Награда Антоанета Пери за извонредност во Бродвејскиот театар, позната како Тони награда ― награди кои ги доделува Американското театарско крило и Бродвејската лига на годишна церемонија во Мидтаун Менхетен за исклучителна глума во живо во Бродвејскиот театар.
Наградите се доделуваат за Бродвејски продукции и претстави. Една награда се доделува и за регионалниот театар во САД. Се доделуваат и неколку награди вон официјална конкуренција, како Специјална награда Тони, Тони почести за извонредност во театарот и Наградата Изабел Стивенсон.
Наградите ги основал театарскиот продуцент и режисер Брок Пембертон, а именувани се по Антоанета „Тони“ Пери, глумица, продуцент и театарски режисер која била ко-основач и секретар на Американското театарско крило. Трофејот е медалјон кој може да се врти на кој се прикажани маските на комедијата и трагедијата, поставен на црна основа.
Правилата за наградите Тони се наведени во официјалниот документ „Правила и регулативи за Тони наградите од Американското театарско крило“, кој важи само за таа сезона. Наградите Тони во њујоршката театарска индустрија се на исто рамниште на Еми наградите за телевизија, Греми наградите за музика и наградите Оскар за филм. Личноста која ги освоила сите четири награди се вели дека ја добила наградата EGOT. Наградите Тони се американски еквивалент на наградите Лоренс Оливие од Обединетото Кралство и наградите Молиер во Франција.
Првата церемонија на Тони наградите се одржала на 6 април 1947 година, една година по смртта на американската глумица Антоанета Пери , по која и била наречена наградата. Во првите години од доделувањето се нарекувале „Пери награди“.
Од 1967 година, церемонијата на доделување на наградите се емитува на американската национална телевизија.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Тони (награда), which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.