Псоријаза

Псоријазата генерално се смета за генетско заболување кое е поттикнато од факторите од околината.

Во студии на близнаци, се покажало дека идентични близнаци имаат трипати поголема шанса да бидат афектирани во споредба со неидентични близнаци. Ова наведува дека генетските фактори се предиспонирачки за развојот на псоријаза. Симптомите вообичаено се влошуваат за време на зимата и при употреба на одредени лекови, како бета блокатори или НСАИЛ. Инфекциите и психолошкиот стрес играат клучна улога. Псоријазата не е заразна. Основниот механизам вклучува реакција на имуниот систем против клетките на кожата. Дијагнозата вообичаено се поставува врз основа на знаците и симптомите.

Псоријаза
Псоријаза
Грбот и рацете на лице со псоријаза
СпецијалностДерматологија
СимптомиЦрвени, лушпести плаки на кожата кои чешаат
КомпликацииПсоријатичен артритис
Вообичаена појаваКај возрасни
ВреметраењеДолготрајно
ПричинителиГенетско заболување поттикнато од факторите од околината
Дијагностички методВрз основа на симптомите
ТретманСтероидни кремови, кремови со витамин Д3, ултравиолетова светлина, имуносупресиви како метотрексат
Честота79.7 милиони / 2–4%

Не постои лек за псоријаза; сепак, различни третмани можат да помогнат во контрола на симптомите. Третманот вклучува стероидни кремови, крем со витамин Д3, ултравиолетова светлина и лекови кои го супримираат имуниот систем, како што е метотрексатот. Околу 75 проценти од случаите можат да бидат менаџирани само со кремови. Оваа болест се јавува кај два до четири проценти од населението. Мажите и жените се еднакво погодени. Болеста може да се појави на било која возраст, но вообичаено се јавува кај возрасни. Псоријазата е поврзана со зголемен ризик од псоријатичен артритис, лимфоми, кардиоваскуларна болест, Кронова болест и депресија. Псоријатичниот дерматитис зафаќа и до 30 проценти од лицата со псоријаза.

ПСОРИЈАЗА

Псоријазата претставува хронично, незаразно, мултисистемско ( зафаќа повеќе органски системи), воспалително нарушување. Луѓето со псоријаза имаат генетска склоност за оваа болест, која најчесто се одразува со промени на кожата на лакотот, коленото, скалпот ,лумбосакрална регија(половината) итн.

Зглобовите исто така можат да бидат зафатени и тоа се случува кај околку 30% од луѓето со псоријаза.Псоријазата има склоност да се зголемува или намалува во интензитет наеднаш, во зависност од факторите на околината и системските фактори, како што се стресни ситуации или инфекција.

Псоријазата е болест која е прeдизвикана од повеќе фактори, комплексна, но се смета дека главно влијание имаат генетските фактори и имуно посредуваните фактори. Тоа се докажува и при успешниот третман на псоријазата со имунопосредувани биолошки супстанци. Постојат повеќе теории за настанувањето, за момeнтот од кога отпочнува развивањето на болеста(тригер фактор). Како тригер фактор се смета стресната ситуација во животот, инфекцијата во телото, трауматскиот настан. Сепак кај многу пациенти и не може да се посочи фактор кој го отпочнал процесот на развивање на псоријазата. Карактеристични за оваа болест се псоријатичните плаки кои се резултат на леукоцитна имобилизација во епидермисот (горниот поповршински дел од кожата) и дермисот (подлабокиот дел од кожата). Точно се работи за Т-клеточна хиперактивност(Т-cell) и проинфламаторни медијатори (IL 17/23) кои играат главна улога во настанувањето на псоријазата. Настанува и голема продукција на други проинфламаторни медијатори (TNF alfa, interferon gama, IL12).

