Монтсерат Плимут: напуштен главен град на Монтсерат

Плимут (англиски: Plymouth) — напуштен град на островот Монтсерат, британска прекуморска територија во Малите Антили на Карибите.

Плимут
Plymouth
напуштен град
Плимут во 2006 г.
Плимут во 2006 г.

Плимут во рамките на Монтсерат
ЗемјаМонтсерат Плимут: Историја, Сообраќај, Образование Обединето Кралство
Прекум. територијаМонтсерат Плимут: Историја, Сообраќај, Образование Монтсерат
Население (2016)
 • Вкупно0
 4.000 жит. пред евакуацијата
Часовен појасAST (UTC-4)
Монтсерат Плимут: Историја, Сообраќај, Образование
Состојбата на Плимут во 1997 г.

Гратчето е изградено врз наслаги од лава близу неактивниот вулкан Суфриер. Населението е евакуирано во 1995 г. кога вулканот почнал да избива по многу долго време мирување, иако со векови бил единствено пристаниште за приод кон островот. Плимут е трајно напуштен во 1997 г. откако е потрупан со вулканска пепел и изгорел со низа пирокластични текови и лахари . Денес сè уште формално важи за главен град на Монтсерат, со што е едиствениот напуштен град со ваков статус во светот. Управните установи се сместени во селото Брејдс во северниот дел на островот.

Историја

По избивањето на вулканот, управата го иселила сето население на Плимут со помош од британската морнарица. Пристапот за јавноста е забранет во сета јужна половина на островот поради постојаната активност на вулканот. Управата е привремено преместена во Брејдс, иако во изградба се нов главен град и пристаниште во Литл Беј на севрозапад.

Разорувањето на Плимут предизвикало огромна економска криза на островот. Градот бил многу поголем од другите населби на Монтсерат и во него се наоѓале речиси сите продавници и услужни места. Иако некои од нив се обновени по други места на островот, ова не го спречила масовното иселување на островјаните. Поради тешкиот живот, две третини од населението на островот морало да се пресели во Британија, сведувајќи се на 1.200 жители веќе во 1997 г. Сепак, бројот на жители постепено почнал да се накачува, и во 2016 г. Монтсерат надминал 5.000 жители.

Сообраќај

Аеродромот „В.Х. Брамбл“ кај Плимут е затворен во 1997 г. и потоа потрупан од вулканската пепел. Неговата улога ја презел новиот аеродром „Џон А. Озборн“ кај Брејдс.

Образование

Во периодот пред катастрофата, Плимут имал едно основно училиште, и едно средно училиште со нижи паралелки.

Поврзано

  • Суфриер
  • Литл Беј
  • Географија на Монтсерат

Наводи

Надворешни врски

16°42′23″N 62°12′57″W / 16.7064° СГШ; 62.2158° ЗГД / 16.7064; -62.2158

Tags:

Монтсерат Плимут ИсторијаМонтсерат Плимут СообраќајМонтсерат Плимут ОбразованиеМонтсерат Плимут ПоврзаноМонтсерат Плимут НаводиМонтсерат Плимут Надворешни врскиМонтсерат ПлимутАнглиски јазикБритански прекуморски територииКарибиМали АнтилиМонтсерат

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Кајмак (филм)ДропкаСУ „Д-р Панче Караѓозов“ - СкопјеЦирозаПреспавБолести на белите дробовиМакедонски народни носииПрагаВерсај (дворец)КрвМакедонски народни приказни (ТВ-серија)МарихуанаЕтанолБорис ЧоревскиГрад СкопјеВенко МарковскиЗа македонцките работиИнфективна мононуклеозаШвајцаријаМарков манастирДарко ПанчевСвета ГораЈордан Поп Јорданов - ОрцетоМакедонска револуционерна организацијаБудимпештаЛабуништаЕлектрична енергијаСообраќаен знакЗагадување на воздухотЈоаким КрчовскиТетовирање (филм)Чорбаџи ТеодосПремиер лига на АнглијаАбортусКоле КанинскиПанче КараѓозовСвети НиколеДневникот на Ана ФранкНикола Димитров (дипломат)ВенецијаПанкреасЈасен (резерват)ПсоријазаТумор на мозокБлизнаци (хороскопски знак)Пере ТошевМечкин КаменКарпошБозаКристијано РоналдоРадишаниМоскополеСвети Јоаким ОсоговскиКамен мост (Скопје)Градови во ГерманијаПодметМухамедНеготиноГорјан ПетревскиЦрна РекаМакедонски парламентарни избори (2016)FВоденСараевоАнтички МакедонциИталијаДванаесет АпостолиШехзаде Бајазит (син на Сулејман I)Бабуна (река)Мајка ТерезаАлександар ПротогеровСлаткаристикаВознесение ХристовоКокошкаГрадови во МакедонијаРаштакИгор КостескиМеѓународен ден на трудот🡆 More