Хронологија На Христијанството

Дел од темата
Христијанство

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам

Ова е хронолошка статија за историјата на христијанството

Новозаветна ера

    главна статија: Новозаветна ера
  • 6-7 пред Христа Рождество Христово во Витлеем; 14 000 пострадани свети витлеемски младенци
  • 26-27 Упокојување на Праведниот Јосиф целомудрен
  • 27 Крштение Христово во водите на реката Јордан
  • 28 Пресекување на главата на свети Јован Крстител
  • 30 Распнување, Воскресение и Вознесение Христово
  • 30 Мачеништво на свети првомаченик и архиѓакон Стефан
  • 30 Преобратување на свети апостол Павле на патот кон Дамаск

Апостолска ера (33-100)

    главна статија: Апостолска ера
  • цца. 30-33 Светиот Дух слегува на денот на Педесетница
  • 34 Апостол Петар го засновува Антиохиското Епископско Море
  • 35 Името Христијанин е за првпат употребено во Антиохија
  • 37 Јосиф од Ариматеа патува во Британија и стигнува во Гластонбери
  • 40 Апостол Варнава е испратен од Ерусалим во Антиохија
  • цца. 42 Вознесување на апостол Павле до третото небо (2Кор.12,2-4)
  • цца. 46-48 Прво мисионерско патување на апостол Павле со апостол Варнава
  • 49 Апостолскиот Собор во Ерусалим донесува правило незнабожците да не мора да станат Евреи пред да постанат Христијани
  • цца. 49-52 Второ мисионерско патување на апостол Павле со апостол Сила
  • 50 Апостол Матеј го завршува Евангелието според Матеј на арамејски
  • 52 Апостол Тома пристига во Керала, воведување на христијанството во Индија
  • цца. 53-57 Трето мисионерско патување на апостол Павле (Дап 18,23-21,16)
  • цца. 59-62 Четврто мисионерско патување на апостол Павле, пристигање во Рим
  • 62 Мачеништво на апостол Јаков Праведен; распнување на апостол Андреј во Патра
  • 63 Аристовул поставен за прв епископ на Британија
  • 64-68 Први десет големи прогонства на раната Црква, под царот Нерон
  • 66 Бегство на Христијанската заедница од Ерусалим во Пела и други места во Декаполис и Антиохија
  • 67 Мачеништво на апостол Петар и Павле во Рим; апостол Лин поставен за прв епископ Римски
  • 69 Игнатиј Антиохиски поставен за епископ Антиохиски
  • 70 Апостол Марко го пишува Евангелието; Храмот во Ерусалим е разурнат од Римјаните; прогон на Христијаните од синагогите
  • 71 Апостол Марко го воведува христијанството во Египет
  • 80 Апостол Лука го пишува Евангелието според Лука; Тит го поставува Колосеумот, место на мачеништво на многу рани Христијани
  • цца. 80-90 Напишани Дидаскалиите
  • 85 Напишани Делата апостолски од апостол Лука
  • 90 Соборот во Јамнија го обележува целосно одделување на старозаветната и новозаветната Црква
  • 95 Апостол Јован го пишува Откровението
  • цца. 90-96 Прогон на Христијаните под царот Домицијан
  • 96 Апостол Јован Богослов го пишува Евангелието според Јована
  • цца. 100 Појава на Христијански катакомби
  • Чудесно упокојување на апостол Јован Богослов

Предникејска ера (100-325)

