Застава 750

Застава 750 (популарно наречен Фиќо) е автомобилски модел на производителот за автомобили Застава од Крагуевац.

Автомобилот почнал да се произведува во 1955 како верзија на Фиат 600 под лиценца. Се произведувал до ноември 1985. Застава 750 има мотор со работна зафатнина од 767 см³ и со тоа е најмалиот автомобил од оваа марка. Кон средината на 70-тите излегува и моделот Застава 850, ист како и претходниот, само со поголема кубикажа. Моторот бил позајмен од Фиат 850.

Застава 750
Застава 750 од 1965 г.
Застава 750
Реклама за Застава 750

Првиот модел се нарекувал Застава 750M, кој впрочем бил Фиат 600E, со нов мотор од 795 cm³, термостат и затворен систем на ладење. После тоа доаѓа моделот 750S, со променет интериер, нов брзиномер и волан кои се преземени од Фиат 126 „Пегла“. Застава 750 S (Специјал) продолжува да се произведува со подобрен мотор од 22 kW, што овозможувал максимална брзина од 120 км/ч. Во тоа време, па и сега, мотор со зафатнина од нешто повеќе од 0,7 литри е прилично достоен перфроманс. Во 1980 година на белградскиот автомобилски саем, претставен е моделот Застава 850, кој во основа е истиот 750S, но со мотор од 843 cm³ и 23,4 kW преземен од Фиат 850. Моделот 850 има максимална брзина 125 км/ч. Од тогаш почнува производството на следните верзии 750L/850L - 750LE/850LE - 750SC/850SC.

Овој автомобил сѐ уште се вози низ просторите на поранешна Југославија.

Впечаток

„Фиќото“ било пресудно за широката моторизација на Југославија. Овој автомобил бил во составот на полицијата, итната медицинска помош, војската и сите останати институции. Долго време служело и за обука на новите возачи. Бил познат и како мал потрошувач на гориво од 4 до 6 литри на 100 км, со што го правел привлечен во нафтените кризи од 70-тите години, како и во последните години кога забележуваме вртоглав пораст на цената на суровата нафта.

Фиќото во популарната култура

Фиќото како автомобил има голем дел од популарната култура во екс-Југославија. Биле направени многу песни, шеги и филмови направени во негова чест.

Основата на мото трките во поранешна Југославија (ридско-брзинските како и кружните трки) ја сочинувала т.н. "национална класа". На таа тема е снимен истоимен филм во 1979 година, а главната улога на Бранимир Митровиќ - Флојд ја игра Драган Николиќ. Истиот филм го следи популарна музика во изведба на Дадо Топиќ, Саѓана Милошевиќ, Оливер Драгојевиќ, Оливер Мандиќ, Лабораторија Звука итн.

Во последните години, имиџот на Фиќото се променува. Станува сѐ по привлечен за младите автомобилски ентузијасти. Често моторите на Фиќовците се т.н „фризирани“ од нивните сопственици, реставрирани и стануваат дел од модерната култура како класичен автомобил, сакан од стари и млади. Деновите на потсмев на Фиќото веќе се минато.

Според автомобилските критичари, на Фиќото, како и на останатите модели на Застава, како што се Zastava 1300/1500, Zastava 101/128, Zastava Yugo, им престои светла иднина во однос на интересот што го проникнува кај младите луѓе.

Варијанти

  • Застава 600D
  • Застава 750
  • Застава 750M
  • Застава 750S
  • Застава 850
  • Застава 750 L
  • Застава 750 LE
  • Застава 750 LC
  • Застава 750 SC
  • Застава 750 SE

Надворешни врски

Tags:

Застава 750 ВпечатокЗастава 750 Фиќото во популарната култураЗастава 750 ВаријантиЗастава 750 Надворешни врскиЗастава 75019551985АвтомобилКрагуевац

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЕрекцијаМакедонски денарМанастир ОстрогБорис ЧоревскиШишевски манастирОхридска пастрмкаОпштина СарајЃурѓовденФК Шкендија ТетовоГрегоријански календарМало ЦрскоСписок на македонски писателиВласинско езероStaphylococcus aureusМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Крива ПаланкаМакедонски народни инструментиГоце Делчев (роман)Европска УнијаМиланоИлеусВиножитоСвети Јоаким ОсоговскиВласиЃорѓи КолозовСлепченски манастир (Демирхисарско)Камен мост (Скопје)ИлијадаФиренцаОлимписки боговиАмонијакМалиот принцГрузијаЗлетовоБудваФК БеласицаСкопски земјотрес (1963)Слепо цревоРак на грлоГрб на МакедонијаКрвТрескавецСеверина ВучковиќОтоманско ЦарствоРисто ШишковКамени КуклиЦрни и жолтиДаме ГруевИсак ЊутнСкопско калеГорјан ПетревскиСтарословенска азбукаКалиопиХепатитСообраќаен знакСолунски атентатиСписок на македонски народни поговоркиАцо ШоповЗлата МегленскаТиквешко ЕзероМасакр кај ВејцеПравославна цркваАвстралијаПридавкаНемања ГудељКалин КаменОпштина Демир ХисарБубрежен каменНовак ЃоковиќМРП вакцинаВики МиљковиќАнксиозностПаневропски коридор VIIIСплитСписок на македонски народни и староградски песниСписок на реки во Македонија🡆 More