Класификација На Почвите

Класификацијата на почвите е дел од педологијата во кој се опишуваат различните типови почви.

Меѓутоа, во светот не постои единствена и општоприфатена класификација на почвите. Заедно со меѓународниот (Класификација на почвите според ФАО и од 1998 наваму WRB), во многу држави се применуваат и национални системи за класификација на почвите, често основани на принципиелно различни приоди.

Во Македонија се користи усовршената и надополнетата класификација од 1972 година, изработена од А. Шкориќ, Ѓорѓи Филиповски и М. Ќириќ. Таа е прифатена од Југословенското друштво за проучување на почвите и е препорачана да се користи во педолошките истражувања кај нас.

Класификацијата од 1972 година

Класификација На Почвите 
Профил на подзолеста почва.
Класификација На Почвите 
Солена кора на површината од солончак (Австрија).

Овој класификациски систем е основан на одликите на самите почви, а не на надворешните услови на нивното образување. Овие одлики (физички и хемиски) се видливи и лесно мерливи:

  • Морфолошко-генетски: се зема предвид карактерот и распоредот на разните почвени хоризонти;
  • Генетско-еволуциски: почвите имаат способност под одредени услови да минуваат од еден во друг тип;
  • Производно-еколошки;
  • Влијание на човекот итн.

Оваа класификација се состои од шест единици: оддел, класа, тип, поттип, вариетет, форма. Притоа, одделот е највисока, а формата најниска единица.

Одделите се дефинираат врз основа на видот на влажењето (природно наводнување) на почвите, како и составот на водите со кои се наводнува почвата. Има четири оддели. Одделите се поделени на класи. Класите се дефинираат врз основа на генетско-еволуцискиот принцип, односно секоја класа се состои од типови на почви што претставуваат даден еволуциски стадиум и имаат ист распоред на хоризонтите во почвениот профил.

  • Автоморфни почви — природно се наводнуваат само со атмосферските врнежи. Тоа се релативно порозни почви, при што водата не се задржува долго време врз некој непропуслив хоризонт.
    • Класа со профил (А)-С: неразвиени автоморфни почви — опфаќа недоразвиени почви кај кои образувањето на хумусно-акумулативниот хоризонт е во својата почетна (ембрионална) фаза и се означува како (А). Доколку е под дејство на човекот, хоризонтот (А) се антропогениизра, односно се означува како Аp[а]. Се образуваат на различни геолошки супстрати, освен на современи речни, езерски и морски наноси. Тука припаѓаат почвените типови камењар, регозол, еолски песок, колувијална почва.
    • Класа со профил А-С: автоморфни хумусно-акумулативни почви — ова се почви со издиференциран типичен хумусно-акумулативен хоризонт А, кој преку еден преоден хоризонт АС или директно се граничи со матичниот супстрат С[б] или R[в]. Тука припаѓаат: варовничко-доломитна црница, рендзина, ранкер, црница (чернозем) и смолница.
    • Класа со профил А-(B)-C: камбични почви — се одликуваат со присуство на камбичен хоризонт (B), кој одгоре се граничи со хоризонтите А или О, а оддолу со матичниот супстрат С или R. Ги вклучува типовите кафеава шумска почва, циметна шумска почва, калкокамбизол и црвеница.
    • Класа со профил А-Е-В-С: елувијално-илувијални почви — Имаат илувијален хоризонт В кој лежи под елувијален хоризонт Е. Ги опфаќа типовите лесивирана почва, подзол и кафеава подзолеста почва.
    • Класа со профил P-C: антропогени автоморфни почви — се одликуваат со присуство на антропогениот хоризонт P. Ги вклучува ригозол, градинарска почва и депониска почва.
  • Хидроморфни почви — освен со атмосферските врнежи, овие почви повремено или постојано додатно се наводнуваат со подземни води или со површински (поплавни) води. Овие води се незасолени и неалкализирани.
    • Класа со профил (А)-G или (А)-С: неразвиени хидроморфни почви — овие почви се всушност наноси од речно, езерско или морско потекло кај кои би можеле да се образувани хоризонтите (А) или Ар и G[г]. Процесот на педогенеза е слабо изразен поради тоа што ова се млади почви или поради тоа што седиментацијата преовладува над педогенезата. Во Македонија ваков тип на почва е алувијалната почва.
    • Класа со профил А-C-G: ливадски почви (семиглеј) — поседуваат глеен хоризонт G на длабочина поголема од 100 cm, а хумусно-акумулативниот хоризонт има терестрична форма. Типот кој припаѓа во оваа класа го носи истото име како и самата класа.
    • Класа со профил A-G: глејни почви — имаат добро оформен глеен хоризонт G. Хумусно-акумулативниот хоризонт има полутерестрична форма (Аа). Тука припаѓаат типовите на псевдоглеј-глеј, ритска црница, блатна почва и тресетно-глејна почва.
    • Класа со профил А-Eg-BgC: псевдоглејни почви — се одликува со присуство на псевдоглејниот хоризонт g[д] (g1 и g2) во горните хоризонти до длабочина од 70 cm. Типот го носи истото име како и класата.
    • Класа со профил T-G: тресетни почви (хистозоли) — органогени хидроморфни почви со тресетен хоризонт T подебел од 30 cm. Ги опфаќа типовите висок или издигнат тресет, преоден тресет и низок тресет.
    • Класа со профил P-G и Ap-G: антропогени хидроморфни почви — водниот режим е под влијание на човекот: риголувана тресетна почва (риголичен хистозол), оризна почва (ризозол) и хидромелиорирана почва.
  • Халоморфни почви — се одликуваат со додатно природно наводнување со подземни (поретко со површински) води кои се засолени и алкализирани.
    • Класа со профил Asa-G или Asa-C/G: солончак — ова се акутно засолени почви. Имаат засолен (саличен) хоризонт Аsa.
    • Класа со профил A-Bt, na-C: солонец — се одликуваат со присуство на аргилувично-натричниот хоризонт Bt, na.
  • Подводни почви — постојано се прекриени со мирувачка плитка вода (дно на бари, езера и крајбрежните морски области). Често се мешаат процесите на педогенеза и седиментација.
    • Класа со профил (A)-C и (A)-G: неразвиени подводни почви — почви во почетна фаза на образување врз растреситите водни седименти. Имаат почетен хумусно-акумулативен хоризонт (А). Го опфаќа типот протопедон.
    • Класа со профил А-С или А-G: развиени подводни почви — се одликуваат со добро оформен хумусно-акумулативен хоризонт А. Ги вклучува типовите тиња, дај и сапропел.

