Автопат Тракија

Тракија (бугарски: Автомагистрала „Тракия“) е автопат во Бугарија, кој го поврзува главниот град Софија, преку Пловдив, со приморскиот град Бургас.

Автопатот е дел од европскиот транспортен коридор 4. Тој го носи името на областа Тракија низ кој минува трасата на автопатот.

Автопат Тракија
Сообраќајна карта на Бугарија.
Автопат Тракија
Автопатот „Тракија“ кај раскрсницата Вакарел-Панаѓуриште

Планираната должина на автопатот „Тракија“ e 360 километри, од кои на крајот на август 2012 година 326 километри се во експлоатација и 34 километри од нив се во градежништво. Трасата, што е во експлоатација е во два дела — првиот е од Софија до Стара Загора и вториот — од Бургас до Карнобат.

Историја

„Тракија“ е првиот автопат во Бугарија и има исклучително значење за економијата и транспортот во земјата. Во 1964 година е донесена одлука за нејзина изградба, како дел од патниот прстен во кој влегуваат уште автопатот „Хемус“ и „Црно Море“. Изградбата на автопатот започнала во 1973 година. До средината на 90-те години во употреба бил речиси целиот дел од Софија до селото Оризово. Во 2001 година бил пуштен во употреба патниот јазол Оризово, кој се совпаѓа со почетокот на автопатот „Марица“. Тој вклучува 4 км од автопатот Тракија и 5 км од автопатот Марица. Во следните 10 години биле извршени проектни истражувања на делниците 2, 3 и 4. Во јули 2000 година бугарската влада склучила финансиски договор со Европската инвестициона банка во вредност од 100 милиони евра, со кои би се изградиле делниците Оризово-Стара Загора и Карнобат-Бургас. Од бугарска страна пак, кофинансирањето изнесувало околу 140 милиони евра. Ако нема одложување во извршувањето на градежните активности на делницa 4, автопатот треба да биде конечно завршен во почетокот на 2013 година.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

АвтопатБугаријаБугарски јазикБургасГлавниот градПловдивСофијаТракија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Проста реченицаАлбанијаЗабГерманијаСлепо цревоЃорѓи КолозовБалетАутизамРК ВардарСврзникЗанаетчиство во Старата скопска чаршијаБела мечкаГевгелијаЕтанолЛалеПечалбариАвстралијаАпенински ПолуостровРепублика КосовоДокументарен филмБаснаСвињарствоПериоден систем на елементитеДимитар Поп-Георгиев БеровскиЦрква Света Софија (Истанбул)ЈагликиГенералот на мртвата војскаСписок на македонски филмовиТапаниБубрежна инфекцијаСмрт во ВенецијаПчеларствоБлаговештениеНАТОАртритисЧовечко телоСоветски СојузИндијаКонстантин МиладиновПипи Долгиот ЧорапЖолчкаПоштенски броеви во МакедонијаДишењеЕгејска МакедонијаЕден на ЕденАголГостиварИнфективна мононуклеозаСпоменка (книга)ТрубаДунавИсторијаЈапонофилијаСкржавецот (драма од Плаут)ВикиЛесновски манастирКрвен притисокПиколоМузеј на македонската борбаРенесансаВиолета ТомовскаХарфаМакедонски претседателски избори (2019)Пензиски системСекула ПупиновскиРомантизамЗлатна бубамара на популарностаМагнезиумСидСонЦрноризец ХрабарФудбалска репрезентација на Србија и Црна ГораСаксофонДанскаДискус хернијаКавадарциЛила СтојановскаНародна носијаМандолина🡆 More