Порече Сушица: село во Општина Македонски Брод

Сушица — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Сушица
Порече Сушица: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Сушица

Сушица во рамките на Македонија
Порече Сушица: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Сушица
Местоположба на Сушица во Македонија
Сушица на карта
Координати 41°38′35″N 21°08′37″E / 41.64306° СГШ; 21.14361° ИГД / 41.64306; 21.14361
Регион Порече Сушица: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Порече Сушица: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Македонски Брод
Област Порече
Население 6 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03044
Надм. вис. 980 м
Сушица на општинската карта
Порече Сушица: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Сушица во рамките на општината
Порече Сушица: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Сушица на Ризницата

Географија и местоположба

Порече Сушица: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на двете маала на селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод. Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри.

Атарот зафаќа површина од 7,4 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 106 хектари, на пасиштата отпаѓаат 229 хектари, а на шумите 224 хектари.

До селото води макадамски пат, кој се двои од локалниот пат кој води до селото Томино Село.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 9 семејства и 1 неженет, сите христијани.

Во XIX век, Сушица било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото нема развиена земјоделска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948252—    
1953241−4.4%
1961167−30.7%
1971117−29.9%
198174−36.8%
ГодинаНас.±%
199125−66.2%
199424−4.0%
200213−45.8%
20216−53.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сушица имало 260 жители, сите Македонци. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сушица имало 320 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Селото е мало, населено со македонско население, коешто во 1961 година имало 167 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 24 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Сушица имало 13 жители, од кои 12 Македонци и 1 Србин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 260 320 252 241 167 117 74 25 24 13 6

Родови

Сушица е македонско село.

Родови во селото се: Ковачевци (6 к.), Атулевци (13 к.) и Ѓорговци (6 к.), сите потекнуваат од ист предок и доселени се од раселениот град Закамен.

Самоуправа и политика

Порече Сушица: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Никола“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Зркле се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0261 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.

Културни и природни знаменитости

    Цркви

Личности

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Порече Сушица Географија и местоположбаПорече Сушица ИсторијаПорече Сушица СтопанствоПорече Сушица НаселениеПорече Сушица Самоуправа и политикаПорече Сушица Културни и природни знаменитостиПорече Сушица ЛичностиПорече Сушица ГалеријаПорече Сушица НаводиПорече Сушица Надворешни врскиПорече СушицаМакедонски БродОпштина Македонски БродПорече

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Земји членки на Европската УнијаСписок на тегоби и болки на стапалатаМакедонска азбукаМакедонски парламентарни избори, 1994Предмет (граматика)26 Април (спортска сала)Табла (игра)КорозијаСписок на градови во Македонија по населениеЛокални избори во Македонија (2017) — Град СкопјеКокошкаЖелезнецМакедонски парламентарни избори, 2008Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)ПанкреасИзраелСтругаСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаОслободителна народна армијаБедија БеговскаМеѓународен аеродром СкопјеЛарингитисУпад во Собранието на Македонија (2017)РимАутизамМакедонски парламентарни избори, 1998Еден на еденМакедонски претседателски избори (2014)Овчи сипанициТоше ПроескиНикола ГруевскиЛибанТоксикологијаАмди БајрамБубамариОпштина Старо НагоричанеБрадикардијаИзборна единица 9Европска УнијаМогорчеМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаИзет МеџитиЦирозаЦистична фиброзаХИВСоветски СојузЛабуништаНародна Република МакедонијаХепатит ЦВлада на МакедонијаГрад СкопјеКалиопиКрвна групаРечник на стари македонски зборовиОпштина Чучер-СандевоДесница (политика)ЗемјотресМајка ТерезаАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаГевгелијаЈоаким КрчовскиАтентат врз Киро ГлигоровТуризам во Русијаr9bf6ЃомлезеМакедонски парламентарни избори (2006)Ристо КрлеСилвио ПиколоминиСолунски атентатиЕвропаМакедонски парламентарни избори (2008)Алберт АјнштајнДонтов методОпштина Центар ЖупаЃурѓовденМалта🡆 More