Белотино: село во Општина Струмица

Белотино — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Белотино
Белотино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Белотино во рамките на Македонија
Белотино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Белотино
Местоположба на Белотино во Македонија
Белотино на карта
Координати 41°26′2″N 22°32′43″E / 41.43389° СГШ; 22.54528° ИГД / 41.43389; 22.54528
Општина Струмица
Население 13 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 27007
Надм. вис. 518 мнв м
Слава Свети Ѓорѓи
Белотино на општинската карта
Белотино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Белотино во рамките на општината
Белотино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Белотино на Ризницата

Географија и местоположба

Белотино се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 16 километри. Надморската височина во селото е 518 метри а површината на селото изнесува 808 ха.

Белотино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Црква „Св. Ѓорѓи“
Белотино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Белотино
Белотино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Селска чешма
Белотино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Чешма на излезот од селото

Селото се граничи со Вељуса, Водоча, Попчево, Рич, Башали, Плавуш.

Историја

Османлиски период

За името на селото се споменува една легенда. Според неа, во селото Градец (денеска напуштено) живееле тројцата браќа Андон, Митко и Трајко заедно со својата сестра Тина која била млада и убава. Убавата Тина еден ден сакал да ја грабне тамошниот бег. Браќата за да ја заштитат морале да побегнат од селото и преку планина се населиле на местото каде денеска се наоѓа Белотино. Во чест на нивната сестра Тина и ден денеска ова село се нарекува Белотино - по бела Тина како на галено ја нарекувале.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Белотино се состоело од 12 семејства и 45 жители Македонци Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Белотино имало 78 жители Македонци.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 72 Македонци и работело егзархиско училиште.

Во селото имало комитет на ВМРО, основен кон крајот на 1909 година од Христо Чернопеев, Михаил Думбалаков, Константин Самарџиев и Кочо Хаџиманов. Во текот на Балканските војни селото било ослободено од страна на четите на Михаил Думбалаков и Кочо Хаџиманов.

Југословенски период

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС и подоцна Кралство Југославија. На 22 март 1922 година од страна на ВМРО биле организирани атентати врз српската полиција, од кој напади загинале десетина полицајци.

Во почетокот на септември 1944 година, во селото бил формиран народноослободителен одбор, додека во селото претходно бил формиран и Главен штаб на НОВ.

Стопанство

Претежно занимање на населението е земјоделство и сточарство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 40 ха.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948178—    
1953197+10.7%
1961175−11.2%
1971127−27.4%
198160−52.8%
ГодинаНас.±%
199151−15.0%
199440−21.6%
200229−27.5%
202113−55.2%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 29 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 12 Македонци и 1 лице без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 78 72 178 197 175 127 60 51 40 29 13

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1769 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 14 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Личности

    Починати во Белотино
  • Вангел Митев Костадинов (1893 - 1921), деец на ВМРО
  • Лазар Атанасов (1898 - 1921), деец на ВМРО

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Белотино Географија и местоположбаБелотино ИсторијаБелотино СтопанствоБелотино НаселениеБелотино Самоуправа и политикаБелотино Културни и природни знаменитостиБелотино ЛичностиБелотино НаводиБелотино Надворешни врскиБелотиноОпштина СтрумицаСтрумица

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Партија за движење на Турците во МакедонијаСтевчо ЈакимовскиКорозијаИменкаЕлена ЗагорскајаЧовекХеродотБарешаниБор (град)Список на државни знамињаНикола ТеслаБели мугриОпштина БеровоМали ВлајДобовјаниРомантизамПолицијаОтоманска МакедонијаОбновливи извори на енергијаДенес над МакедонијаБескрајна приказнаИзборна единица 9ЗемјотресГлаголЃомлезеГаличицаКорошиштаПанкреасКирил ЛазаровТетовоГолеми и мали (роман)ОдбојкаЦрн дробГоран СтефановскиАлгиПридавки во македонскиот јазикМозокФолклорПрилепТелефонЗанаетОпштина КумановоПере ТошевСтале ПоповМакедонски парламентарни избори (2024)Странствувањето на Чајлд ХаролдДраслајцаОпштина ВрапчиштеПраисторијаБолести и аномалии на очитеЦрвен крст на МакедонијаДен на шегатаПротестантствоДишен системРепродуктивен системДувачки инструментТуризамКатица ЌулавковаРакометМатичен млечЕлектричен отпорСврзникКомпасИзраелСписок на главни градови во светотМагнетна резонанцијаЧленконогиАлан Маркес ЛоуреироМРП вакцинаДебело цревоСузан АкбелгеДаут-пашин амамХидроксидСрцеЕрман ШабанМакедонциМесечинаЧинови на Армијата на МакедонијаОвчи сипаници🡆 More