Меѓународен Кривичен Суд За Поранешна Југославија

Меѓународниот суд за гонење на лица одговорни за сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право сторени на територијата на поранешна Југославија по 1991, вообичаено нарекуван Меѓународен суд за воени злосторства во поранешна Југославија е тело на Обединетите Нации воспоставено да ги гони прекршителите на хуманитарното право и обичаите на војување во конфликтите на територијата на поранешна Југославија.

Меѓународен Кривичен Суд За Поранешна Југославија
Зградата на Судот во Хаг, Холандија.

Воспоставен е со резолуцијата 827 на Советот за безбедност на ОН, по иницијатива на тогашниот германски министер за надворешни работи Клаус Кинкел. Составен е од комори, архива и обвинителство, и вкупно во него работат 1200 луѓе. За разлика од Меѓународниот кривичен суд и Меѓународниот суд на правдата, кои исто така се во Хаг, овој суд е поставен ад-хок, односно не е постојан. Планирано е да заврши со сите судења до 2009 година, а со сите жалбени постапки до 2010, и потоа да престане со работа.

Судот има јурисдикција над четири групи на криминал извршен во поранешна Југославија од 1991.:

    - тешки прекршувања на Женевските конвенции од 1949.,
    - прекршувања на законите и обичаите на војувањето,
    - геноцид и
    - злосторства против човештвото.

Судот може да суди само поединци, но не и држави или политички организации. Максималната казна што може да ја изрече е доживотен затвор. Разни земји имаат потпишано договори со ОН за спроведување на издржувањето на казните на осудените.

Познат е кај нас по тоа што голем број политички водачи од државите на поранешна Југославија завршија како негови осуденици, а од Македонија Љубе Бошкоски беше обвинет, суден и ослободен во 2008. за убиство на 10 цивили во с. Љуботен, Скопско. Неговиот соработник Јохан Тарчуловски е осуден во 2008. за истото дело на 12 години, но пресудата е во жалбена постапка.

Tags:

ЈугославијаОбединетите Нации

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Стража (превој)Македонска кујнаСкендербегРепублика КосовоСписок на главни градови во АвстралијаТрета влада на Никола ГруевскиШеријатМилибродХрватски месециВоденЅвезда од КутлешСтоле ПоповИзборна единица 5Убиства кај СмилковциИнтернационалаОпштина ИлинденМастурбацијаСписок на повикувачки броеви на земјитеАјртон СенаБлитваДесница (политика)Горан МинчевШпанијаИгор ДурловскиПавле АрсоскиМакедонски парламентарни избори (1994)Егејска МакедонијаФондација ВикимедијаТитаникСписок на планини во МакедонијаБитолаМакедонски АлбанциДраган ЏаиќХемороидМакедонски јазикЛила СтојановскаОпштина КумановоЦрква „Св. Спас“ - СкопјеВегетаРесенЗаушкиМакедонски парламентарни избори (2002)ЖивотниЕјакулацијаТалат ЏафериМатка (кањон)ИстанбулЗаздравување на ранаДебело цревоКамен мост (Скопје)ДрачМасакр кај ВејцеПелинцеМавровско ЕзероСолунски атентатиВрутокПирински МакедонциЦрн дробИзборна единица 2Автомобилски регистарски таблички во МакедонијаСписок на градови во ГерманијаМајка ТерезаКазахстанЃокица ЛукаревскиОпштина Македонски БродПрва влада на Зоран ЗаевЛавФлебитисМарко ЦепенковОхридско ЕзероЛеблебијаОпштина ГостиварПрва влада на Бранко ЦрвенковскиКамени КуклиКореницаОливер Спасовски🡆 More