Љубка Рондова: бугарска пејачка од македонско потекло

Љубка Рондова (бугарски: Любка Рондова) е бугарска пејачка на народни песни од Бугарија.

Љубка Рондова
Љубка Рондова: бугарска пејачка од македонско потекло
Родена 24 август 1936
Шестево (Егејска Македонија), Грција
Починала 15 март 2016
Софија, Бугарија

Животопис

Родена е во костурското село Шестево во 1936 година. Во 1948 година, за време на Грчката граѓанска војна, влегува во групата на таканаречените деца-бегалци, со кои е изнесена од комунистичките партизани надвор од земјата. Живее во Полска и Чешка. Завршува словенска филологија на Карловиот универзитет во Прага. Зборува неколку странски јазици. Во 1960 година семејството на Љубка се преселува во Бугарија и таа работи како туристички водич, преведувач, уредник и служител во оддели за култура во различни организации.

Нејзиниот сериозен пат на народна пејачка започнува по преселувањето во Софија, кога се зачленува во најстариот ансамбл во Бугарија за народни песни и танци „Гоце Делчев“. Во него останува 30 години, каде долго време е солистка и лицето на ансамблот. Нејзиниот репертоар е изграден врз основа на песни, наследени од мајка и и баба и а ги усовршува и своите изведувачки способности.

Во 1980 година, ги прави првите записи во бугарското радио, а потоа и во Балкантон, Бугарската телевизија, Радио Благоевград. Тие се тиражирани на голем број грамофонски плочи, аудио и видео албуми.

Во 2000 година, е издаден нејзиниот прв албум на компакт диск „Смилјана“. Во него се вклучени 22 најпопуларни и омилени песни од целото нејзино 40-годишно музичко наследство. Во 2003 година, излегува и нејзиниот втор компакт диск „Песните се моите деца“, во кои се вклучени 15 потполно нови исполнувања. Од нив 9 стари автентични песни од нејзиното родно Костурско и 6 авторски.

Сѐ до нејзината смрт Љубка Рондова продолжува да открива и запишува автентични народни песни.

За нејзиниот придонес во развојот и популаризирањето на бугарската култура, на 22 мај 2002 година Љубка Рондова е удостоена со орден „Стара планина“. Таа е носител на орден „Кирил и Методиј“ II степен и златен медал „Петко Војвода“.

Надворешни врски

Наводи

Tags:

БугаријаБугарски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Филип II МакедонскиПлаошникStaphylococcus aureusИндијаКоста ВујиќИлинденско востаниеСписок на претседатели на САДСписок на држави и територии во ЕвропаПартија за демократски просперитетТајна вечераВенко ФилипчеРоманијаВаландовоЧовечко телоОпштина ОхридМали сипанициАртан ГрубиПукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во БелградМаргаринПреспанско ЕзероЗаушкиМендух ТачиМагарешки трнМантовоЗдравецЕвреиСмрт и погреб на Јосип Броз ТитоВаландовска афера од 1915 годинаМакедонски претседателски избори, 1994Македонски парламентарни избори (1998)Исус ХристосЦветнициАвстријаМакедонски парламентарни избори (2008)Димитрија Диме НикодиноскиОпштина РесенДојранско ЕзероВинландВселенски туризамБигорски манастирСвети Наум Охридски ЧудотворецМакедонска азбукаЈарец (хороскопски знак)Знаме на МакедонијаМакедонски БродУдовоПоштенски броеви во МакедонијаШпанијаКошаркаОпштина СтругаСловенијаКонтинентЛарингитисЦрна ГораВелики понеделникЦрква „Св. Пантелејмон“ - Горно НерезиКочо РацинГоце ДелчевОслободителна народна армијаКоцкаИзраелИзборна единица 8СтрумицаХазби ЛикаПетровденМакедонија во Втората светска војнаАвстралијаОсоговски манастирЈоаким КрчовскиКрвен притисокЉупчо ГеоргиевскиЗемји членки на Европската УнијаМалтаСветско населениеИнтеграБогородицаМакедонски претседателски избори (2009)Дарио Ивановски🡆 More