Тур Де Франс 2020: 107. издание на Тур де Франс

Тур де Франс 2020 (познато и како: Трка околу Франција 2020) — 107.

издание на велосипедската голема трка Тур де Франс, која првично требала да започне на 27 јуни 2020 година, но била одложена до 29 август 2020 година поради пандемијата на КОВИД-19 во Франција. Трката започнала во Ница на 29 август и завршила традиционално на Шанзелизе на 20 септември. Вкупно 176 возачи од 22 екипи учествувале на трката. Првото место во крајниот генерален пласман првпат било освоено од Словенец, Тадеј Погачар од екипата ОАЕ Тим Емирати. Неговиот сонародник Примож Роглич (Џамбо-Висма) завршил втор, додека Австралиецот Ричи Порт (Трек-Сегафредо) завршил трет.

Тур де Франс 2020 Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, Поврзано
Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, Поврзано
Детали за трката
Издание107. Тур де Франс
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2020 2.UWT
Етапи21
Датуми29 август – 20 септември
Растојание3.484,2 км
ДржаваFRA Франција
ПоаѓалиштеНица
ОдредиштеПариз
Екипи22
Возачи на почеток176
Возачи на крај146
Просечна брзина40,22 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникSLO Тадеј Погачар[2] (ОАЕ Емирати) Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, Поврзано
ВторопласиранSLO Примож Роглич (Џамбо-Висма) Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, Поврзано
ТретопласиранAUS Ричи Порт (Трек-Сегафредо) Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, Поврзано
БодовенIRL Сем Бенет (Декојнинк-Квик Степ) Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, Поврзано
ПланинскиSLO Тадеј Погачар[2] (ОАЕ Емирати) Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, Поврзано
МладинскиSLO Тадеј Погачар[2] (ОАЕ Емирати) Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, Поврзано
БорбеностSUI Марк Хирши[1] (Тим ДСМ) Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, Поврзано
ЕкипенESP Мовистар Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, Поврзано
Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, Поврзано
◀20192021
Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, ПоврзаноДокументација Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, Поврзано

Александер Кристоф го освоил масовниот спринт на првата етапа со што ја освоил првата жолта маичка на трката. Жилијан Алафилип, кој ја предводел минатогодишната трка, го презел водството на трката по втората етапа. Алафилип добил 20 секунди казна откако добил храна преблизу до целта на петтата етапа и го изгубил водството од Адам Јејтс. Јејтс го одржал водството четири етапи пред да загуби значително време на планинската деветта етапа, предавајќи го водството на Роглич. Роглич ја носел жолтата маичка единаесет етапи, но бил претекнат од Погачар во текот на претпоследната етапа 20, хронометар. На традиционалната етапа на Шанзелизе, Погачар го одржал неговото водство на последната етапа.

Бодовниот пласман бил освоен од возачот на екипата Декојнинк-Квик Степ, Сем Бенет, со што тоа било првпат Петер Саган да не го освои бодовниот пласман, иако ја завршил трката. Планинскиот пласман и пласманот за млад возач исто така биле освоени од Погачар, правејќи го првиот возач кој ги освоил жолтата, точкастата и белата маичка во истата година. Погачар е првиот возач кој освоил три различни маички од Едир Меркс во 1972 година, прв возач од Лорен Фињон во 1983 година кој го освоил Тур на неговиот прв настап и прв возач од Кедел Еванс во 2011 година кој ја освоил жолтата маичка на претпоследната етапа на трката.

Мовистар Тим го освоиле екипниот пласман трета година по ред. Марк Хирши од Тим Санвеб бил прогласен за најборбен возач на целата трка. Погачар освоил најмногу етапи, вкупно три.

Одложување

Тур 2020 била во опасност да биде откажана како последица на пандемијата на КОВИД-19 поради што се одржал виртуелен Тур користејќи ја платформата Звифт. На 14 април 2020 година, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) објавиле дека Тур 2020 ќе започне на 29 август 2020 година, додека Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања ќе се одржат во октомври.

Екипи

Тур Де Франс 2020: Одложување, Екипи, Поврзано 
Презентацијата на екипите во Ница

Изданието во 2020 година имало вкупно 22 екипи. Бидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Дополнително, организаторот на трката, поканиле три професионални континентални екипи да учествуваат на настанот. Екипите биле објавени на 7 јануари 2020 година. Секоја екипа имала право на осум возачи во составот, со што 176 возачи ја започнале трката во Ница. На крајот, 146 возачи ја поминале целта на Шанзелизе во Париз.

Екипи од Светската турнеја на UCI (19)ProTeams (3)

Поврзано

Наводи

Белешки

Извори

Надворешни врски

Tags:

Тур Де Франс 2020 ОдложувањеТур Де Франс 2020 ЕкипиТур Де Франс 2020 ПоврзаноТур Де Франс 2020 НаводиТур Де Франс 2020 БелешкиТур Де Франс 2020 Надворешни врскиТур Де Франс 2020Џамбо-ВисмаВелосипедизамГолема трка (велосипедизам)Елисејски полињаНицаОАЕ Тим ЕмиратиПандемија на КОВИД-19Примож РогличРичи ПортТадеј ПогачарТур де ФрансФранција

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Колешински ВодопадСојузни држави на САДСкратеници во македонскиот јазикАрсо ЛоквичкиВладимир АнгеловскиСписок на главни градови во светотУнгаријаЦрква „Св. Недела“ - РанченциПрохор Пчински (манастир)Милениумски крстКонопЦирозаСмрдлива ВодаФудбалска репрезентација на МакедонијаДедо Иљо МалешевскиБогородицаВласинско езероТифусРимска култураСилвија СтојановскаМиланоТрстКлеопатраМоскополеОлимписки боговиБалкански ПолуостровДалијаВакцина против тетанусТромбоцитопенијаЗлатна петорка (филм)ЕлениПанкреасВласиРоднински односиАдолф ХитлерБилјана ТанескиСредоземно МореМладо НагоричанеМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаМакедонски БродНационален парк ГаличицаБастион (музичка група)Армија на МакедонијаОлимпКрушевоБиполарно растројствоСоединети Американски ДржавиСреден векПравославна цркваТурновоДанскаГоце НиколовскиСлобода или смртБубрежна инфекцијаВаландовоСрбијаЗаменки во македонскиот јазикКиро ДоневИстанбулФК Шкендија ТетовоСписок на македонски писателиПирамида (геометрија)Црква „Св. Јован Канео“ - ОхридБудизамКуниДоматКристијано РоналдоЧовекКиткаМозамбикШенка КолозоваЕстрогенМладост (езеро)Список на градови во Германија со повеќе од 100.000 жителиГари1 мајСвети Климент Охридски🡆 More