Бирино: село во Општина Крушево, Македонија

Бирино — раселено село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.

Бирино
Бирино: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото

Бирино во рамките на Македонија
Бирино: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Бирино
Местоположба на Бирино во Македонија
Бирино на карта
Координати 41°18′42″N 21°16′10″E / 41.31167° СГШ; 21.26944° ИГД / 41.31167; 21.26944
Регион Бирино: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Бирино: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Крушево
Население 0 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7550
Повик. бр. 048
Шифра на КО 16004
Надм. вис. 970 м
Бирино на општинската карта
Бирино: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Бирино во рамките на општината
Бирино: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Бирино на Ризницата

Потекло и значење на името

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Бирино во XVI век (1568-69 г.). Се претпоставува дека доаѓа од личното име Биро, чиј корен „бир“ означува дете или син. Со оглед на староста на името, може да се претпостави и дека доаѓа и од архаичното бир што означува давачка на свештеник или манастир.

Географија и местоположба

Бирино: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Општина Крушево, во пазувите на Бушева Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 970 метри. Од градот Крушево е оддалечено 12 километри. До него се стигнува по земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 1306 кај вртењето за Мечкин Камен.

Бирино е особено планинско село, сместено на работ на Пелагонија. Околни места се Крушево, Свето Митрани, Врбоец, Пресил, Острилци и Журче (Железник). Во Бирино се наоѓаат три чешми: Кала, Мазна и Камен. Околу селото се наоѓаат изворите: Манастирска Чешма, Езериште, Голема Ливада, Дичоа Чешма, Крајин Дол и други.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Голем Дол, Стрчи Нога, Бука, Мазна, Чобаница, Митро Долче, Шипје, Сирмина Нива, Овезиште, Чаир, Средни Дол, Кочоа Нива, Дупка, Долна Чобаница, Царско, Турти, Лунги, Два Даба, Мали Ливади, Задкамен, Котари, Над Црква, Клен, Крвајца, Дере, Горно Бирино и Попојца.

Селото е мало и не се дели на маала.

Историја

Бирино: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Четата на Питу Гули крај Бирино во 1903 година

Бирино се смета за старо село. По народната традиција, тоа најпрвин било мало словенско село. Во втората половина на XVIII век се доселила една група Власи од некои места во Јужна Албанија. Оттогаш селото станало мешовито, влашко-македонско село. Власите во Бирино се занимавале со сточарство, одгледувајќи овци и коњи. Имало и занаетчии помеѓу Власите (ковачи и калајџии).

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Брина и имало 30 семејства и 2 неженети, сите христијани.

До средината на XIX век, Бирино се зголемило на 120 куќи („големо како град“). Околу сто куќи биле влашки, а само дваесетина биле македонски. Поради големината тоа се поделило на Долно и Горно Бирино. Долно Бирино е местото на денешното село, кое имало околу 100 куќи и 20 дуќани (претежно ковачници). Селото имало и свој пазарен ден, поради што денес една круша на сретселото се нарекува Пазарска Крушка. Горно Бирино со 20 домаќинства се наоѓало еден километар северно од Долно Бирино, каде денес меѓу нивите се наоѓаат остатоци на куќи и бунари.

Потоа селото било уништено при зулум на намножените Арбанаси од пониските околни села: Пресил, Врбоец и Света. Иселените биринци главно живеат во Крушево, додека некои заминале во Прилеп и во околните села.

По раселувањето на селото, атарот го држеле некој бег од Дебар и Власите населени во Крушево. Синот на бегот, кој ја наследил шумата и имотот од атарот ги продал на крушевските Власи. Тие го користеле имотот во Бирино како испаша, ја сечеле шумата и имале мал број на Македонци, кои им работеле. Така, селото започнало полека да се обновува кон крајот на XIX век. По Првата светска војна врз основа на аграрната реформа, земјата им припаднала на затекнатите селани.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 6,1 км2.

Население

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бирино се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 7 куќи.

