Трајче Попов

Трајче Попов (Велес, 15 јули 1923 - Скопје, 30 март 2007) — македонски филмски режисер, снимател и сценарист.

Автор е на над 100 документарци, а негово антологиско дело е „Свадбата на Шарпланинецот“.

Трајче Попов
Роден 15 јули 1923
Велес, денешна Македонија Македонија
Починал 30 март 2007(2007-03-30) (возр. 83)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по режијата на:
Македонска крвава свадба
Пресуда
Занимање режисер
Деца Столе Попов

Со гимназиско образование се стекнува во родниот град, а 1945 година во Скопје завршува курс за новинари, по што станува дописник на Новинската агенција Танјуг за Велешкиот округ. Во текот на 1946 година во Белград го завршува курсот за самостојни сниматели и режисери што го организира Комитетот за кинематографија на ФНРЈ и станува дописник на филмскиот журнал на „Звезда филм“. Во овој период, па сè до 1948 година, Попов е регистратор на скапоцена документарна граѓа од терените на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија. Од овој период се и неговите први документарни филмови: „Жито за народот“ (1947), „Низ Пиринска Македонија“ (1948), „Првиот конгрес на КПМ“ (1949) и „Братска помош“ (1950).

Има реализирано преку сто документарни филмови со различна тематска определба, кои ја одбележуваат спецификата на македонското поднебје. Меѓу нив особено се издвојуваат: „Бели мугри“ (1952), „Свадбата на Шарпланинецот“ (1970) и „Ликвидатор“ (1983), за коишто има добиено и вредни награди и признанија, меѓу кои се и наградите 11 Октомври и 13 Ноември.

Попов има снимено и два играни филма - „Македонска крвава свадба“ и „Пресуда“.

Починал во својата 84 година од животот, погребан на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Надворешни врски

Tags:

15 јули1923200730 мартВелесСкопјеСценаристФилмски режисер

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Фернандо МагеланРисто НиковскиЏорџ ВашингтонПоштенски броеви во МакедонијаЕкологијаКоличникЃорче ПетровСупстанцаЈугославијаГригор ПрличевЗанаетчиство во Старата скопска чаршијаЦеребрална парализаРусијаЕвгениј ОнегинСценариоМагнетно полеБелградХипофизаСолунска афераСлонСимеон ІІПетар Поп АрсовРевизор (комедија)Варшавски договорЕгејска МакедонијаНикола ГруевскиГубернаторАкутен бронхитисОхридско ЕзероОливера НиколоваОксидКласицизамВатиканМасовни медиумиЦар СамоилНатриумВиолинаПерунПланетаЦрнила (драма)ПисмоГравитацијаВелесГоце ДелчевТакахиро ОгихараДимитар Поп-Георгиев БеровскиРЕК „Битола“Владо ИлиевскиДимитар МиладиновЖелезоТоплинаСкопски аквадуктСловачкаСимеон Мони ДамевскиОнлајн казиноКралство ЈугославијаПроизвод (математика)ОкеанПроцентРевматоиден артритисИсус ХристосМавровоМагареМомче во пижами со риги (филм)Македонска крвава свадбаГлаголи во македонскиот јазикОгист ШарлоаДишењеЛазар Манчевски - ПинџурСтомакБубрежна инфекцијаКрвна групаШинелПрилеп🡆 More