Литература

Белешки

  • а Малата буква p покрај знакот на хоризонтот А доаѓа од англискиот збор plow (ора). Вака се означуваат сите почвени хоризонти кои се под какво било влијание на човекот.
  • б „C“ е ознака за раздробен (растресит) матичен геолошки супстрат или реголит.
  • в Со „R“ се означува нераздробен матичен супстрат, односно цврста масивна стена.
  • г „G“ е ознака за глеен хоризонт, т.е. хоризонт кој е преплавен од подземни води, при што преовладуваат оксидо-редукциски процеси (оглејување).
  • д „g“ е ознака за псевдоглеен хоризонт. Во овој хоризонт, оглејувањето се врши само под влијанието на горните води што потекнуваат од врнежите.

Поврзано

Tags:

Класификација На Почвите Класификацијата од 1972 годинаКласификација На Почвите ЛитератураКласификација На Почвите БелешкиКласификација На Почвите ПоврзаноКласификација На Почвите1998ПедологијаПочва

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КрвУпад во Собранието на Македонија (2017)Земји членки на Европската УнијаДен на ослободувањето (Италија)РастенијаИзборна единица 6РомантизамСписок на Влади на МакедонијаСписок на главни градови во светотГзим ОстрениМакедонски парламентарни избори (2008)Слуз-цедење во грлотоГуглНова социјалдемократска партијаЗа наша МакедонијаСоцијалистичка партија на МакедонијаВтора влада на Никола ГруевскиИскра ГешоскаОслободителна народна армијаПапратДостоинство (политичка партија)Вештачка интелигенцијаБроеви во македонскиот јазикСкопјеПере ТошевСкопско КалеПрометејСписок на политички партии во МакедонијаАли АхметиТетанусЛавАтинаСтале ПоповКиро ГлигоровМРП вакцинаЈордан КамчевАрмија на МакедонијаИзет МеџитиГемиџииФилип ПетровскиСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаДржавни празници во БугаријаЃурѓовденМустафа Кемал АтатуркСредоземно МореОбединето КралствоСвети Климент ОхридскиДијалекти на македонскиот јазикАлшарТалофитАвангардаСоветски СојузИсторија на Македонија (1991 - денес)Андреј ЖерновскиМинистерство за животна средина и просторно планирањеСтрумицаГригор ПрличевДемократска партија на АлбанцитеЛазар КолишевскиСписок на планини во МакедонијаСкржавецот (Плавт)Антон ПановК-15Демократска унија за интеграцијаСкратеници во македонскиот јазикВтора влада на Зоран ЗаевИсусово воскресениеБорис ТрајковскиКафеава мечкаОпштина БитолаРајко ЖинзифовРадовишОпштина КумановоАна ФранкБекир ХалимиДен на независноста на Македонија🡆 More