Јапонија Хан

Хан (јапонски: 藩 , „домен“) е јапонски историски израз за имот на даимјоо во периодот Едо (1603–1868) и раниот период Меиџи (1868–1912).

Хан или бакуфу-хан (домен на даимјоо) служело како систем на де факто административни поделби на Јапонија заедно со де јуре провинциите, сè додека не биле укинати во 1870-тите.

Историја

Период пред Едо

Концептот на хан потекнува од личните имоти на истакнати воини по подемот на Камукура Шогунатот во 1185 година, кој исто така го забележал подемот на феудализмот и класата на благородни воини на самураите во Јапонија. Оваа состојба постоела 400 години за време на Камукура Шогунатот (1185–1333), кратката реставрација на Кенму (1333–1336) и Ашикага Шогунатот (1336–1573). Хан станале сè поважни како де факто административни поделби, бидејќи следните шогуни ги соголиле империјалните провинции (куни) и нивните службеници на нивните законски овластувања.

Период Едо

Тојотоми Хидејоши, најистакнатиот војсководач од доцниот период на Сенгоку (1467–1603), предизвикал трансформација на хан системот за време на неговите реформи во феудалната структура на Јапонија. Системот на Хидејоши го видел хан како постанува апстракција заснована на периодични катастарски истражувања и предвидени земјоделски приноси, наместо нацртана територија. Хидејоши починал во 1598 година, а неговиот млад син Тојотоми Хидеори бил раселен од Токугауа Иејасу по Битката кај Секигахара во октомври 1600 година, но неговиот нов феудален систем бил задржан откако Ијеасу го основал Тогугауа Шогунатот во 1603 година. Хан припаѓале на даимјоо, моќните самурајски феудалци, кои управувале со нив како лична сопственост со автономија како вазал на Тогугава Шогун. Наследниците на Иејасу дополнително го рафинирале системот со воведување методи кои обезбедиле контрола врз даимјоо и царскиот двор. На пример, роднините и чуварите биле поставени на политички и воено стратешки области, додека потенцијално непријателските даимјоо биле префрлени на неважни географски локации или нивните имоти биле одземени. Тие исто така биле зафатени со јавни работи со што биле константно финансиски исцрпени бидејќи даимјоо плаќале за проектите на бакуфу.

За разлика од западниот феудализам, вредноста на јапонскиот феудален домен бил дефинирана во однос на предвидениот годишен приход, наместо во географската големина. Хан биле вреднувани за оданочување користејќи кокудака систем кој определувал вредност заснована на излез од ориз во коку, јапонска единица за волумен која се сметала колку ориз е доволно за да се нахрани едно лице за една година. Дамјоо биле проценувани од Токугауа како господари на чело на хан проценет на 10.000 коку (1804м2) или повеќе, и излезот од нивната хан придонесувала за нивниот престиж или како се проценувало нивното богатство. Раните јапонолози како Жорж Аперт и Едмонд Папинот се осврнале на истакнувањето на годишното коку приноси што биле доделени за кланот Шимазу во доменот Сатсума уште од XII век. Шогуналот хан и Царските покраини служеле како комплементарни системи кои често работеле во тандем за администрација. Кога шогунот им наредил на даимјоо да направат попис на својот народ или да направат мапи, работата била организирана по границите на провинциите. Како резултат, можеле да се поклопат повеќе хан кои и самите содржеле секции од повеќе хан. Во 1690 година, најбогатиот хан бил доменот Кага, сместен во провинциите Кага, Етчуу и Ното, со нешто повеќе од 1 милион коку (180391м2).

Период Меиџи

Во 1868 година, Токугава Шогунатот бил соборен во реставрацијата Меиџи од коалиција на про- империјални самури како реакција на Бакуматсу. Една од главните движечки сили на движењето против Токугауа била поддршка за модернизација и вестернизација на Јапонија. Од 1869 до 1871 година, новата влада на Меиџи се обидела да го укине феудализмот во Јапонија и титулата даимјоо во хан системот била променета во хан-чиџи [han-chiji (藩知事)] или чиханџи [chihanji (知藩事)]. Во 1871 година, скоро сите домени биле распуштени и заменети со нов систем на префектури Меиџи, кои биле директно подредени на националната влада во Токио.

Меѓутоа, во 1872 година, владата на Меиџи го создала доменот Рјуукјуу, откако Јапонија официјално го припоила Кралството Рјуукуу, вазална држава на кланот Шимазу на Сатсума од 1609 година. Со доменот Рјуукјуу се управувало како хан на чело со монархијата Рјуукјуан, сè додека не била конечно укината и станала префектура Окинава во март 1879 година.

Поврзано

  • Список на Хан
  • Училиште Хан
  • Шооен
  • Фанжен
  • Демесне

Наводи

Белешки

Tags:

Јапонија Хан ИсторијаЈапонија Хан ПоврзаноЈапонија Хан НаводиЈапонија Хан БелешкиЈапонија ХанЈапонијаЈапонски јазикАдминистративна единицаДаимјооДе фактоДе јуреЕдо периодМеиџи (период)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Масакр кај ВејцеВасил ШишковМакедонска револуционерна организацијаМакедонциХипофизаДенес над МакедонијаСписок на тегоби и болки на стапалатаДељадровциБобан ТрајковскиМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ВиенаГерманијаФК БеласицаПаневропски коридор VIIIГорјан ПетревскиПремиер лига на АнглијаСирма ВојводаКонстантин КирковМладен КрстевскиОНАКрвен притисокГорно КоличаниОтоманско ЦарствоСписок на македонски филмовиНационален парк ГаличицаРак (болест)Димитар КовачевскиДеменцијаСтудени нозеЕлениПридавки во македонскиот јазикГрадови во ШвајцаријаРокселанаХороскопски знациБорис СарафовМариовоРесенСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаСписок на политички партии во МакедонијаЕгипетски пирамидиВиножитоМухамедИсторија на автомобилотКиткаХераклеја ЛинкестисШар ПланинаАдминистративна поделба на МакедонијаТахикардијаАлександар ШехтанскиАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаСписок со македонски музичариСлуз-цедење во грлотоЕгипетМакедонци-муслиманиРоберт ПетковскиОпштина КавадарциВасил РинговДискус хернијаЈошка МиленковскиСтомакСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001ДропкаМакедонска крвава свадбаПере ТошевМедКарпошПопис на населението во Македонија (2021)ПланетаСрбијаДен на македонскиот јазикБилјана ТанескиКрлежиЕлектрична енергијаФилмЖивотниХепатитИндијаПаневропски коридор X🡆 More