Тодор Димитровски

Тодор Димитровски (19 февруари 1922 во Подлес, Велешко — 15 ноември 2000 во Скопје) — македонски лингвист, книжевен историчар, теоретичар и преведувач.

Животопис

На десет години неговите родителли се преселиле во Скопје (1932 година), каде што завршил основно училиште и гимназија (1940), Филолошки факултет (1954) и хабилитирал со трудот „Интернационалниот слој во јазикот на Крсте Мисирков“ (1970). Работел како преведувач во Македонската редакција на ТАНЈУГ, неколку години во весникот „Трудбеник“ (1945-1949), а потоа бил лектор во книгоиздателствата „Ново поколение“ и „Кочо Рацин“ (1950-1953). Работел како научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Бил претседател на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија (1982-1989). Почесен член на ДПМ.

Автор е на книгите: еден од составувачите на Речник на македонскиот јазик, 1-3 (1961 - 1966), еден од авторите на Правопис на македонскиот јазик, Григор Прличев, Собрани текстови, приредил (1974), Коле Неделковски, Стихови, приредил (1975), За македонскиот јазик, уредник, соавторство (1978), Коле Неделковски, Собрано дело, предговор, коментар, избор и редакција (1981), Од Пејчиновиќ до Рацин (1982), Димитрија и Константин Миладиновци, Зборник на народни песни, уредник, соавторство (1983), Речник на македонската народна поезија, кн. 1-2, уредник (1983-1987), Речник на Бели мугри на К. Рацин (1990), Речник на литературните изрази (1996), Подвигот на Миладиновци (2000), Нивната мака на перото (2000), Галичник и Мијаците (2000). Преводи: Слово за походот Игорев (1960). Добитник на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Златно перо“, „Григор Прличев“.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

15 ноември19 февруари19222000ВелешкоКнижевен историчарЛингвистМакедонциПодлесПреведувачСкопјеТеоретичар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БелгијаИсторија на парите во МакедонијаШугаДенес над МакедонијаЛимфен системХанс ЦимерОпштина РесенРак на грлоГ’зим ОстрениСписок на тегоби и болки на стапалатаПодметЈошка МиленковскиКрвна групаМалиот принцЈеховини сведоциРастенијаСписок на повикувачки броеви на земјитеЧовекВладо ЈаневскиШехзаде Бајазит (син на Сулејман I)ГостиварПланинарски дом „Караџица“УмаРадовишДељадровциСвети Климент ОхридскиБорис СарафовНенад СтојановскиДимитар КовачевскиКрива ПаланкаТиквешко ЕзероМакедонски народни песниДропка24 мај (празници)Виолета ТомовскаДивљеПрва македонска фудбалска лигаИгор НиколовскиИлијадаБистра вода (серија)Матка (кањон)ВирусГрадови во ГерманијаОпштина БитолаМасакр во ВаташаСписок на македонски народни поговоркиПроливЛимфомМали сипанициБелградГеографија на МакедонијаМакедонски народни инструментиМечкаСветско населениеПенис (човек)КратовоЗмијаНежилово (Велешко)ВелесБислимска КлисураМладост (езеро)Никола ТеслаГрадови во АвстријаНеготиноМакедонски јазикМетодија Андонов-ЧентоСебороичен дерматитЈане СанданскиПаркинсонова болестСписок на реки во МакедонијаМарс (планета)Крушевска РепубликаХипертироидизамШвајцаријаКајмак (филм)Сител-телевизијаКуниВтора светска војнаШтип🡆 More