Знаме На Социјалистичка Федеративна Република Југославија

Знамето на втората Југославија (1945-1992, термин кој ги подразбира: Демократска Федеративна Југославија - ДФЈ, Федеративна Народна Република Југославија - ФНРЈ и Социјалистичка Федеративна Република Југославија - СФРЈ) претставува правоаголно поле со однос 2:1 (ширина:висина), поделено на три еднакви хоризонтални ленти обоени на следниов начин: најгорната сино, средната бело и најдолната црвено.

Во центарот на знамето се наоѓа црвена петокрака ѕвезда која ја опфаќа целата бела лента, додека во сината и црвената навлегува само на по една третина од нивната висина. Петокраката е порабена со златно-жолта линија.

Знаме На Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Знаме На Социјалистичка Федеративна Република Југославија Знамето на социјалистичка Југославија
Знаме На Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Знаме На Социјалистичка Федеративна Република ЈугославијаЗнаме на југословенските партизани

Симболиката на знамето е следнава: изборот на боите и нивниот распоред е направен врз основа на пансловенското знаме (кое е всушност идентично со основата на југословенското). Истиот факт е користен и при оформувањето на знамето на Кралството Југославија. Ова ја означувало природата на Југославија како заедница на јужнословенските народи. Од друга страна петокраката претставува симбол на државно-економскиот систем на Федерацијата - социјализам, како и стремежот за достигнување на неговиот највисок степен - комунизам. Златно-жолтиот раб може да е додаден од две причини: или по углед на петокраката на советското знаме или пак за да се раздвои црвената петокрака од позадината во црвената лента. Втората причина е поверојатна, бидејќи за време на НОБ, југословенските партизани го користеле истото знаме со таа разлика што петокраката стои само во белото поле и е без златно-жолт раб.

Постои и алтернативно толкување на боите на знамето: сината за Јадранското Море, белата за слободата и небото, црвената за крвта пролиена за време на НОБ, а петокраката, секако стремежот кон комунизам.

По распадот на СФРЈ во 1991-1992 година, Сојузна Република Југославија (a подоцна и државната заедница на Србија и Црна Гора) го задржува знамето, но од полето е отстранета петокраката ѕвезда.

Поврзано

Tags:

19451992Демократска Федеративна ЈугославијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаФедеративна Народна Република Југославија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Крим (полуостров)Фудбалска репрезентација на МакедонијаКлеопатраОхридОвен (хороскопски знак)Бислимска КлисураСписок на змии во МакедонијаКајмак (филм)Time.mkСписок на држави и територии во ЕвропаПет струмички студентиЗлатна петорка (филм)Свети Јоаким ОсоговскиТрстБолести на белите дробовиЛинуксНикола ТеслаКолосеумАнтички МакедонциАмонијакЦиститРадио-телевизија СрбијаРустем-пашаКуниГерманијаНенад СтојановскиМалиот принцГрб на МакедонијаВинсент ван ГогМакедонска крвава свадба (филм)Исчашување24 мај (празници)Географија на МакедонијаЛешокСвети Наум Охридски ЧудотворецГемиџииМарков манастирКамени КуклиМеѓународен ден на трудотСтобиГлаголска придавкаКавадарциМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Алое вераЗаздравување на ранаБалкански ПолуостровКрушевска РепубликаПанкреасВасил ЗафирчевРак на панкреасотТегавецПовикувачки броеви во МакедонијаАнглиски јазикМакедонски БродСвети Кипријан СлепченскиАлександар ШехтанскиХомеопатијаИгор ЏамбазовШведскаКоле КанинскиЕрекцијаМурат IIIЦрни и жолтиХемоглобинРазвој на македонската азбукаОпштина ГостиварБродец (Скопско)Марс (планета)Киро ДоневТрета македонска фудбалска лигаОпштина КичевоLМасакр кај КарпалакРобинзон КрусоМакедонска азбука🡆 More