Александар Станишев

Александар Димитров Станишев (бугарски: Александър Димитров Станишев) (15 декември 1886, Кукуш, Егејска Македонија - 1 февруари 1945, Софија, Бугарија) бил бугарски лекар, научник и политичар, роден во Македонија.

Александар Станишев
Александар Станишев

Животопис

Средно училиште завршува во Солун. Студирал природна историја во Софија (1904-1905), а потоа завршил на Медицинскиот факултет во Минхен, Германија (1905-1910). Работи како асистент во Универзитетската хируршка клиника во Минхен и во болници во Берн и Ландау (1910-1912). Во Балканските и Првата Светска воjна учествувал како хирург во бугарски воени болници во Тракија и Македонија.

Станишев специјализира во Хајделберг и Минхен (1919-1920). Од 1920 година е доцент на Катедрата по клиничка хирургија на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет, а од 1923 година е редовен професор на истата катедра. Основач е и прв директор на Хируршката клиника во Софија. Декан е на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет (1930-1931, 1937-1938), а подоцна - ректор на Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски" (1938-1939).

Александар Станишев e добитник на многу меѓународни признавања. Во 1935 година е одбран за член, а во 1938 г. за потпретседател на Меѓународната хируршка академија во Женева. Од 1939 година е почесен член на Универзитетот во Хамбург, а следната година е прогласен и за почесен доктор на Берлинскиот универзитет.

Политичката деjност на Александар Станишев е поврзана со борбата за ослободувањето на Македонија од српско и грчко ропство, со крајна цел нејзино припојување кон Бугарија, а потоа и со окупацијата на Македонија од страна на прохитлеровскиот режим на Бугарија во Втората светска војна. Од 1 јуни до 2 септември 1944 година е министер за внатрешни работи и здравство на Бугарија. По промените во Бугарија на 9 септември 1944 е осуден на смрт од таканаречениот Народен суд и на 1 февруари 1945 г. е стрелан заедно со други интелектуалци поврзани со политичкиот живот на Бугарија за време на Втората светска војна.

Творештво

Професор д-р Александар Станишев е автор на преку 50 научни дела од областа на хирургијата на различни јазици - бугарски, германски и други. Од објавените на бугарски јазик наjзначаjни се:

  • „Самостојно движење на вештачката рака. Заубербахова операција, сопствена метода и техника на протезата" (Софија, 1919)
  • „Пластично обновување на горната усна преку пресадување на долната" (Софија, 1924)
  • „Лекции" (Софија, 1924)
  • „Хирургија. Лекции" (Софија, 1942)

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Александар Станишев ЖивотописАлександар Станишев ТворештвоАлександар Станишев НаводиАлександар Станишев Надворешни врскиАлександар Станишев1 февруари15 декември18861945БугаријаБугарски јазикЕгејска МакедонијаКукушМакедонија (регион)Софија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Фудбалска репрезентација на Црна ГораГлаголицаДелењеРисто СамарџиевЏузепе ВердиНегушко востаниеОнлајн казиноДимитар СолевСврзникСрбијаЗбунети годиниЉубен АпостоловСтудени нозеСписок на реки во МакедонијаСулејман ВеличествениотМакедонски парламентарни избори (2020)20000 милји под моретоЗевсЈован КотескиСупстанцаЗемјина атмосфераФудбалска репрезентација на Фарски ОстровиЧичко ГориоБлаже КонескиАнтибиотикЗора зад аголот (роман)Даниел ДефоПраисторијаМанастир (Габревци)Македонски денарБиблијаСкржавецот (драма од Плаут)Натриум хидроксидЛила СтојановскаПрограмирањеКрвен притисокПридавки во македонскиот јазикМакедонска револуционерна организацијаКамилиИсламСписок на кралеви на Античка МакедонијаРисто ШишковБургравиЕгипетСтрумицаЕзероТоплинаЃорѓи КолозовДаме ГруевПластикаДајреЗлосторство и казнаБруто-домашен производСашка ДимитровскаМитологијаДржавни празници во МакедонијаКлеопатраПравоаголникПовикот на дивинатаМакедонски АлбанциЦрни и жолтиСловенска митологијаСписок на султани на Османлиското ЦарствоМајка ТерезаТинитусШеќерна приказнаПолово пренослива болестКалендар на Велигденски датумиКристијано РоналдоКронова болестДимитар ВлаховФинскаСтудена војнаЛасерРелигија во Македонија2BonaТимпанЕп за Гилгамеш🡆 More