    главна статија: Предникејска ера
  • 107 Мачеништво на Игнатиј Антиохиски; упокојување на апостол Симеон
  • 108-124 Прогон под царот Трајан, продолжен од царот Адријан
  • 120 Почеток на времето на апологетите: Јустин Маченик, Аристид, Татијан, Атинагора Атински, Теофил, Минук Феликс, Тертулијан и Кодрат
  • 124 Апостолите Кодрат и Аристид ги презентираат Христијанските апологетии пред царот Адријан во Атина
  • 128 Грчки превод на Стариот завет на Аквила
  • 130 Преобратување на Јустин Философ
  • 132 Побуна на Евреите против Рим, предводена од наводниот месија Бар-Кохба
  • 135 Почеток на славење на Рождество Христово како празник во Рим
  • 136 Разбиена еврејската побуна од страна на царот Адријан, забрана за сите Евреи да се вратат во Ерусалим и промена на името на Ерусалим во Елија Капитолина; прва забележана употреба на титулата Папа од римскиот епископ Хигиниј
  • 144 Одлачување на Маркион Синопски
  • 150 Јустин Философ ја опишува Божествената Литургија
  • 155 Мачеништво на Поликарп Смирнски
  • 156 Почеток на монтанизмот
  • 165 Мачеништво на Јустин Философ
  • 166 Како одговор на кватродециманизмот, папата Сотир востановува годишно прославување на Пасха во Рим, како додаток на неделната прослава на Воскресението
  • цца. 175 Тацијан ги хармонизира четирите канонски евангелија во една нарација
  • 177-180 Прогон под царот Марко Аврелиј (161-180)
  • 180 Иринеј Лионски го пишува „Против ересите“
  • 180-192 Грчки превод на Стариот завет од Теодотиј
  • 193-211 Грчки превод на Стариот завет од Симах
  • 197 Кватродециманска контроверза
  • 200 Мачеништво на Иринеј Лионски
  • 202 Царот Септимиј Север издава едикт против Христијанството и Јудаизмот; Мачеништво на Харалампиј од Магнезија
  • 202-210 Прогон под царот Септимиј Север (193-211)
  • 206 Кралот Авгар IX ја преобратува Едеса во Христијанство
  • цца. 209 Мачеништво на Албан Британски
  • 210 Иполит Римски, епископ и свештеномаченик, последен римски отец кој зборувал грчки, ги пишува „Одбивање на сите ереси“ (Философумена) и „Апостолско предание“
  • 215 Обратување на Тертулијан во Монтаизам
  • 225 Упокојување на Тертулијан
  • цца. 225-250 Пишување на Апостолската Дидаскалија (Дидахи)
  • 227 Ориген го започнува толкувањето на Битието, а го завршува „За Првите Начела“
  • 238 Прогонство под Максимин VI; мачеништво на св. Иполит Римски
  • 235-238 За време на владеењето на Гордијан и Филип, Арапската Црква проповеда отворено и привлекува добро образовани преобратени
  • цца. 240 Ориген ја приготвува Хексапла
  • 244 Плотин основа Неоплатонска школа во Рим, како реакција на Црквата
  • 246 Павле од Теба во Египет станува првиот христијански пустиник (еремит)
  • 247 Рим слави илјадогодишен јубилеј, сведочејќи период на зголемено прогонство на Христијаните
  • 248 Ориген го пишува „Против Целз“
  • 249-251 Прогон под царот Декиј VII
  • 257-260 Прогон под царот Валеријан VIII
  • 258 Мачеништво на Кипријан Картагински
  • 260 Павле Самосати започнува проповед против божественоста на Христос; Римскиот Синод го осудува Севалијанството и Суборданизмот
  • 264 Изопштување на Павле Самосати
  • 265 „Единосуштен“ (homoousios) е употребен за првпат од модалните монархијанити
  • 274-275 Прогонство под царот Аврелијан IX
  • 270 Упокојување на Григориј Чудотворец; Порфириј Тирски го пишува „Против Христијаните“
  • 284 Диоклецијан станува Римски цар, ја прогонува Црквата со околу милион маченици; мачеништво на Козма и Дамјан, Андреј Стратилат и 2593 војници со него
  • 285 Антониј Велики се повлекува во пустина
  • 300 Христијанското население брои 6 200 000, или 10.5% од населението на Римското Царство
  • 301 Григориј Просветител го преобраќа цар Трдат I Ерменски во Христијанство
  • 302 20000 маченици се запалени во Никомидија
  • 303 Почеток на Големото Прогонство (303-311); мачеништво на Георгиј Победоносец
  • цца.305-311 Лактанциј ги пишува Божествените Установи
  • цца.306 Синодот од Елвира пропишува целибат за клирот и поставува строги казна за изневерување и прељуба, на тој начин станувајќи модел кој подоцна ќе биде прифатен од Западот
  • 308 Папата Марцел I се спротивставува на попустливоста кон Христијаните кои попуштиле при гонењата
  • 310 Ерменија станува првата Христијанска нација; прогон на Христијаните под персискиот цар Шапур II
  • 311 Галериј пропишува Едикт на Толеранција, завршувајќи го прогонот а Христијаните во неговите делови на Римското Царство; Донатистово востание во Картегина
  • 312 Визија и преобраќање на Константин Велики; пораз на Макценциј на Битката на Мувлискиот Мост, правејќи го Константин Цар на Западот; мачеништво на Лукијан Антиохиски
  • 313 Миланскиот Едит издаден од страна на Константин Велики и совладетелот Лициниј, официјално прогласувајќи верска слобода во Римското Царство
  • 314 Анкирскиот Собор; Арлскиот Собор го осудува Донатизмот
  • 315 Неокесариски Собор
  • 318 „За воплотувањето“ на свети Атанасиј Велики е објавено; почеток на Аријанството
  • 318 Пахомиј Велики основа подвижничка заедница во Тиваидската Пустина, започнувајќи го манастирското општежитие
  • 320 Одлачување на Ариј од Александар Александриски; мачеништво на Четириесетте Севастиски маченици
  • 320-21 Ликиниј ги засилува мерките против Христијаните на Истокот
  • 321 Светиот цар Константин ја прогласува неделата како празник на Воскресението
  • 323 Константин Велики гради црква на местото на мачеништвото на апостол Петар во Рим
  • 324 Константин го поразува Ликиниј и станува единствен цар на Римското Царство

