Филм Тетовирање: филм

Тетовирање — македонски филм (во жанрот драма) од 1991 година, режиран од Столе Попов.

Главните улоги ги толкуваат: Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Ванчо Петрушевски, Ѓорѓи Колозов, Петре Арсовски, Данчо Чевревски, Благоја Чоревски, Младен Крстевски, Стево Спасовски, Милица Стојанова, Шишман Ангеловски, Лиле Георгиева и Александар Шехтански во главните улоги. За овој филм, Столе Попов бил награден со наградата „Златна мимоза“ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови во 1991 година, во категоријата за најдобра режија. Неофицијално, Тетовирање е и првиот македонски филм понуден за номинација за престижната филмска награда Оскар, но не бил прифатен од Академијата.

„Тетовирање“
Филм Тетовирање: Содржина, Улоги, Реакции и награди
плакат од филмот
РежисерСтоле Попов
СценаристМирко Ковач
Главни улогиМето Јовановски
Столе Аранѓеловиќ
Светозар Цветковиќ
Љиљана Меѓеши
Данчо Чевревски
Јовица Михајловски
Петре Арсовски
Кирил Поп Христов
Стево Спасовски
Благоја Чоревски
Зоран Цвијановиќ
Александар Чамински
Кирил Ристоски
Александар Шехтански
Милица Стојанова
Ѓорѓи Колозов
Младен Крстевски
Шишман Ангеловски
Ванчо Петрушевски
Лиле Георгиева
Ѓокица Лукаревски
Нино Леви
Самоил Дуковски
Жанрдрама
МузикаЉупчо Константинов
МонтажаВангел Чемчев-Лаки
ДистрибутерВардар филм, МРТ
Премиера1991
Времетраење128 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Содржина

Дејството на филмот се одвива во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија (го игра Мето Јовановски), кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.

Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот комунистичкиот режим во распад — по една караница со сопругата (ја игра Љиљана Меѓеши) го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер. Откако им станува сомнителен на двајца полицајци кои го забележуваат на железничката станица, завршува во Истражниот затвор, каде е подложен на „вербална и физичка тортура“. Иако малтретиран од затворските чувари и вистинските криминалци и иако дел од една истражна постапка која непрестајно се одолговлекува, невиниот Илија оправдано очекува да биде ослободен од причини што, покрај својата невиност, на негова страна го има и таткото на неговата жена, кој е познат адвокат.

Во меѓувреме, по еден од судирите, борејќи се за сопствениот живот во тепачка со криминалецот Љупчо (го игра Александар Чамински) — кој потоа, не по вина на Илија, им подлегнува на повредите — обвинет е за убиство и е упатен на издржување на затворската казна. „Со тоа, односот меѓу сопружниците добива нова, дури и побогата димензија; миговите на посети од страна на неговата сопруга му даваат на Илија сила да истрае и да се бори за ревизија на процесот.“ Сепак, еден ден, Илија е вовлечен во бегството на затвореникот Змија (го игра Јовица Михајловски) и, при тоа, убиен е од специјалец со куршум испукан во челото на сликата на Исус — истетовирана на неговите гради.

Улоги

Глумец Улога
Мето Јовановски Илко
Лилјана Медјеси Жената на Илко
Столе Аранѓеловиќ Мајстор
Светлозар Цветковиќ Нускало
Петре Арсовски Командирот
Јовица Михајловски Боле Змија
Александар Шехтански
Ѓорѓи Колозов Лале
Младен Крстевски Сибрат
Милица Стојанова Мара
Благоја Чоревски Батко Доктор
Стево Спасовски Професорот
Мите Грозданов Затвореник
Нино Леви
Ванчо Петрушевски Жика
Данчо Чевревски Кифла
Александар Чамински Љубо манијак
Кирил Ристоски Управникот
Заим Музаферија Јордан
Благоја Спиркоски-Џумерко Стражарот
Ѓокица Лукаревски Полицаец
Шишман Ангеловски Бербер
Илко Стефановски
Сабина Ајрула-Тозија
Ѓорѓи Јолевски Гркот
Кирил Поп Христов Исус
Александар Ѓорчев
Ѓорѓи Тодоровски Полицаец
Кирил Гравчев
Мустафа Јашар
Лиле Георгиева Старата продавачка
Атила Клинче
Владимир Јачев Полицаец
Предраг Павловски

