Бенџамин Бритен

Едвард Бенџамин Бритен, Барон Бритен (англиски: Edward Benjamin Britten, Baron Britten; 22 ноември 1913 – 4 декември 1976) — англиски композитор, диригент и пијанист.

Бил значаен деец во британската музика на XX век. Напишал музика во многу жанрови, од музика за филм до опера. Меѓу неговите најпознати дела се издвојуваат „Питер Грајмс“ (Peter Grimes, 1945) „Воен реквием“ (War Requiem, 1962) и „Водич низ оркестарот за младите“ (The Young Person's Guide to the Orchestra, 1945).

Бенџамин Бритен
Бенџамин Бритен во 1960-тите

Роден во Лоустофт, Сафолк како син на стоматолог, Бритен покажува исклучителна надареност уште од рана возраст. Неговото прво јавно изложување е со хорското акапелно дело „Се роди машко дете“ (A Boy Was Born) од 1934 година. Со премиерата на „Питер Грајмс“ во 1945, се стекнува со меѓународно признание и слава . Во наредните девет години, пишува шест опери, станувајќи еден од водечките композитори на опери на XX век.

Бритен се интересира за најразлични форми, создавајќи важни оркестарски, хорски, гласовни (повеќето од нив напишани за неговиот животен партнер, тенорот Питер Пирс), камерни и инструментални, како и музика за филм. Тој покажува огромен интерес во компонирањето на музика за деца и аматерски изведувачи и бил истакнат пијанист и диригент.

Заедно со Пирс и либретистот и продуцент Ерик Крозиер, Бритен го основа Алдебуршкиот музички фестивал и е одговорен за градењето на концерниот дом „Снејп Малтингс“.

Во 1964 г. бил назначен за странски член на Српска академијата на науките и уметностите (САНУ)

Наводи

Надворешни врски

Tags:

1913197622 ноември4 декемвриАнглиски јазикДиригентКомпозиторПијанист

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Хепатит ЦРамнокрак триаголникУкраинаЧовекРак на грло на маткаОпштина БитолаВилијам ШекспирАнтибиотикКоле ЧашулеТимчо МуцунскиЕнциклопедијаЦар Едип (драма од Софокле)Список на повикувачки броеви на земјитеОбединети за МакедонијаОпштина ЖелиноПреспански договорЈапонијаАнална фисураВилма ТрајковскаСардинијаСтругаМакедонски парламентарни избори (1986)КавалРак на белите дробовиЖирафаОче нашПолитика на МакедонијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЉубиша ГеоргиевскиЕмил ДимитриевНаселениеВртоглавицаВооружена престрелка во Куманово (2015)ДемократијаГевгелијаТелефонАли АхметиЖолто МореСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаВодаОпштина БрвеницаНационални паркови во МакедонијаЈане СанданскиАлопецијаЕгејска МакедонијаОпштина ВрапчиштеСрцева слабостЛазарова саботаТалофитГрегоријански календарМакедонски парламентарни избори, 1994Никола Димитров (дипломат)КирилицаЉубомир ГајдовТурпијаПрва влада на Зоран ЗаевРаковиДојранско ЕзероГерманијаПресметување на датумот на ВелигденНезависен политичарНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаСписок на градови во МакедонијаСписок на птици во МакедонијаГраѓанска опција за МакедонијаИсламизацијата во МакедонијаПавле АрсоскиХоландијаОливер СпасовскиМакедонски јазикПолип на маткатаДемократски сили на РомитеМовТоше ПроескиК-15🡆 More