Никејска ера (325-451)

    главна статија: Никејска ера
  • 325 Прв вселенски собор одржан во Никеја, кој ја осудува Аријанската ерес, ја поставува Пасхалијата и го објавува Никејскиот Символ на верата (подоцна надополнет, Никео-Цариградски Символ), и го поставува приматот на Апостолските Мориња во Рим, следен од Александрија, Антиохија и Ерусалим.
  • 326 Откривање на Чесниот Крст од светата царевица Елена; крал Миреј од Грузија станува Христијанин.
  • 328 Св. Атанасиј Велики станува Епископ Александриски
  • 329 Св. Атанасиј Велики го раколопага Фрументиј за свештеник и го испраќа да ја евангелизира Етиопија
  • 330 Византиум е преименуван во Константинопол / Нов Рим, Христијански главен град на Римското Царство, и е посветен на Пресвета Богородица од светиот цар Константин; авва Амон и Макариј Велики основаат манастири во египетскиот Скит.
  • 336-338 Св. Атанасиј Велики е прогонет во Трев, околност која ја користи за ширење на монашкото правило на св. Пахомиј Велики и будејќи го интересот за монаштво во Европа.
  • 337 Упокојување на св. цар Константин.
  • 340 Вулфил го прифаќа Аријанството.
  • 341 Антиохијскиот Собор одржан; царот Констанциј ги забранува и пропишува смртна казна за паганските жртвувања и магиски ритуали.
  • 345 Упокојување на св. Николај Мир-Ликијски.
  • 348 Упокојување на св. Пахомиј Велики и Спиридон Тримфутски.
  • 350 Св. Нинијан ја основа Црквата Кандида Каса во Шкотска.
  • 351 Појавување на Крстот над Ерусалим.
  • 355 Упокојување на св. Нина Кападокиска (Грузиска, рамноапостолна).
  • 356 Упокојување на св. Антониј Велики.
  • 357 Одржан Сирмискиот собор (денешна Сремска Митровица), од кој произлегува аријанската ткн. богохулство од Сирмиум.
  • 358 Св. Василиј Велики основа манастир во Понт; почеток на монаштвото.
  • 359 Одржани Соборите во Селеукија и Римини.
  • 360 Св. Мартин од Турс го основа првиот манастир во Франција; изградена царевиградската Света Софија.
  • 362 Антиохиска схизма (362-414).
  • 361-63 Јулијан Апостат станува Римски цар; обид да се возобнови паганството.
  • 364 Одржан Соборот во Лаодикија.
  • 367 Св. Атанасиј Александриски го пишува Пасхалното писмо, и за првпат го дефинира Новозаветниот Канон; упокојување на св. Илариј Пиктавијски.
  • 373 Упокојување на св. Атанасиј Велики и св. Ефрем Сирин.
  • 374 Амвросиј е избран за Епископ на Миланската Катедра.
  • 375 Св. Василиј Велики го пишува „За Светиот Дух“.
  • 376 Визиготите го прифаќаат Аријанството.
  • 379 Упокојување на св. Василиј Велики; царот Грацијан го издигнува Римскиот Епископ над другите епископи од неговата јурисдикција.
  • 380 Христијанството е воспоставено како официјална религија во Римското Царство од страна на царот Теодосиј Велики; Соборот во Сарагоса го осудува Прискилијанизмот.
  • 381 Одржан Втор вселенски собор во Цариград, кој го осудува Македонијанизмот/Пневматомахијанизмот и Аполинаријанизмот, објавувајќи ја светоста на Светиот Дух, потврдувајќи го претходниот Собор, и дополнувајќи го Никео-Цариградскиот Символ; Аријанските епископи се расчинети од страна на Амвросиј Медиолански на Соборот во Аквилеја.
  • 382 Папата Сирициј за првпат во историјата се здобива со титулата Pontifex Maximus.
  • 383 Упокојување на св. Фрументиј од Аксум.
  • 384 Соборот во Бордо го осудува Прискилијан.
  • 385 Упокојување на св. Григориј Нисски.
