Виторија Колона

Виторија Колона (родена на април 1492 – 25 февруари 1547) била италијанска благородничка и поетеса.

Образована, мажена благородничка чиј сопруг бил во заробеништво, Колона развила односи во интелектуалните кругови на Искја и Неапол. Нејзината рана поезија почнала да привлекува внимание кон 1510-тите и на крајот станала една од најпопуларните поети во Италија од 16 век. По раната смрт на нејзиниот сопруг, таа отишла во манастир во Рим, и останала калуѓерка што доживеала духовно обновување и остана побожно религиозна до крајот на животот. Познато е дека Колона му била муза на Микеланџело Буонароти.

Виторија Колона
Виторија Колона, цртеж на Микеланџело. Колона имала приближно 50, а Микеланџело 65 за време на цртежот.
Виторија Колона
Насловната страница на поезијата на Колона од 1559 година.

Биографија

Колона била родена во Марино, во 1492 г., во семејството Колона во близина на самиот град Рим. Таа била ќерка на Фабрицио Колона, прочуен полицаец на Неаполско Кралство и на Ањезе да Монтефелтро којашто била ќерка на Фредерико да Монтефелтро. Таа била свршена во 1495 на 3-годишна возраст со „Феранте“ односно Фернандо Франческо д'Авалос, син на маркезинот ди Пескара, поради инсистирање на кралот Фердинанд на Неапол.

Во 1501 г., имотот и земјата на семејството на Колона бил запленат од страна на папата Александар VI, па семејството морало да се пресели во Искја, домот на свршеникот на Колона. Во Искја, Колона добила хуманистичко образование за уметност и литература од Костанца д'Авалос, тетката на нејзиниот свршеник. Нејзината рака ја барале многу дворјани, вклучувајќи ги и војводите од Савој и Браганца, но таа го одбрала Д'Авалос за нејзин сопруг на островот Искја, на 27 декември 1509 г. Таму, Виторија станала дел од кнежевството на Костанца д'Авалос, војвотката од Франкавила, тетка на нејзиниот сопруг.

Парот живеел заедно во Искја до 1511 година, кога сопругот го понудил својот меч на Лигата против Французите. Бил заробен во 1512 г. во битката кај Равена, и бил пренесен во Франција. За време на притворот и долгите години што следеле, Колона и д'Авалос се допишувале во проза и во стих, но преживеало само едно поетско „Послание“ до нејзиниот сопруг. Џозеф Гибалди согледал дека песната на Виторија до Феранте е директна имитација на Хероидите од Овидиј каде што познатите антички жени, Дидо и Медеја упатуваат поплаки до своите отсутни љубовници. Колона го минала летото во 1525 г. во замокот на својот татко во Марино и таму се разболела. Тогаш таа таму добила копија од Книгата на дворјанинот на Балдесаре Кастиљоне, која таа ја циркулирала низ Неапол.

Живот како вдовица (1525–1547)

На 3 декември 1525 г., Фернандо умрел во Милано од своите рани што ги добил во битката кај Павија. Колона, која брзала да го чува својот сакан, ја примила жалната веста за смртта во Витербо. Таа застанала со патувањето, повлекувајќи се во црквата Сан Силвестро во Рим, каде што имало манастир од Редот на Санта Кјара. Нејзиното барање да влезе во манастирот како дел од него било одбиено од папата Климент VII и од братот Асканио, потоа враќајќи се во Искја, таму останала неколку години. Абигејл Брундин ги откри намерите на Клемент и Асканио за одбивањето на барањето на Колона дека тие се надевале на иден брак за да се создадало уште еден посакуван политички сојуз. Меѓутоа, таа одбила и тотално се посветила на пишувањето поезија.

Наследство

Иако се верувало дека поезијата на Виторија Колона излегла од мода по 16-тиот век, нејзината поезија оттогаш започнува да се реобјавува, често во повеќе изданија. Се покажало дека нејзината поезија го инспирирала шпанско-неаполскиот поет Франциско де Алдана за неговите дела.

Современи изданија

  • Летај не премногу високо Сонети на Габриел де Коињар и Виторија Колона во превод на Џон Галас, Контемплативна поезија 6 (Оксфорд: SLG Press, 2022)

Наводи

Tags:

Виторија Колона БиографијаВиторија Колона Живот како вдовица (1525–1547)Виторија Колона НаследствоВиторија Колона Современи изданијаВиторија Колона НаводиВиторија КолонаБлагородништвоИскјаМикеланџело БуонаротиНеапол

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ДевојкаДувачки инструментМакедонски ораПол ДиракДраган МијалковскиРак (болест)БахреинСписок на главни градови во светотСрбијаКронова болестИндијаИсторија на ЕвреитеПротеомикаСублимацијаМочуриштеСтарословенска азбукаТитан (месечина)Белото ЦиганчеМрзнењеАцо ШоповИзборна единица 7Ѓорѓи АбаџиевМедицинаЗНАМРевизор (комедија)Ахеменидско ЦарствоТалат ЏафериАнета МицевскаХомерДишен системМагнетна резонанцијаГихтБруто-домашен производЕнзимПеперугиБактерииСамоилово ЦарствоНародна банка на Република МакедонијаСписок на реки во МакедонијаБиосферен резерват на пеперугата монархПостмодернизамПетроградски расказиВид (биологија)БерлинПремиер на МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2006)ШизофренијаБосна и ХерцеговинаТранслитерација на македонското писмоИсус ХристосЕдгар Алан ПоСтрадањата на младиот ВертерМарко Цепенков1275БарселонаПипи Долгиот ЧорапПетар Поп АрсовХидростатикаМакедонски хумористични народни приказни (книга)Земја (планета)ЗвукПарацетамолЃорге ИвановМариборЈован I ЦимискијСилаГликемијаКир ВеликиОдбојкаПроста реченицаВселенаИнтернетЈоаким КрчовскиСобрание на МакедонијаАнтоан де Сент ЕгзипериМарфанов синдромСкопје🡆 More