Хералдика Подножје: елемент на грбот

Подножје или основа — елемент на грбот во хералдиката кој лежи под штитот и обично има облик на карпи, тревесто ритче или поинакво природно тло на кое се застанати штитодржачите.

Постои разлика помеѓу вистинските подножја и други предмети или мотиви ставени на тоа место. По традиција, подножјето го претставува имотот на штитоносецот. Како официјален дел од блазонот, овој елемент се јавува подоцна во историјата, често поради потребата од разни штитодржачи за различни семејства или друштва, иако понекогаш подножјето во блазонот се води засебно од штитодржачите.

Девиза (борбен повик)
Круна
Орден
Чесни фигури
обични
фигури
Грб
Елементи на грбот

Background

Ако подножјето е споменато во блазонот, тоа сочинува дел од доделеното достигнување и претставува нераздоен дел од грбот. Доколку подножјето не е заведено во блазонот, одлуката за негово вклучување ја носи уметникот. Денешниот грб на Австралија обично се претставува на подножје од багремови гранки (државното растение), но сепак не е неисправно да се изостават гранките.

Украсното лисје или класје под или околу штитот не претставува подножје, дури и кога има официјална симболика и кога е изречно споменато во блазонот, како што е кај хералдички исправните грбови на општините во Македонија.

Единствени случи кајшто штитодржачите стојат на свиокот со гесло се грбот на Њу Џерси. и грбот на Холандија.

Вообичаена практика е кога еден грб добива штитодржачи, истиот да добие и подножје. Во ретки случаи, подножјето се доделува како подобрување. Подножјето без штитодржачи врз него е возможно, но практично непознато, со исклучок на Јужна Австралија.

Подножјето обично претставува некаков копнен или морски предел (кај шкотските главатари, тревест рид просеана со кланскиот цвет), и може да биде прилично сложено. Сложени примери особено наоѓаме кај поновите канадски грбови, како оној на Универзитетот на Северна Британска Колумбија, на кој Кермодова мечка и ирвас се застанати на шума, планински врвови и житно класје, сето над воибичаената хералдичка вода, која пак самата има кит-убиец како чесна фигура.

Разните географски подрачја се одразуваат во различни подножја: како подножје на грбот на Кенија е претставена планината Кенија а пак градот Арбелаес во Колумбија за подножје ја има Земјината топка.

Постојат и низа необични подножја. Здружението на универзитети и колеџи на Канада има четириаголник како подножје. Грбот на поранешниот совет на грофовијата Камберленд во Англија има ѕид, додека пак Канадската инженерска академија има мост преку вода. Грбот на главатарот на кланот Донохи има окован човек како подножје, а главатарот на Дандас има „дождовник во пламени јазици“.

Постојат и грбови каде како подножје се претставени интересни елементи од неевропско потекло; таков е грбот на градот Гизборн во Нов Зеланд, чие подножје е маорски воен чун „вака“.

Примери

Наводи

Литература

  • Fox-Davies, Arthur Charles (1909). A Complete Guide to Heraldry. London & Edinburgh: T.C. & E.C. Jack.
  • Woodcock, Thomas; Robinson, John Martin (1990). The Oxford Guide to Heraldry. Oxford [England]: Oxford University Press.

Tags:

Хералдика Подножје BackgroundХералдика Подножје ПримериХералдика Подножје НаводиХералдика Подножје ЛитератураХералдика ПодножјеБлазонГрбХералдикаШтит (хералдика)Штитодржач

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МРП вакцинаРоднински односиРиби (хороскопски знак)ЕлениДоста ДимовскаАли АхметиДраги КостовскиЃула ЧеснекиСписок со македонски музичариЛарингитисЦапариИшијасФотосинтезаНарушување на сонот30 априлЖивотниДолни ДисанÈ (кирилица)Кочо РацинНикола ТеслаМарија ШерифовиќВојо СтојановскиМладен КрстевскиСамовилското коњчеВагинален исцедокРобинзон КрусоЗнаме на ГрцијаЛионел МесиОбединети нацииЃокица ЛукаревскиАлбанијаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ПростатаСлепченски манастир (Демирхисарско)Борис ЧоревскиТома ЗдравковиќПридавки во македонскиот јазикКалиопиДарко ПанчевДедо Иљо МалешевскиГаличникЕгипетски пирамидиЦрква „Св. Троица“ - КумановоАлександар III МакедонскиСтрумицаБолести на белите дробовиФК ИнтерАнгиографијаОдбивање (физика)Ненад СтојановскиПченкаЈугославијаЈелена РозгаПоштенски броеви во МакедонијаПрва светска војнаКиро ДоневГолосеменициАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанПоткастГаврило ПринципВрањеМечкин лукХазби ЛикаСветлинаДуховденЖелезоКоле КанинскиКрвен притисокПневмонијаАмонијакСвети Наум (манастир)Големи и мали (роман)Светско населениеЛимфен системЦрн дробОпштина БитолаГустав Шваб🡆 More