  • 386 Упокојување на св. Кирил Ерусалимски.
  • 387 Блажен Августин е покрстен од св. Амвросиј Медиолански.
  • 391 Упокојување на св. Григориј Богослов.
  • 391-392 Затворање на сите нехристијански храмови во Империјата; св. Теодосиј Велики со декрет ги забранува Елеуските мистерии и предизвикува постепено изумирање на паганските жртвување во Александрија и Рим.
  • 392 Упокојување на св. Макариј Велики.
  • 393 Одржан Хипонскиот собор, кој го објавува Канонот на Светото Писмо; царот Теодосиј го забранува одржувањето на Олимписките игри како пагански фестивал.
  • 394 Св. Епифаниј Кипарски ги напаѓа оригеновите учења како еретички; одржан Цариградски собор.
  • 395 Блажен Августин станува Епископ Хипонски; положување на Богородичниот појас во црквата на Богородица Халкопратеа во Цариград; поделба на Империјата со упокојувањето на св. цар Теодосиј Велики.
  • 397 Картагинскиот собор го објавува канонот на Светото Писмо; упокојување на св. Мартин Турски и св. Амвосиј Милански.
  • 398 Св. Јован Златоуст е избран за Архиепископ на Цариград.
  • 399 Анастасиј Римски и други епископи го осудуваат оригеновото учење.
  • 401 Блажен Августин го пишува „Исповеди“; папата Инокентиј I го поддржува св. Јован Златоуст и го осудува пелагијанството.
  • 402 Порфириј од Газа се здобива со императорски декрет со наредба за затворање на паганските храмови во Газа.
  • 403 Пребегнување на св. Патрик во Ирска;
  • 404 Мачеништво на Телемах, што резултира со едикт на царот Хоросиј кој ги забранува гладијаторските борби.
  • 405 Латински превод на Светото Писмо како Вулгата од страна на Софрониј Евсевиј Јероним.
  • 407 Упокојување на св. Јован Златоуст во прогонство.
  • 410 Падот на Рим под Визиготите.
  • 410 Аријанскиот Собор во Селеукија ги прогласува Месопотамските несторијански епископи за независни од православниот епископат.
  • 411 Пелагиј е осуден на Картагинскиот собор.
  • 412 Св. Кирил го наследува неговиот вујко Теофил како Папа Александриски; Хонориј го осудува Донатизмот.
  • 415 Св. Јован Касијан основа манастир во Марсеј.
  • 418 Основање на аријанско Визиготско Кралство на земјата подарена од царот Хонориј.
  • 418-24 Соборот во Картагина фрла анатема на Пелагијанизмот, со што ја оправдува Авустиновата антропологија.
  • 426 Блажен Августин ја пишува книгата „За Градот Божји“.
  • 426 Нестор е избран за патријарх Цариградски.
  • 429 Целестин I, Епископ Римски, испраќа Епископи на мисија во Британија за справување со пелагијанската ерес; упокојување на Св. Сисој Велики.
  • 430 Петар Ивериски основа манастир во близина на Витлеем.
  • 431 Одржан Третиот вселенски собор во Ефес, кој ги осудува несторијанството и пелагијанството, потврдувајќи ја употребата на името «Богородица» за Дева Марија, и потврдувахќи ја автокефалноста на Црквата во Кипар.
  • 435 Упокојување на Свети Јован Касијан и Свети Акакиј Мелитински; Несториј протеран во манастир во Сахара со царски указ.
  • 438 Објавен Кодексот на Теодосиј.
  • 439 Вандалите ја освојуваат Картагина.
  • 444 Упокојување на Кирил Александриски; Лав Велики, Епископ Римски ја аболицира Галската викарија.
  • 445 Царот Валентијан Трети објавува декрет за признавање на приматот на Римскиот Епископ.
  • 447 Земјотрес во Цариград, настан при кој едно дете е воздигнато до небесата, каде ја слуша Трисветата песна.
  • 450 Основани се првите манастири во Велс.

