Хоков Залив

Хоков Залив (англ. Hawke's Bay, маор. Heretaunga) е регион во Нов Зеланд. Регионот насекаде во светот е познат како центар за висококвалитетни вина. Регионалниот совет е заседава во два града - Нејпиер и Хејстингс.

Регионален совет на Хоковиот Залив
Земја: Нов Зеланд
Хоков Залив
Регионален совет
Име: Регионален совет на Хоковиот Залив
Претседател: Ајлин вон Даделсцен
Population: 149,900
јуни 2006 [1] Архивирано на 28 мај 2008 г.
Површина: 14,111 км2
Портал: http://www.hbrc.govt.nz
Градови
Поголеми: Нејпиер, Хејстингс
Помали: Ваироа, Ваипукурау, Такапау, Хевлок Север, Тарадејл, Гринмидоуз, Ескдејл, Клајв, Фрејзертаун, Миани
СОставни административни единици
Имиња: округ Ваироа, округ Хејстингс, град Нејпиер и округ Централен Хоков Зелив, мал дел од округот Таупо.
Портали: http://www.napier.govt.nz
http://www.hastings.govt.nz[мртва врска]
http://www.wairoadc.govt.nz
http://www.chbdc.govt.nz
http://www.taupo.govt.nz

Географија

Регионот е сместен на источниот брег од Северниот Остров. Името го носи по Хоковиот Залив, кој е голем полукружен залив кој се протега 100 километри од североисток до југозапад на полуостровот Махаиа до ртот Киднаперс.

Регионот се одликува со ридесто крајбрежје околу северниот и централниот дел на заливот, плавните земјишта околу реката Ваироа на север, и широката плодна рамнина Херетаунга околу Хејстингс на југ, а внатрешноста му е ридеста, протегајќи сè до планинските венци Кавека и Руахине.

Границите на регионот донекаде се разликуваат од поранешните провинциски граници на Хоковиот Залив, и некои места во регионот Манавату-Вангануи на југозапад како Денвирк и Вудвил се сметаат себеси дека припаѓаат во регионот Хоков Залив.

Регинот со состои од округот Ваироа, округот Хејстингс, градот Нејпиер и округот Централен Хоков Залив, како и мали делови од окрузите Таупо и Рангитикеи.

Историја

Помеѓу 1858 и 1876 година, Хоковиот Залив ја сочинувал покраината Хоков Залив како откога се отцепила од покраината Велингтон по состанок во Нејпиер во февруари 1858 г.

На 2 февруари 1931, Нејпиер и Хејстингс биле разрушени во катастрофалн земјотрес од 7.9 според Рихтеровата скала, во која загинале 256 луѓе. Нејпиер почнал со масовна реизградба и денес е светски познат како место со највеќе Арт Деко згради. Секој февруари оваа особеност на градот се слави со настанот наречен Арт Деко викенд.

Население

Во 2006 во регионот живееле 147,783 луѓе. Од овие 55,359 живееле во Нејпиер. Главните урбани места се Нејпиер и Хејстингс. Помали места се Ваироа, Хевлок Север, Тикокино, Ваипава, Ваипукурау и Такапу. Регионот има значителен број на маорско население (24%). Предоминантен е родот Нгати Кахунгуну.

Клима и земјоделство

Хоков Залив 
Лозници на есен

Регионот се одликува со долги топли лета, и студени зими, и како таков има најдобро време за одлегување на грозје. Климата е сува и умерена. Хоковиот Залив е познат по своите големи овоштарници лозја на рамнините. Во ридестите предели предоминира сточарството, со шумарски блокови во најдивите места.

Други информации

Во регионот се наоѓа ридот со најголо име во Нов Зеланд и второ најдолго во светот според Гинисовата книга на рекорди. Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху е неособен рид во јужниот дел на Хоковиот Залив, недалеку од Ваипукурау.

Надворешни врски

Tags:

Хоков Залив ГеографијаХоков Залив ИсторијаХоков Залив НаселениеХоков Залив Клима и земјоделствоХоков Залив Други информацииХоков Залив Надворешни врскиХоков ЗаливГеографски координатен систем

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Обична смрчкаМакедонски ораЈана СтојановскаЗнаме на ГрцијаИсчашувањеМакедонија (регион)РаштакКиткаКонстантин КирковКочо РацинМариовоСловенијаАнтибиотикВагинален исцедокМилорад Улемек ЛегијаДељадровциСлепо цревоПодмочаниЦрна РекаВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Ден на Жените МироносициШпанијаФилмБајпас операцијаКрим (полуостров)ЖелезоАкутен бронхитисСтојне НиколоваТромбозаЈужна АмерикаВенко МарковскиХемороидСвети ИлијаПремиер лига на АнглијаПреспавFГоран СтефановскиЧовекГлаголицаМечкаОпштина Ѓорче ПетровПајациВеличествениот султан (ТВ-серија)ЖивотниБудваВознесение ХристовоШенка КолозоваФудбалВојдан ЧернодринскиНарушување на сонотФК РомаСрцево заболувањеЖељко РажнатовиќМечкин лукДен на сесловенските просветителиРазвој на македонската азбукаСветлинаСкопско (пиво)Македонска азбукаСилвија СтојановскаКолосеумУнгаријаСписок на државни знамињаПирамида (геометрија)Општина СарајСписок на политички партии во МакедонијаДеменцијаДрачевоМенингитисСпасен СилјаноскиКоле КанинскиЛесновски манастирНаум ПетрескиБродец (Скопско)Игор ЈаневЕгипет🡆 More