Андон Дончевски — поранешен југословенски фудбалер и поранешен југословенски и македонски фудбалски тренер.
Андон Дончевски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Андон Дончевски | ||
Роден на | 19 ноември 1935 | ||
Роден во | Кавадарци, Југославија | ||
Позиција | напад | ||
Младинска кариера | |||
?-1957 | ФК Вардар | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1957–1971 | ФК Вардар | 305 | (217) |
Репрезентација | |||
Југославија | 1 | (0) | |
Тренер на екипи | |||
1985–1991 | ФК Вардар | ||
1993–1995 | Македонија | ||
1998 | ФК Престон Лајенс | ||
ФК Тиквеш | |||
*Настапи и голови само на првенствени натпревари |
Поглемиот дел од својата играчка и тренерска кариера Дончевски го минал во ФК Вардар од Скопје. За време на својата активна фудбалска кариера тој го носел и националниот дрес на репрезентацијата на Југославија, додека со „Вардар“ во 1961 година го совоил Титовиот Куп на поранешна Југославија. Играјќи за „Вардар“, Дончевски постигнал 217 голови, што претставува клупски рекорд. Врвот на својата тренерска слава го доживеал токму како тренер на „Вардар“ со кого во сезоната 1986/87 ја освоил шампионската титула во првата лига на СФРЈ.
Своето прво меѓународно тренерско искуство Андон Дончевски го имал во тимот на „Престон Лајонс“, клуб на македонската емиграција во Австралија со кого што се натпреварувал во Премиер лигата на сојузната држава Викторија.
Прв селектор на репрезентацијата на Македонија во периодот од јули 1993 до декември 1995 бил токму Андон Дончевски. Тој бил на чело на репрезентацијата на 17 натпревари, која под негово водство остварила пет победи, пет нерешени игри и седум порази. Неговиот прв натпревар како селектор била победата против Словенија во Крањ со 4:1, а репрезентацијата јанапуштил по поразот од Шпанија со 3:0.
Андон Дончевски добил големо признание од Агенцијата за спорт и млади, наградата за животно дело која му била предадена на пригодната свеченост по повод изборот на најдобрите спортисти на Македонија во 2008 година. Исто така, и Тренерската организација на Македонија му доделила специјално признание по повод јубилејот „сто години на фудбалот во Македонија“. Во 2014 година, Дончевски го добил „медалот за заслуги“ доделен од претседателот Ѓорге Иванов за неговото активно учество во македонската дијаспора во Австралија. Во декември 2015 година, за својата севкупна работа во македонскиот фудбал, Дончевски го добил признанието „спортски амбасадор“ од страна на Агенцијата за млади и спорт и Владата на Македонија.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Андон Дончевски, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.