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194856—    
195362+10.7%
196161−1.6%
197113−78.7%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Селото е наполно раселено по 1971 година, кога што броело 13 жители, македонско население.

Според последниот попис од 2002 година, во селото Бирино немало жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 56 62 61 13 0 0 0 0 0

Родови

Бирино било македонско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година родови во селото се: Талевци (1 к.), доселени биле кон крајот од XIX век од некое село во Железник; Андреевци (1 к.), доселени биле од селото Селце, таму им била изгорена куќата. Во Селце припаѓале на родот Стевановци; Мицковци (2 к.), доселени биле пред крајот на турското владеење од селото Горно Дивјаци; Крстевци (1 к.) и Марковци (2 к.), доселени биле во 1928 година од селото Острилци; Јошевци (1 к.), доселени биле во 1942 година од селото Острилци, таму им биле род Марковци; Ѓурчиновци (1 к.), доселени биле во 1943 година од селото Годивје, Дебрца.

Иселеништво

Од биринските влашки иселеници во Крушево потекнуваат родовите: Куртевци, Ничовци, Мицковци, Моцани и други. Од Куртевци во Бирино има околу 15 гроба. Во Прилеп од Бирино е родот Тофовци.

Понови иселувања од селото се Ичкобиловци (3 к.) живеат во Локвени, Биринци (3 к.) и Јовевци (3 к.) живеат во Врбоец, Огњановци (1 к.) живеат во Милошево и Трајкоски (1 к.) живеат во Пресил.

Општествени установи

Бирино: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Поранешното основното училиште
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Бирино било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Крушевска градска општина, во која влегувале градот Крушево и селата Бирино и Острилци.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1199 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Свето Митрани.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 301 гласач. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 303 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Бирино: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Илија“
    Цркви

Во минатото постоеле две цркви, кои биле срушени при раселувањето на селото. Првата се наоѓала на патот за Свето Митрани (месноста Влашка Црква), каде се забележуваат надгробни плочи, додека другата црква била во самото село (Долно Бирино) и истата била обновена при враќањето на македонското население.

    Манастири

Личности

    Родени во или по потекло од Бирино

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Бирино Потекло и значење на иметоБирино Географија и местоположбаБирино ИсторијаБирино СтопанствоБирино НаселениеБирино Општествени установиБирино Самоуправа и политикаБирино Културни и природни знаменитостиБирино ЛичностиБирино ГалеријаБирино НаводиБирино ПоврзаноБирино Надворешни врскиБириноКрушевоОпштина Крушево

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Злосторство и казнаАлександар Сергеевич ПушкинОпштина ЗелениковоОпштина КончеКорозијаСедум смртни гревовиХромозомГерманијаСписок на реки во МакедонијаОлимписки боговиОпштина ЛипковоПсоријазаРоманијаВикинзиДаунов синдромТашмаруништаСкржавецот (Плавт)ФолклорРаички манастирСјогренов синдромОбновливи извори на енергијаВасил ИљоскиСкопско КалеМакедонска граматикаЦрвени крвни зрнцаЕрусалимИзборни единици во МакедонијаКонтинентЕнергијаБезовоКоличникАли АхметиКиселинаХороскопски знациТалат ЏафериКрвСтранствувањето на Чајлд ХаролдГорјан ПетревскиПрисовјаниДрогаКиро ГлигоровДрагана МирковиќГравитацијаФашизамСписок на главни градови во ЕвропаДен на шегатаРимЏек ЛондонМарко ЦепенковИзборна единица 2ХипотироидизамТромбоцитопенијаGmailКралот ЛирГоран СтефановскиРакометПредмет (граматика)МоливОдбојкаСтара скопска чаршијаЕпилепсијаЛожаниДаниел ДефоЕгејска МакедонијаМинато определено несвршено време во македонскиот јазикВилијам ШекспирГихтСрпска кирилична азбукаЗНАМЕлектронска цевкаКирхофови закони за струјното колоКалеш АнѓаПискупштинаПаризОпштина ДебарВија Егнација🡆 More