија и местоположба, Историја, Население
Гумалево
Местоположба на Гумалево во Македонија
Гумалево на карта
Координати 41°50′4″N 21°36′6″E / 41.83444° СГШ; 21.60167° ИГД / 41.83444; 21.60167
Општина Зелениково
Население 15 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 25065
Гумалево на општинската карта
Гумалево: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Гумалево во рамките на општината
Гумалево: Географија и местоположба, Историја, Население Гумалево на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Торбешија, на левиот брег на Кадина Река. Оддалечено е 34 километри јужно од Скопје и 9,5 километри јужно од општинското седиште Зелениково.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 27 христијански семејства.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948376—    
1953386+2.7%
1961343−11.1%
1971206−39.9%
1981194−5.8%
ГодинаНас.±%
1991183−5.7%
1994168−8.2%
2002102−39.3%
202115−85.3%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 24 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 43 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 209 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гумалево живееле 210 жители, сите Албанци.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и има 321 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Турци и 50 Албанци.

Селото броело 343 жители во 1961 година, а во 1971 година живееле само 206 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 102 жители, сите Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 9 Албанци и 6 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 376 386 343 206 194 183 168 102 15

Родови

Гумалево е албанско село. Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:

  • Доселеници: Исалар (18 к.) по потекло се од фисот Бериш во северна Албанија. Името го добиле по некој предок Исен. Инаку родот го основал Мемиш, кој во селото се доселил во 18 век. Се знае следното родословие. Бафтијар (жив на 60 год. во 1951 година) Јакуп-Ферат-Јусуф-Идриз-Мемиш, кој го населил селото. Нивните роднини во селото Страхојадица тврдат дека овој род потекнува од фисот Круја Зи во северна Албанија; Сејдилер (16 к.) по потекло се од фисот Тсач во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Јусуф (жив на 47 год. во 1951 година) Фериз-Курдали-Рамадан-Мурат, кој се доселил на почетокот од 19 век; Пилелер (8 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Го знаат следното родословие Фета (жив на 20 год. во 1951 година) Бесим-Адем-Зимер-Абдула-Рамадан, кој го основал родот и се населил во селото на почетокот од 19 век. Нивните роднини во селото Страхојадица тврдат дека потекнуваат од фисот Круја Зи; Шкурталар (15 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Абдија (жив на 30 год. во 1951 година) Медија-Абдија-Сулејман-Алија, кој се доселил кон средината на 19 век.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Албански иселеници од селото до 1951 година има во селото Страхојадица (Селимлар, Раманлар со Мезин и Кравалар) кои имаат роднини во селото Гумалево. Потоа иселеници од селото има во Скопје, Турција, Велес и селото Бузалково.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Гумалево Географија и местоположбаГумалево ИсторијаГумалево НаселениеГумалево Општествени установиГумалево Самоуправа и политикаГумалево Културни и природни знаменитостиГумалево Редовни настаниГумалево ЛичностиГумалево Култура и спортГумалево ИселеништвоГумалево ГалеријаГумалево НаводиГумалево Надворешни врскиГумалевоОпштина ЗелениковоСкопјеТорбешија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ИндонезијаТумор на мозокТемператураТуберкулозаДиво месо (драма)ЉубовСписок на културно наследство на МакедонијаРајко ЖинзифовСписок на архаични зборови во македонскиот јазикРенесансаЛеополд I (Свето Римско Царство)Република КосовоИсламДабЛокални избори во Македонија (2013)Данела АрсовскаРоманијаГрцијаБратиславаЧума (појаснување)Девојка со бисерна обеткаГитараДржавни празници во МакедонијаБаза (хемија)Игор ЏамбазовМакедонски народен театарПертусисТуризамСкопјеЧовекАтрибут во македонскиот јазикФашизамЦрвен крст на МакедонијаДебело цревоПолиграфДен на независноста на МакедонијаРомски јазик20000 милји под моретоБарешаниОпштина ЗелениковоПридавкаСтранствувањето на Чајлд ХаролдТодор АлександровВитамин Б6Болести и аномалии на очитеБроеви во македонскиот јазикПисмоХананЈужна АмерикаЕвропска УнијаМакедонска револуционерна организацијаЈан Амос КоменскиБакарДаниел ДефоОпштина Маврово и РостушеСрцева слабостЦрн дробГравитацијаОпштина ШтипМакедонски ВласиВизантијаГригор ПрличевМакедонски ораЕгипетИсторија на македонскиот народЖабаБигорски манастирФиброаденомЃорѓи СугаревДренок (Струшко)Македонци-муслиманиАна ФранкСписок на македонски писателиЖичени инструментиСеверна АмерикаКамбоџаЧасовник🡆 More