Прв Алија

Првиот алија (хебрејски: העלייה הראשונה, HaAliyah HaRishona) или познат и како земјоделски алија, бил првиот голем бран на ционистичко доселување (алија) во отоманска Палестина помеѓу 1881 и 1903 година.

. Евреите кои мигрирале за време на овој бран потекнувале претежно од источна Европа и од Јемен. Околу 25 –35 000 Евреи се доселиле за време на овој бран. Голем дел од европските еврејски имигранти во периодот од крајот на 19 и почетокот на 20-от век се откажале по неколку месеци и се вратиле во нивните земји, честопати страдајќи од глад и болести. Бидејќи имало имиграција во Палестина и во претходните години, употребата на терминот „Прва Алија“ е контроверзна.

Прв Алија
Градинка во Ришон Лецион,1898 г.

Скоро сите Евреи од Источна Европа пред тоа време потекнувале од традиционални еврејски семејства. Имигрантите кои биле дел од Првиот Алија излегле повеќе од врска со земјата на нивните предци. Повеќето од овие имигранти работеле како занаетчии или во мала трговија, но многумина работеле и со земјоделство. Само некои од нив дошле организирано, со помош на Ховевеј Цион, но повеќето биле неорганизирани.

Првиот Алија се сметал за успешен низ очите на некои историчари, бидејќи ционистите биле во можност да мигрираат и да напредуваат економски во Палестина. Само мало малцинство од 6.000 кои емигрирале, околу 2%, останале во Османлиска Палестина. Според „Еврејската виртуелна библиотека“ скоро пола од делениците за време на Првиот Алија не останале во Палестина/ Израел.

Источноевропски Евреи

Еврејската имиграција во Османлиска Палестина од Источна Европа се создала како дел од масовните емиграции на приближно 2,5 милиони луѓе, емиграција која се одвивала кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Брзиот пораст на населението создал економски проблеми што ги засегнале еврејските општества во Русија, Галиција и Романија.

Прогонството на Евреите во Русија исто така било фактор. Во 1881 година бил убиен царот Александар Втори од Русија, а властите ги обвиниле Евреите за атентатот. Следствено, покрај законите во мај, големите антиеврејски погроми ја зафатиле евреиските населби. Движење наречено Ховевеј Цион (љубов кон Цион) се раширил низ еврејските населби. Двете движења ги охрабриле Евреите да емигрираат во Османлиска Палестина.

Јемен

Првата група на јеменски Евреи дошле околу 7 месеци пред да дојдат источноевропските Евреи во Палестина.

Населби

Првиот алија ги поставил темелите на еврејските наслеби во Израел. Населби кои биле основани од деселеници за време на Првиот Алија се:

  • Ришон Лецион (1882)
  • Рош Пина (1882)
  • Цихрон Јаков (1882)
  • Петах Тиква (1882)
  • Мазкерет Батја (1883)
  • Нес Циона (1883)
  • Јесуд Намала (1883)
  • Гедера (1884)
  • Бат Шломо (1889)
  • Меир Шфеја (1889)
  • Реховот (1890)
  • Мишмар Хајарден (1890)
  • Хадера (1891)
  • Ејн Зејтим (1892)
  • Моца (1894)
  • Хартув (1895)
  • Метула (1896)
  • Бер Тувија (1896)
  • Бнеј Јехуда (1898)
  • Маханајим (1898–1912)
  • Иланија (1899)
  • Меша (1901), преименувано во Кфар Тавор in 1903
  • Јавнел (1901)
  • Менахемија (1901)
  • Бејт Ган (1903)
  • Атлит (1903)
  • Бинјамина-Гиват Ада (1903)
  • Кфар Саба (1904)

Белешки

Литература

  • Kark, Ruth; Oren-Nordheim, Michal (2001). Jerusalem and Its Environs. Magnes Press. ISBN 0-8143-2909-8.
  • Ben-Gurion, David (1976), From Class to Nation: Reflections on the Vocation and Mission of the Labor Movement, Am Oved (хебрејски)

Tags:

Прв Алија Источноевропски ЕвреиПрв Алија ЈеменПрв Алија НаселбиПрв Алија БелешкиПрв Алија ЛитератураПрв АлијаЈеменЕвреиИсточна ЕвропаОтоманска ИмперијаПалестинаХебрејски јазикЦионизам

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ИндијаРајна АлексоваЦрна ГораСтудени нозеАзија1663 во уметностаЕфто ПупиновскиЗемја (планета)Системски лупус еритематозусЛанец на исхранаГоран СтефановскиДиазепамРак на грлоЖивотна срединаКајмак (филм)Заздравување на ранаДаниел ДефоБели мугриВодолија (хороскопски знак)Општина Гази БабаКрвна групаЛесновски манастирФумихико МакиАфрикаПлатонМиом на маткаЕгипетБиблијаСвињарствоЗурла (македонска)ХемоглобинДишењеВикиДождКамилаДесет Божји заповедиНервен системКронова болестМакедонско востаниеГлаголNext TimeБојан МиовскиВоен конфликт во Македонија, 2001Антифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаЈаков СтобискиФаготЛазар Манчевски - ПинџурСписок на држави по населениеОксидМакедонија во Втората светска војнаСписок на политички партии во МакедонијаКамилиСобрание на МакедонијаОслободување на Македонија во Втората светска војнаЈужна АмерикаФудбалЗатемнување на СонцетоИстанбулПроста реченицаМајка ТерезаСолунски атентатиСтудена војнаКеопсова пирамидаНатриумБања БанскоСашка ДимитровскаАнтибиотикКларинетЗбунети години1880 во музикатаИнтернетКиро ГлигоровПунски војниБитолаХрватска🡆 More