Хистолошки промените настануваат заради васкуларно зголемување на површинските крвни садови кои се дилатирани (проширени) и нарушен клеточен циклус. Епидермална хиперплазија (зголемен број на клетки) води кон нивен поголем број, но несоодветно зреење. Нормалниот клеточен процес опфаќа 23 дена, а тука тој трае 3-5 дена. Клетките од гранулозниот слој на кожата нормално ги губат своите јадра, но кај ова нарушување ги задржуваат појава позната како ПАРАКЕРАТОЗА. Нарушено е ослободувањето на одредена количина на масти кои нормално имаат улога за зацврснување и спојување на слоевите на кожата. Без ослободување на мастите од клетките од епидермисот кои се променети настанува нарушено спојување на stratum corneum (површинскиот слој на кожата) што води кон создавање плаки и лупење.

Честота

2-3% од светската популација е зафатена со псоријаза. Почеста за некој мал процент кај жените отколку кај мажите. Средна вредност на јавување на псоријазата е околу 28 година, 10-15% од заболeните се деца под 10 годишна возраст. Зацрвенета зона која е издигната над кожата со плака со сребрена боја која може да се лушти, јавување на повеќе такви зони, болка, чешање, без треска, постоење на претходна инфекција на грло или траума, семејно предиспонирани, болка во зглобови (псоријатичен артритис).

Постојат повеќе различни типови на псоријаза, најчестата е карактеристична по нејзините плаки кои имаат сребреникава боја, воспалени и издигнати над кожата. Најчесто се јавува на колена, лакти, скалп, половина итн. Може да се зафатени и ноктите од псоријаза.

Дијагноза

Лабораториски испитувања:

Ревматоиден фактор(најчесто негативен), Седиментација(нормална), Урична киселина( може да е зголемена па да прави прoблем во дијагнозата заради истовремено сомневање за гихт), 

Габично испитување и ТЕСТ со латекс фиксација.

Третман

Псоријаза 
Шематски приказ на третманот на псоријаза

Мачкање со креми со навлажувачко дејство (хидратантни) особено после туширањето, бањи со овесни снегулки ја олеснуваaт псоријазата, ултравиолетовото зрачење исто така ја олеснува псоријазата. Медикаменти кои се употребуваат за лекување на псоријазата се: топикални кортикостероиди (Бетаметазон, Триамцинолон ацетонид), Кератинолитички агенси (Антралин), Витамин Д аналози (калцитриол,калципотриен), топични Ретиноиди(тазаротен), имуномодулатори (такролимус), итн.

Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори



Tags:

Псоријаза ПСОРИЈАЗАПсоријаза ЧестотаПсоријаза ДијагнозаПсоријаза ТретманПсоријаза НаводиПсоријаза Надворешни врскиПсоријазаБета блокаториНСАИЛ

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Робинзон КрусоМакедонски претседателски избори, 1999Државни празници во МакедонијаДоктор ОфболиДневникот на Ана ФранкВила ВодноНова либерална партијаОпштина ВелесСписок на држави по населениеБиполарно растројствоАли АхметиМакедонски парламентарни избори (1986)Либерално-демократска партијаСтрујно колоСлуз-цедење во грлотоПроцентПанонски легендиОпштина НовациОхридско ЕзероСписок на змии во МакедонијаБременостПченкаСписок на држави и територии во ЕвропаЈанко БачевВилијам ШекспирПере ТошевВтора влада на Никола ГруевскиТриаголникЦар СамоилНезависен политичарАнтички МакедонциАмди БајрамВоен конфликт во Македонија, 2001ГаличицаМакедонски претседателски избори (2014)МоскваМакедонски хумористични народни приказни (книга)ПехчевоЕдинствена МакедонијаДемографија на МакедонијаМочуриштеАтентат врз Киро ГлигоровЈане СанданскиЛатвијаОпштина Чучер-СандевоЧир на желудникотРевизор (комедија)Венко ФилипчеВидови аглиЛиберална партија (Македонија)НилМакедонски парламентарни избори (2024)Речник на стари македонски зборовиБорис СарафовРадождаНорвешкаФаунаОпштина КичевоПутурусЧетврта влада на Никола ГруевскиРамнокрак триаголникОче нашВесна БендевскаШизофренијаТоше ПроескиДанела АрсовскаДанте АлигиериМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаПропорционална застапеностБранко ЦрвенковскиГаличникГемиџииГРОМДемократска партија на Турците на МакедонијаПалиградБалкански рисЛуцерка🡆 More