Епитет

Епитетот граматички гледано, скоро секогаш е придавка, или повеќе придавки придодадени кон именката.

Епитетот се употребува за сликовито да се истакне некое својство на предметот. Има повеќе видови на епитети. Генерално тие се делат на живи, неживи или мртви и постојани.

Фигури
Фигури на значењето (тропи)
  • Тропи на зборовите
Фигури на формата

Живи епитети

Живи епитети се нарекуваат оние епитети со кои се постигнува силен поетски ефект. Тие се разликуваат од другите епитети по тоа што не се таму единствено да го опишат простиот надворешен изглед на именките, туку да придонесат кон поголема сликовитост. Затоа уште се нарекуваат и украсни епитети. Мора да постои некаква сличност помеѓу живиот епитет и реалните особини на именката (оригиналниот мртов епитет).

Пр.

    Наместо да кажеме „црвено јаболко“, велиме „крваво јаболко“ и сл.

Мртви епитети

Кога велиме за јаболкото дека е црвено, наместо крваво, сме употребиле т.н. мртов епитет. Познати се уште и како прозни епитети поради фактот што почесто ги наоѓаме во прозата отколку во поезијата. Овој вид на епитети се претставени со вообичаени чести придавки. Овие епитети се употребуваат само за да се даде прост опис на именката, без да се добие некој друг посилен емоционален ефект.

Пр.

    Кога наместо да кажеме „гневно“ или „бесно“ море, велиме едноставно „немирно“ море, тоа е мртов епитет

Постојани епитети

Покрај овие два вида на епитети постојат уште итн. постојани епитети. Тие се нарекуваат постојани зашто многу често, скоро секогаш ги среќаваме во литературата, со соодветната именка. Затоа уште се наречени и „клиширани“ епитети. Најчесто ги среќаваме во народната поезија.

Пр.

    „поле шарено“, „гора зелена“, „бисер-грло“ итн.

Tags:

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Тибо КуртоаОслободителна народна армијаОпштина ГостиварАнета МицевскаЛиберална партија (Македонија)Дел-реченицаСлобода или смртБубрежна инфекцијаШишевоЉубомир ГајдовНационален парк Шар ПланинаБошко СмаќоскиГрегоријански календарКиро ГлигоровТеута АрифиМакедонска граматикаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаЦентар ЖупаФК Реал МадридХристо ТатарчевВилма ТрајковскаИсландЛазар КолишевскиБалкански ПолуостровИмер СелманиСоцијализамСписок на македонски зборови од турско потеклоПоштенски броеви во МакедонијаВасил ИљоскиСиријаАнтарктикКумановоБитка во АрачиновоДемократска унија за интеграцијаМарија КириЗајасСеверна АмерикаНова алтернативаТристан и ИзолдаПетар ПанНаполеон БонапартЕрих КестнерУд (македонски)Катица ЈаневаМагнетПрва светска војнаНационален парк ГаличицаВласите во ГрцијаМакедонски парламентарни избори (2006)Шармери од осмоВардарХемороидЖивотниОпштина ДојранБиљал КасамиТодор АлександровСвети КирилАрбер АдемиНикола Димитров (дипломат)Глас за МакедонијаПавел ШатевИзборна единица 4Прва влада на Бранко ЦрвенковскиПроливНорвешкаМакедонски парламентарни избори (1998)Крива ПаланкаЃорѓија ПулевскиАрачиновоПневмонијаКавадарциДаниела ТемелковскаМакедонциЕгејска МакедонијаВесна БендевскаМомче во пижами со риги (филм)Жичени инструментиДанте АлигиериСам дома🡆 More