Фестивал Сурва

Сурва (бугарски: Сурва) — меѓународен фестивал на маскенбалски игри од областа Перник во Бугарија, кој секоја година се одржува на 13 и 14 јануари во чест на Новата година според стариот календар.

Во 2015 г., овој фестивал бил вклучен во списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на светот. Ваков обичај се одржува и во Македонија, односно во селото Ѕвегор, Делчево, наречен Ѕвегорска сурва.

Фестивал Сурва
ЗемјаБугарија
Поврзница00968
ОбластПерник
Историја на впишувањето
Впишување2015 (10. сесија)

Фестивал

Фестивалот го организира општина Перник од 1966 г. Од 1985 г., фестивалот има меѓународен статус. Од 1995 г. Перник е примен како член на Европската федерација на карневалски градови. Од 2008 г., Меѓународниот маскенбалски фестивал се одржува секоја година во последната сабота и недела од јануари.

Неговиот најпривлечен дел е дводневната поворка на маскирани групи од земјата и странство. Во центарот и по градските улици, учесниците се натпреваруваат да ја покажат живописноста на нивните игри и нивните уникатни маски и костими. Мажите во застрашувачки демонски маски со свиткани рогови, долги носеви и испакнати заби се лелеат напред-назад. Нивниот танц по улиците на Перник е проследен со збрканиот звук на ѕвоната што ги носат околу појасот.

На фестивалскиот натпревар учествуваат повеќе од 5.000 луѓе во повеќе од 90 маскенбалски групи од сите етнографски области на Бугарија, како и гости од Европа, Азија и Африка. На првиот фестивал во 1966 г. учествувале 800 луѓе од сите краишта на градот Перник. Фестивалот е проследен со низа настани — претстави, емисии, базари итн.

Наводи

Надворешни врски


Tags:

Фестивал Сурва ФестивалФестивал Сурва НаводиФестивал Сурва Надворешни врскиФестивал Сурва1314 јануари2015ЅвегорБугаријаБугарски јазикГодинаДелчевоКалендарМакедонијаНематеријално културно наследствоНова годинаПерник (област)СветУНЕСКО

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ХоландијаДуховденМакедонски денарДвижење БесаКоронарна артериска болестЗрзески манастирМакедонски претседателски избори, 1999Владо БучковскиИменкаК-15Крушевска РепубликаЗоран ЗаевСолунСедум смртни гревовиСрпска странка во МакедонијаГолготаМалтаЏез640ЖелатинСписок на држави по населениеВелика саботаМакедонска радио-телевизијаЖелкиПере ТошевОпштина Маврово и РостушеИстанбулВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоИван ТерзиевМали сипанициКостур (град)Венко ФилипчеБојаВласиВоајеризамОВКПробиштипВознесение ХристовоВМРО-ДПМНЕСвети Климент ОхридскиНови СадПиту ГулиСоцијалистичка партија на МакедонијаКирилицаОслободителна народна армијаЛевица (политика)Сојуз на Ромите од МакедонијаЏевдет ХајрединиМакедонски паничарИгор КостескиБогородицаСиндром на стекнат имунолошки дефицитЈудаизамПрво заседание на АСНОММатка (кањон)Прва светска војнаБалкански ПолуостровХамлетБошко НајдовскиВелигденМРСАСнежана КиселичкаАртритисВлада на Димитар КовачевскиПрохор Пчински (манастир)ЗдравецЕвропска УнијаСмрдлива ВодаТримериОпштина ОхридИзбори во МакедонијаИсторија на ИранРепублика КосовоБосна и ХерцеговинаШирденБорис IВатиканОбединети за МакедонијаРадовиш🡆 More