Речник На Македонскиот Јазик Со Српскохрватски Толкувања

Речник на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања – тритомен речник на македонскиот јазик со толкувања на српскохрватски јазик.

Речникот е издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ под организација на Специјалната комисија во состав: Блаже Конески, д-р Михаил Петрушевски и Крум Тошев. Првиот том е издаден во 1961 година, вториот во 1965, а третиот во 1966 година.

Речник на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
ИздавачИнститут за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Издадена
од 1961 (I том) до 1966 година (III том) во Скопје

Опис

Речникот на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања спаѓа во речниците средни по обем, кој содржи околу 65 000 лексички единици. Ова се потврдува со броевите што се наведени на крајот од сите три тома: во првиот том е регистрирано дека има 29 359, во вториот – 17 799 и во третиот – 17 364 заглавни зборови. На крајот од третиот том е даден и прецизниот број за вкупниот број од заглавни зборови, кој изнесува 64 522 заглавни зборови.

Првиот том од речникот е објавен во 1961 година. Материјалот за истиот бил обработен од тогашните асистенти на Институтот за македонски јазик: Тодор Димитровски, кој ги има обработено буквите Г, Ѓ, З и Ѕ, Благоја Корубин, кој ги има обработено буквите А, Б, Е, Ј, Љ, М и Н, Трајко Стаматоски, буквите В, Ж и К, а првата обработка на буквите Д и И ја има извршено Борис Марков.

Како што е наведено во предговорот на вториот том било предвидено работата на речникот да биде завршена до 1963 година:

„Се предвидуваше работата врз Речникот на македонскиот јазик да се заврши до крајот на 1963 година. Меѓутоа, катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26. VII 1963 година попречи да се исполни таа намера. Материјалот на Речникот за среќа, не беше оштетен и веднаш по земјотресот беше пренесен во Титов Велес, каде што се чуваше во Градскиот архив. Требаше да поминат повеќе месеци дури се создадоа услови за довршување на Речникот.“   

Вториот том е објавен во 1965 година, а третиот во 1966 година. Материјалот од вториот и од третиот том биле изработени од тогаш веќе научните соработници: Тодор Димитровски, кој се јавува како автор на материјалот од буквата П, Благоја Корубин, кој е автор на буквите О, Т, Ќ, У, Ч, Џ и Ш и Трајко Стаматоски, кој го изработил материјалот од буквите Р, С, Ф, Х, Ц. Буквите О и П се влезени во вториот том, а останатите букви – во третиот том.

Значење

Објавувањето на Речникот во тој период ја пополнил празнината во македонскиот јазик, како во рамките на лексикологијата и на лексикографијата, така и воопшто на македонскиот јазик. Со појавувањето на Речникот се стабилизирал речничкиот фонд на македонскиот литературен јазик.

Изданија

Освен оригиналното, Речникот на македонскиот јазик со српскохрватски толкување доживеал уште едно издание:

Поврзано

Наводи

Tags:

Речник На Македонскиот Јазик Со Српскохрватски Толкувања ОписРечник На Македонскиот Јазик Со Српскохрватски Толкувања ЗначењеРечник На Македонскиот Јазик Со Српскохрватски Толкувања ИзданијаРечник На Македонскиот Јазик Со Српскохрватски Толкувања ПоврзаноРечник На Македонскиот Јазик Со Српскохрватски Толкувања НаводиРечник На Македонскиот Јазик Со Српскохрватски ТолкувањаБлаже КонескиИнститут за македонски јазик „Крсте Мисирков“Крум ТошевМакедонски јазикМихаил Петрушевски

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КарпатиЖелудникСмрт и погреб на Јосип Броз ТитоПопис на населението во Македонија (2021)БерлинБитка кај Мечкин КаменЅвезда од КутлешВанчо ПетрушевскиЕдиница за брзо распоредувањеЧернобилска несреќаБели дробовиВлада на МакедонијаСвети Наум Охридски ЧудотворецЦрква „Св. Климент Охридски“ - СкопјеАрбен ЏафериВрело (пештери)ВоскресениеТинитусЕнтропијаЛокални избори во Македонија (2005)Историја на македонскиот јазикКурск (подморница)ХемороидБорис СарафовАртан ГрубиРак на усна празнинаВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаИзборна единица 4Старословенска азбукаПреспански договорРисто ШишковГудачки инструментиШвајцаријаМилан ЗавковСрцева слабостНалеј, налејГемиџииИванденХристијан МицкоскиСписок на градови во ГерманијаОрален сексГрцијаОсоговски ПланиниЈоаким КрчовскиАреаСтарословенски јазикРак на грлоОпштина Центар ЖупаГордана Силјановска-ДавковаПреспанско ЕзероАтанасовденСвети Климент ОхридскиВакцина против тетанусИгор ИвановФудбалВладо ДојчиновскиЗаменки во македонскиот јазикМајка ТерезаМијациМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаБугарски возДубравка КиселичкиКозјак (езеро)ЕвропаТемјанВесна БендевскаПируника КиселичкиГевгелијаЉубчо ГеоргиевскиАлергиски дерматозиРепубликата во пламен (филм)Блага ПетрескаВасил ТупурковскиНеандерталец🡆 More