Радогост

Радгост, Радигост, Редегаст претставува уште едно словенско божество за чиј идентитет не можеме да зборуваме со сигурност.

Како најсигурни податоци се сметаат истражувањата на Титмар и Бремински. Тој припаѓа на божествата од локален карактер кај Лужичаните. Постојат мислења, засновани пред сè врз Титмаровите забелешки дека Радигост претставувал племенски епитет на Сварожиќ.

Радогост
Статуа на Радогост.

Во Ретра, градот помеѓу Лаба и Одра каде владеело племето на Ретеријани постоел храм на ова божество кој по Титмар има следни одлики: “ Во внатрешноста (на прекрасниот храм на Радигост) стојат кипови на боговите вешто изработени рачно; на секој од нив е издлабено неговото име; на глава имаат шлемови, покриени со панцири па изгледаат страшно. Првиот од нив се вика Сварожиќ, сите незнајбожци го почитуваат и му се поклонуваат повеќе отколку на другите богови. Тука се чуваат и знамињата, од светилиштето се изнесуваат само во случај на војна. За чување на ова богатство и храм поставени се особени жреци, кога народот ќе се собере во храмот да принеува жртва на идолите... единствено тие имаат право да седат...”

Во описите на А. Бремински сретнуваме друг податок: “Нивниот најмногубројниот град е Ретра, кој е истовремено и место на идолопоклонството. Во него има еден храм посветен на сатана, чиј кнез е Радигост. Неговиот идол е од злато, а постелата е темноцрвена пурпурна...”

Според сè Радигост бил бог на војната, покробител на рицерските доблести. Од сведоштвата на Хелмолд се заклучува дека паганските племиња кои биле под неговата заштита се сметале себеси за најсилните и најблагородните поради моќта на нивниот бог да дава точни пророштва како одговор на нивните жртвувања. Гатањето во Радигостов храм се обавувале со коњ, по принесувањето на жртвата (принесувани му се човечки жртви, главата на епископ Јован пободена на кол) .

Користена литература

  • Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.

Tags:

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Љупчо ДимовскиГолеми и мали (роман)РибиНационална демократска преродбаЛазар КолишевскиЛокални избори во Македонија (2013)Христо ТатарчевКанцониеротСреден векПрва светска војнаМакедонски парламентарни избори (2008)Затемнување на СонцетоНовациЕдиница за брза интервенција „Лавови“ОхридМакедонски парламентарни избори, 1994Македонски парламентарни избори (1986)Национален парк МавровоЕволуција на човекотАмди БајрамМухамед ХалилиТоше ПроескиШишман АнгеловскиСоцијалистичка Република МакедонијаЗаушкиЛазар Поп-ТрајковКокосова палмаАна ФранкБиполарно растројствоТалат ЏафериПоштенски броеви во МакедонијаНова либерална партијаРистиќева палатаГевгелијаЛазарова саботаУстав на МакедонијаНезависен политичарКатерина ШехтанскаЃорге ИвановОпштина Чешиново-ОблешевоЗемја (планета)Избирачко местоБегалкаБубрегМерсиха СмаиловиќЖолто МореХепатитОпштина Крива ПаланкаНорвешкаСтевчо ЈакимовскиФлораЗвездана АнгеловскаАрмија на МакедонијаПавле АрсоскиОливер АндоновКрвВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Илинденско востаниеЛила СтојановскаКипарЛимонКамен мост (Скопје)Трајко ВељаноскиКапитализамГлаголицаВасил ТупурковскиЈужна АмерикаМакедонски претседателски избори, 2004Венко ФилипчеБорис ТрајковскиЈани МакрадулиЦрн дробЛавОпштина Шуто ОризариЛозје (книга)Методија Андонов-ЧентоТетовоРадмила ШекеринскаРајко Жинзифов🡆 More