Форе

Форе (шведски: Fårö) — мал остров во Балтичкото Море, северно од островот Готланд во југоисточниот дел на Шведска.

57°56′N 19°09′E / 57.933° СГШ; 19.150° ИГД / 57.933; 19.150

Ова е втор остров по големина во покраината. Населението брои помалку од 600 жители, но местото сепак ужива популарност како летувалиште. На островот нема банки, пошти, здравствени установи и полиција. Има свој дијалект, кој се смета за најстариот јазик во Шведска.

Форе
Fårö
Остров
Форе
Карпести столбови на Форе
Земја Шведска
Округ Готланд
Општина Готланд
Место Балтичко Море
 - координати 57°56′N 19°09′E / 57.933° СГШ; 19.150° ИГД / 57.933; 19.150
Површина 113,30 км2
Форе во крајниот североисточен дел на карта на Готланд
Форе во крајниот североисточен дел на карта на Готланд
Форе во крајниот североисточен дел на карта на Готланд

Географија

Форе 
Голанд во рамките на Шведска

Островот е одделен од Готланд со проток, преку кој одат два траекта. Има вкупна површина од 111,35 км2, од кои 9,7 км2 се водни површини или мали островчиња.

На островите Форе и Готланд има карпести столбови наречени „рауци“ образувани од одрони во текот на Леденото доба. Вакви образби можат да се најдат само на овие два острова.

Во филмската уметност

Шведскиот режисер Ингмар Бергман провел дел од животот во Форе, каде и починал. Тука се снимени неколку негови филмови, меѓу кои: „Низ нејасно стакло“ (1961), „Персона“ (1966), „Часот на волкот“ (1968), „Срам“ (1968), „Страст“ (1969) и „Сцени од еден брак“ (1972). Секој јуни се одржува „Бергманов фестивал“ во чест на режисерот.

Филмот „Жртва“ на Андреј Тарковски бил предвиден да се снима на Форе, но војската одбила да даде дозвола и затоа филмот е сниман во Нер, југоисточен Готланд.

Туризам

На островот секоја година во септември се одржува настанот „Форевски вечери“ (Fårönatta) кога рестораните и баровите работат цела ноќ, на тезги се нудат ракотворби a црквата одржува полноќна миса.

Реони

Светилник

На североисточниот крај на островот се наоѓа светилникот (Fårö Fyr). Висок е 30 м, а изграден е во 1847 г.

Лангхамар

Лангхамар е полуостров во северозападниот дел на Форе. Се одликува со карпести плажи и карпести монолитни образби наречени „рауци“. На полуостровот е сместен истоимениот природен резерват Лангхамар. Дејството на филмот „Низ нејасно стакло“ на Ингмар Бергман се случува во Лангхамар.

Дигерхувуд

Природниот резерват Дигерхувуд во себе содржи и рибарско село. Местото не е погодно за пливање поради наглата длабочина (до 80 м) и силните струи. Меѓутоа од истата причина резерватот е популарен за нуркање и спортски риболов.

Судерсанд

Долгата песоклива плажа Судерсанд се наоѓа североисточниот дел на Форе, веднаш до Сундерсандското одморалиште, каде се изнајмуваат бунгалови.

Наводи

Надворешни врски

Галерија

57°56′N 19°09′E / 57.933° СГШ; 19.150° ИГД / 57.933; 19.150

Tags:

Форе ГеографијаФоре Во филмската уметностФоре ТуризамФоре РеониФоре НаводиФоре Надворешни врскиФоре ГалеријаФореБалтичко МореГотландОстровШведскаШведски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Збунети годиниКомплет тапаниМит1535 во наукатаДевица (хороскопски знак)Македонија во металното времеПензиски системКиселинаОбновливи извори на енергијаПресметување на датумот на ВелигденДиазепамФарски ОстровиЕстрогенПластикаНемања ГудељСписок на држави и територии во ЕвропаМедена земјаКрушевоГихтПравопис и правоговор на македонскиот јазикМеѓународни празнициДискус хернијаК-15Ран нов векЕскимиСтара скопска чаршијаМакедонско востаниеТодор АнгелевскиЛуксембургКристијано РоналдоРаспад на СФРЈКучеМенаџментРустем-пашаЈугославијаПретприемништвоАкутен бронхитисМакедонски јазикФлебитисО писменехРоднински односиМилениумСкопско калеРевматоиден артритисСписок на македонски писателиСипанициГајдаЗаменкаRAM меморијаБургравиГај Јулиј ЦезарЕвгениј ОнегинИменкаКандидМозокАнџело АнелиТрета фудбалска лига на Македонија 2020/2021Матеја МатевскиЛавИзбори во МакедонијаРомантизамПеперугиМилан ЗавковЦрква „Св. Климент и Пантелејмон“ - ОхридЕфто ПупиновскиДелењеОвчи сипанициГарванот (поема)Мултипла склерозаЗвездана АнгеловскаМанастир (Габревци)ШвајцаријаРечник на стари македонски зборовиТетовирани душиЛист (ботаника)🡆 More