Каракорум

Каракорум (кинески: 喀喇昆仑山脉, пинјин: Kālǎkūnlún Shānmài; хинди: काराकोरम, Kārākōrama; урду: سلسلہ کوہ قراقرم) — голем планински венец што се протега низ пограничните краишта на Гилгит–Балтистан (Пакистан), Ладак (Индија) и регионот Сјинџанг (Кина).

Влегува во состав на поширокиот систем на Хималаи, но сепак северно од самиот венец.

Каракорум
Каракорум
Ледникот Балторо во среден Каракорум со Гашербрум I и II.
Највисока точка
ВрвК2
Надм. височина8.611 м
Координати35°52′57″N 76°30′48″E / 35.88250° СГШ; 76.51333° ИГД / 35.88250; 76.51333
Географија
Каракорум
Поглед на највисоките врвови на Каракорум од Меѓународната вселенска станица
ЗемјиПакистан, Индија и Кина
ПокраиниГилгит–Балтистан, Ладак и Сјинџанг
Координати36°N 76°E / 36° СГШ; 76° ИГД / 36; 76
Се граничи соЛадачки Пл., Памир и Хиндураџ (Хиндукуш)

Венецот има најголема концетрација на планини над 8.000 м на светот, каде спаѓа вториот највисок врв во светот, К2 (8.611 м), кој е само 237 м понизок од Монт Еверест.

Каракорум е долг околу 500 км и се одликува со најголема покриеност со ледници во светот (вон поларните региони). Ледниците Сијачен (70 км) и Бијафо (63 км) се на второ и трето место по должина во светот вон поларните региони.

На североисток венецот се граничи со Тибетската Висорамнина, а на север со Памир. Јужната граница ја образуваат (од запад кон исток) реките Гилгит, Инд и Шајок, што го одделуваат од северозападниот крај на самите Хималаи како што реките се спојуваат на југозапад кон рамниците во Пакистан.

Највисоки врвови

Каракорум 
Врвот К2

The notable peaks of the Karakoram are:

  • K2 (8.611 м)
  • Гашербрум I (8.068 м)
  • Брод Пик (Палчен Кангри) (8.047 м)
  • Гашербрум II (8.035 м)
  • Гашербрум III (7.952 м)
  • Гашербрум IV (7.925 м)
  • Дистагил Шар (7.885 м)
  • Кунјанг Киш (7.852 м)
  • Машербрум I (7.821 м)
  • Батура I (7.795 м)
  • Ракапоши (7.788 м)
  • Батура II (7.762 м)
  • Канжут Шар (7.760 м)
  • Салторо Кангри (7.742 м)
  • Батура III (7.729 м)
  • Сасер Кангри (7.672 м)
  • Чоголиза (7.665 м)
  • Харамош (7.397 м)
  • Момил Шар (7.343 м)
  • Бајнта Брак (7.285 м)
  • Кула Музтаг (7.273 м)

Најголемиот дел од највисоките врвови се наоѓаат во регионот Гилгит-Балтистан во Пакистан. Балтистан има над 100 врвови повисоки од 6.100 м.

Врвови со ознаката К

  • К1: Машербрум
  • К2
  • К3: Брод Пик
  • К4: Гашербрум II
  • К5: Гашербрум I
  • К6: Балтистански Врв
  • К7: 6.934 м, кај долината Чаракуза
  • К9: околу 7.000 м, кај Кулите Транго
  • К10: Салторо Кангри I
  • К11: Салторо Кангри II
  • К12: подврв на Салторо Кангри
  • К22: Сасер Кангри I

Превои

Каракорум 
Поглед на Каракорум во Пакистан

Од запад кон исток, Каракорум ги има следниве превои:

  • Килик
  • Минтака
  • Хунџерапски Превој (највисок асфалтиран граничен премин во светот на 4.693 м)
  • Шимшалски Превој
  • Мустаг
  • Каракорумски Превој
  • Сасир

Од сите овие премини, само Хундерџапскиот Превој е прооден за моторни возила. Единствениот друг премин во редовна употреба е Шишалскиот, но истиот не навлегува во друга држава.

Поврзано

  • Каракорум — древен град во подрачјето
  • Каракорумски пат
  • Гашербрум
  • Список на највисоки планини (над 7.200 м)

Наводи

Литература

Надворешни врски

Tags:

Каракорум Највисоки врвовиКаракорум ПревоиКаракорум ПоврзаноКаракорум НаводиКаракорум ЛитератураКаракорум Надворешни врскиКаракорумИндијаКинаКинески јазикПакистанПинјинПланински венецУрду јазикХималаиХинди

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ГерманијаАутизамДен на шегатаСписок на планини во МакедонијаПолип на маткатаЈапонски календарМасовен глад во Русија (1921-1922)Лазарова саботаШвајцаријаСтомакРоманијаТалат ЏафериЕврејски празнициБоби ЧарлтонМакедонски народни песниПочваОрхан (книга)Бик (хороскопски знак)БегалкаУнгарија во Втората светска војнаДраган МијалковскиПоштенски броеви во МакедонијаПМГ колективОпштини во МакедонијаМачкаМозочен ударГихтЛавОпштина БутелСвети Климент ОхридскиНикола ТеслаНародна Република КинаИнтеграЛиберално-демократска партијаЗемји членки на Европската УнијаМакедонска крвава свадбаАлександар Сергеевич ПушкинЕлектрична струјаСписок на главни градови во ЕвропаМакедонски ораАдаптација (биологија)ВирусФудбалПрехранбена индустријаЧинови на полицијата во МакедонијаЛазар Ристовски (глумец)ПиСложена реченицаБиблијаЈамајкаЕфто ПупиновскиЕвреиЦрвени крвни зрнцаСкопски маратонСписок на држави по населениеПаркинсонова болестДијафрагмаСедум светски чуда на античкиот светАеродром Париз-БовеЕкологијаГлаголицаХепатитЊујорк (град)ИсламКамилаОтоманско ЦарствоЖичени инструментиПечалбариРисто СтефановскиВакцина против тетанусМирко ПоповЧернобилска несреќаВиолинаВеројатностЗемјотресСтарецот и морето🡆 More