Вера Ацева

Вера Ацева - Доста (Ореовец (Прилепско), 24 ноември 1919 - Скопје, 10 ноември 2006) — македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија, прогласена на 29 ноември 1953 година.

Вера Ацева
Вера Ацева
Роден на 24 ноември 1919
Роден во Ореовец (Прилепско),
Починал на 10 ноември 2006 (87 год.)
Починал во Скопје,
Професија работничка

Член на КПЈ од 1940.

Функција Градоначалник на Скопје
Мандат 1948
Претходник Душко Лукарски
Наследник Аспарух Каневче

Помеѓу двете светски војни

Поради лошата материјална состојба, Ацева е принудена да го прекине образованието по завршувањето на втор клас гимназија и да се вработи. Работела во тутунската индустрија.

На работничкото движење му пристапува на 16 години. Станува член на КПЈ на почетокот на 1939 година. Во септември 1940 година, на Покраинската конференција, е избрана за член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Од септември 1940 до ноември 1941 година е секретар на Месниот комитет во Прилеп. Во ноември 1941 година таа заминува во Скопје и ја презема функцијата член на ПК на КПЈ.

НОВ

Ацева била еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди. На почетокот од 1942 година работи во ПК КПЈ во Скопје, а потоа е партиски инструктор во Струмица, Битола и Штип. Во август 1943 година станува комесар на Шарскиот партизански одред, а кога на 11 ноември 1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада, Ацева е избрана за заменик-политички комесар. На таа функција е до јануари 1944 година кога станува политички секретар на Третиот и на Четвртиот областен комитет на КПМ. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избрана во неговиот Президиум.

По ослободувањето

Вера Ацева 
Вера Ацева заедно со жени-народни херои кај претседателот Јосип Броз Тито, 1955

По ослободувањето Ацева врши повеќе раководни функции. Во 1948 била Градоначалник на Град Скопје. На Петтиот конгрес на КПЈ во јули 1948 година е избрана во Централниот комитет на КПЈ.

Во март 1949 година, при реконструкцијата на Владата на НРМ, е избрана за министер за земјоделство. Во Владата од 1951 година е избрана за министер - претседател на Советот за народно здравје и социјални грижи. Избрана е за член на Извршниот совет од февруари 1953 година, од декември 1953 година и од 1958 година. На 27 септември 1960 година е разрешена од должноста претседател на Републичкиот Совет за социјална политика и комунални прашања. Потоа била член на Сојузниот извршен совет. Била пратеник во повеќе свикувања на Собранието на НРМ и на СФРЈ.

Во 1960 година Ацева доаѓа во судир со тогашниот секретар на Сојузот на комунистите на Македонија, Лазар Колишевски, обвинувајќи го дека заедно со Видое Смилевски - Бато ги донесува одлуките надвор од Извршниот комитет на СКМ. На седницата од 18 октомври 1960 од Белград доаѓа Александар Ранковиќ, кој застанува на страната на Колишевски. Ацева е принудена да се повлече и е преместена на работа во Белград.

Во 1991 година ја објавува својата книга „Писмо до Светозар Вукмановиќ – Темпо“.

Документи

Наводи

Tags:

Вера Ацева Помеѓу двете светски војниВера Ацева НОВВера Ацева По ослободувањетоВера Ацева ДокументиВера Ацева НаводиВера Ацева10 ноември1919200624 ноемвриНОБНароден херој на ЈугославијаОреовец (Прилепско)Скопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ГоведарствоЛавВитамин Б6МилениумStaphylococcus aureusБалкански војниКактусиЕгипетИсторијаМомче во пижами со риги (филм)РамазанСписок на држави во светотБалетИсламПеперугиОвен (хороскопски знак)Правопис и правоговор на македонскиот јазикЦар Едип (драма од Софокле)СкопјеСидЈугославијаНалеј, налејАлиса во земјата на чудатаБакрописОлимписки боговиБалкански рисСписок на македонски филмовиГевгелијаХипофизаВаско ЃурчиновскиМакедонски месециКиселинаТурцијаЖивотна срединаТом СоерАтомАтрибут во македонскиот јазикСедум смртни гревовиДевица (хороскопски знак)Кајмак (филм)Земјоделство во МакедонијаВатиканЕп за ГилгамешФинскаСтара скопска чаршија27 мартАдријана АцевскаМалтаМакедонски денарГаличка свадбаБакарТуберкулозаГонорејаЗуица ЛазоваДимитар Поп-Георгиев БеровскиБоров четникБигорски манастирМакедонски народни инструментиДржаваСтрумицаТартифЈоаким КрчовскиПијаноМетодија Андонов-ЧентоГуливеровите патувањаОхридско ЕзероАнгелот на Света СофијаФарски ОстровиАнета МицевскаСтобиПјацаМакедонски дел од пеколотДаме Груев2BonaФлебитисСмрт во ВенецијаФудбалска репрезентација на Фарски ОстровиСекула Пупиновски🡆 More