Реакции и награди

Реакции

„Тетовирање“ зборува за беспрекорноста на функционирањето на апсурдот, репресијата и насилството и е еден од најпопуларните македонски филмови кога и да е снимени. Роберт Алаѓозовски, во својот есеј „Маргиналните слоеви и поновиот македонски филм“, дава позитивен оглед на филмот велејќи дека „стремејќи се кон една кафкијанска атмосфера и кон еден бекетовски апсурд, дејствието во филмот се интензивира и згуснува, преминувајќи час врз судбината на главниот лик час врз преостанатите, мешајќи ситуации на комични гегови, разуздан гнев и апсурдни чинови, а сето тоа надополнувајќи го со документаристичка веродостојност и издржана метафорика, при што некои ситуации се директна пародија на востоличени филмски клишеа, како што е смртта на главниот јунак“. Денес, „Тетовирање“ има култен статус, а истовремено низа реплики од филмот во изминативе децении се станати дел од вокабуларот на помладите генерации[се бара извор].

Награди

Филмот и екипата што учествува во неговата реализација се добитници на низа награди:

  • 1991Филмски фестивал во Херцег Нови, Гран-при и „Златна мимоза“ за режија (Столе Попов)
  • 1991Филмски фестивал во Ниш, Гран-при за улогата на Мето Јовановски
  • 1991Филмски фестивал во Врњачка Бања, Втора награда за сценариото на Мирко Ковач
  • 1991 — Филмски фестивал „Милтон Манаки“, Битола, Сребрена плакета „Милтон Манаки“ за снимателот Мишо Самоиловски
  • 1991 — Филмско лице на годината за Мето Јовановски според ревијата „Екран“
  • 1991 — Номинација за наградата „Феликс“

Белешки

Надворешни врски

Tags:

Филм Тетовирање СодржинаФилм Тетовирање УлогиФилм Тетовирање Реакции и наградиФилм Тетовирање БелешкиФилм Тетовирање Надворешни врскиФилм Тетовирање1991Ѓорѓи КолозовЈовица МихајловскиАкадемија за филмски уметности и наукиАлександар ЧаминскиАлександар ШехтанскиБлагоја ЧоревскиВанчо ПетрушевскиДанчо ЧевревскиДрамаКирил Поп ХристовЛиле ГеоргиеваМакедонска кинематографијаМето Јовановски (глумец)Милица СтојановаМладен КрстевскиПетре АрсовскиСписок на македонски филмови понудени за номинација за ОскарСтево СпасовскиСтоле АранѓеловиќСтоле ПоповФилмХерцег НовиШишман Ангеловски

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори, 2002ПоздивиштаМенингитисТарабукаЗборник на МиладиновциЛозје (книга)ТапаниСкриеносеменициРахим БекириАутизамАнтони ПешевЕнзимПрва влада на Зоран ЗаевОзонска обвивкаОксидационо-редукциона реакцијаАнтарктикПретседател на МакедонијаХипотироидизамХимна на ВМРОГалебот Џонатан ЛивингстонБорис ТрајковскиЛокални избори во Македонија (2013)Локални избори во Македонија (2005)Болести и аномалии на очитеСашко КедевЈохан ТарчуловскиВодаКатастарски општини во МакедонијаПустина (роман)Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)ГајдаСписок на градови во МакедонијаПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеЃорѓија СајкоскиМакедонски парламентарни избори, 1994Области во КазахстанЏек ЛондонПросветителствоЉубиша ГеоргиевскиЛарингитисДебрцаФјодор Михајлович ДостоевскиХристо УзуновЛокални избори во Македонија (2017)ПопулизамСпоменка (книга)Видови аглиМакедонски претседателски избори (2014)Општина СтругаОпштина Шуто ОризариИзборна единица 9Македонски претседателски избори (1994)Македонски ВласиЈане СанданскиСкопјеШишман АнгеловскиЦар СамоилЈудаизамХамлетОхридски рамковен договорХромозомБојан ЈовановскиИзраелСедум светски чуда на античкиот светОхридски топчест сунѓерПенис (човек)Домашно говедоВлада на МакедонијаВојдан ЧернодринскиДенес над МакедонијаДржавна изборна комисијаМали сипанициВиртуелна машинаВооружена престрелка во Куманово (2015)Арбен ТаравариЃокица ЛукаревскиПелистер🡆 More