Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска е островска држава во северозападна Европа.
Вкупната површина на земјата изнесува 244,820 км2 , и според тоа се наоѓа на 70 место по големина во светот.
Главниот град Лондон е најголемиот во државата со околу 7 500 000 жители.
Според пописот, вкупното население во Обединетото Кралство е околу 59,834,300 жители. Густината на населеноста е 246.5/км2 жители на квадратен километар.
Климата на Велика Британија е поумерена отколку таа во другите региони на северната полутопка на истата латитуда, поради западните ветрови и топлите води на Голфската струја кои поминуват покрај британските острови и делумно влијаат на климата. Ладна, но не студена температура, облаци почести отколку сонце и големо количество на дожд се начинот на живот на островот. Tаа има атлантска клима. Зимите се магливи, а летата се свежи и врнежливи. Западните ветрови од океаните носат големи количества влага. Затоа дождовите се редовни и чести во текот на годината. Северна Ирска има приморска клима, Англија има умерена клима – благи зими и ладни лета. Во Шкотска според ладната клима, југозападните ветрови кои настануваат при делување на голфската струја, ја прават климата потопла отколку што треба да биде толку северно. Климата во Велс е под влиание на планините и на блиското море затоа зимите се благи а летата свежи. Регионите со високи планини имаат ладни зими со многу снег.
Најпознати реки во Велика Британија се Темза, Клајд. Гамбер и Цеверн. За време на прилив нивото на реките се издига. Пример со реката темза.за време на приливот лондон е пристаништен град.
Освен копнената граница со Република Ирска, Велика Британија е опкружена со вода. Јужно од Англија измеѓу Велика Британија и Франција се наоѓа Англискиот канал или Ламанш испод кој се наоѓа тунел кој ги спојува Велика Британија и Франција. На исток е Северно Море, западно од Велс се наоѓа Ирско Море, додека Шкотска и северозападната област на Северна Ирска излегуваат на Атлантски Океан.
Вкупната површина на Велика Британија изнесува околу 244,820 km2 , должината на областа изнесува 8,257 км, а копнената граница 360 км. Велика Британија има околу 125 км. Надморска височина.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Географија на Обединетото Кралство, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.