Византиска ера (451-843)

Доцна Византиска ера (843-1453)

Постцарска ера (1453-1821)

Модерна ера (1821-1917)

Комунистичка ера (1917-1991)

Посткомунистичка ера (1991 - денес)

Tags:

Хронологија На Христијанството Новозаветна ераХронологија На Христијанството Апостолска ера (33-100)Хронологија На Христијанството Предникејска ера (100-325)Хронологија На Христијанството Никејска ера (325-451)Хронологија На Христијанството Византиска ера (451-843)Хронологија На Христијанството Доцна Византиска ера (843-1453)Хронологија На Христијанството Постцарска ера (1453-1821)Хронологија На Христијанството Модерна ера (1821-1917)Хронологија На Христијанството Комунистичка ера (1917-1991)Хронологија На Христијанството Посткомунистичка ера (1991 - денес)Хронологија На ХристијанствотоХристијански крст

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски АлбанциЈордан МитевГрупа АкадемциЕрман ШабанАбдурахман РахманПартија за движење на Турците во МакедонијаСрпска странка во МакедонијаБактерииЈордан КамчевСДСМОпштина СтуденичаниБакарДраган ШуплевскиДонтов методБратиславаОпштина ОхридСписок на повикувачки броеви на земјитеПресметување на датумот на ВелигденОпштина Ново СелоИталијаВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Свети ГеоргиДневникОрман (Скопско)Гордана Силјановска-ДавковаМоликаМорфинОпштина КичевоБиполарно растројствоНеготиноОтоманска МакедонијаЃорѓи ОровчанецЕтничка групаЛогистикаИстанбулБубрежна инфекцијаМечкаМасакр во СребреницаСписок на хемиски елементиПетар Поп АрсовМетодија Андонов-ЧентоШугаАли АхметиМакедонски претседателски избори, 2019НационализамМарија КириКавадарциБели мугриСоцијалистичка партија на МакедонијаStaphylococcus aureusКисел дождИдеологијаДен на планетата ЗемјаВиножитоЕрих КестнерВојдан ЧернодринскиИзборна единица 5ФолклорХазби ЛикаЖолчкаЧенто (населба)ТуберкулозаРесенВлада на МакедонијаТајландВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоМајски манифестСвети Наум Охридски ЧудотворецХолокаустДржавни празници во БугаријаСиндром на стекнат имунолошки дефицитГраматички категории на именките во македонскиот јазикКрвен притисокСирма ВојводаСолунски атентатиРомантизамДоситеј ОбрадовиќПрва балканска војна🡆 More