Голема Раседна Долина: геолошка бразда во Африка

Голема Раседна Долина — географска бразда долга околу 6.000 км која се протега од долината Бека во Либан, Азија до Мозамбик, југоисточна Африка.

Денес е познато дека оваа долина е всушност збир од повеќе различни бразди и раседи, и не претставува една целина, иако истите се поврзани.

Кениски езерски систем во Големата Раседна Долина
светско наследство на УНЕСКО
Голема Раседна Долина: Азија, Африка, Поврзано
Карта на Големата Раседна Долина
Критериумприродно: vii, ix, x
Навод1060
Запис2011 (444 заседание)
Координати0°06′S 36°06′E / 0.1° ЈГШ; 36.1° ИГД / -0.1; 36.1

Во современата литература, поимот најчесто се однесува на долината на Источноафриканскиот Расед, кој е разидувачка плочна граница што се протега од Афарската Котлина кон југ, преку источна Африка, полека одвојувајќи ја Африканската Плоча во две посебни плочи. Овие плочи во создавање се наречени Нубиска и Сомалиска Плоча.

Азија

Најсеверниот дел на раседот соодветствува на средишниот дел од она што денес се нарекува Левантски Расед. Делот ја образува долината Бека во Либан, која ги дели планинските венеци Либан и Антилибан. Понајуг се јавува во облик на котлината Хула, која ги дели планините на Галилеја од Голанската Висорамнина.

Тука почнува реката Јордан и тече на југ низ езерото Хула, па се влева во Галилејското Море во Израел. Раседот потоа продолжува на југ низ Јорданската Раседна Долина во Мртвото Море на израелско-јорданската граница. Јужно од морето, раседот е пофатен од вадијата Арава, потоа од Акапскиот Залив и на крај од Црвеното Море.

Недалеку од јужниот крај на Синајскиот Полуостров во Црвеното Море, Левантскиот Расед се среќава со езерото Хула и се протега по должината на Црвеното Море. Црвеноморскиот Расед на брегот се среќава со Источноафриканскиот Расед, Аденскиот Срт и Афарската Котлина во источна Африка. Спојот на овие три раседи се Афарска Котлина или Афарски Триаголник.

Африка

Голема Раседна Долина: Азија, Африка, Поврзано 
Езерото Накуру во Кенискиот езерски систем

Западниот Расед, наречен и Албертски Расед, се граничи со некои од највисоките планини во Африка, вклучувајќи ги венците Вирунга, Витумба и Рувензори. Тука се сместени т.н. Езера на Раседната Долина, кои се меѓу најдлабоките на светот (Тангањика достигнува 1.470 м).

Голем дел од ова подрачје е пофатено во границите на национални паркови како Вирунга во ДР Конго, Рувензори и Кралица Елизабета во Уганда и Вулкани во Руанда. Езерото Викторија се смета за дел од системот на раседната долина, иако впрочем се простира меѓу двата ракава. Сите Големи езера на Африка се настанати како последица од раседот, и највеќето лежат во рамките на раседна долина.

Во Кенија, долината е најдлабока северно од Најроби. Бидејќи езерата на Источниот Расед не се одлеваат во морето и се претежно плитки, тие содржат големо количество минерали и нивните испаренија оставаат наслаги од сол. На пример, езерото Магади има голема концентрација на сода (натриум карбонат), а езерата Елментејта, Богорија и Накуру се мошне алкални, додека изворите што го полнат езерото Најваша се од суштинско значење за неговата биоразновидност.

Јужниот дел на Раседната Долина го опфаќа езерото Малави, трето по длабочина во светот (706 м) и ги дели висорамнината на Њаса во северен Мозамбик од Малави; завршува во долината на Замбези.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Голема Раседна Долина АзијаГолема Раседна Долина АфрикаГолема Раседна Долина ПоврзаноГолема Раседна Долина НаводиГолема Раседна Долина Надворешни врскиГолема Раседна ДолинаЛибанМозамбикРасед

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина ЈегуновцеЖолчкаПрва влада на Бранко ЦрвенковскиФосилЦрвени крвни зрнцаПрилепАлександар Митевски (пејач)Анета МицевскаАзот (област)Поштенски броеви во МакедонијаВтора светска војнаРадовишБубамариНационален парк ПелистерИнтеграМетафораЈосип Броз-ТитоЈордан КамчевМитко ЧавковАцо ШоповРомео и ЈулијаРадишаниЧетврта влада на Никола ГруевскиСтале ПоповДржавни празници во МакедонијаРисПанонски легендиАлшарСлезинаДискус хернијаИнтернетСписок на држави и територии во ЕвропаГраѓанска опција за МакедонијаПитагорова теоремаМинато определено свршено време во македонскиот јазикПроливСписок на архаични зборови во македонскиот јазикПравопис и правоговор на македонскиот јазикМакедонска крвава свадбаСреден клеточен волуменМакедонски КонцептНебо од ванила (филм)ЕпилепсијаЦеребрална парализаЃомлезеОпштина СтуденичаниЗијадин СелаОксидационо-редукциона реакцијаПреспански договорЧир на желудникотДемократска обнова на МакедонијаСтрептококен фарингитисКирил ПејчиновиќРак на желудникИсторија на христијанствотоУпад во Собранието на Македонија (2017)Јордан Хаџи Константинов-ЏинотАлергиски дерматозиВилијам ШекспирНадбубрежна жлездаОсновен приходАтентат врз Киро ГлигоровМакедонски претседателски избори (2009)Општина БрвеницаМанастир ОстрогКамен мост (Скопје)Арбен ТаравариДропкаПере ТошевАјфелова кулаАнтонијо МилошоскиАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаСкриеносеменициШизофренија🡆 More