Перихел

Перихел — точка во орбитата на астрономскиот објект, каде што тој е најблиску до својот орбитален фокус.

Перихел
Перихел и афел се најблиската и најдалечната точка (апсида) на директната орбита на астрономскиот објект околу Сонцето.

Според Првиот Кеплеров закон, сите планети, комети и астероиди во Сончевиот Систем имаат приближно[а] елиптични орбити околу Сонцето. Оттука, објектот којшто орбитира има најблиска и најдалечна точка од објектот околу кој се движи. Секоја екстремна вредност е позната како апсида. Орбиталното занесување ја мери сплесканоста на орбитата, односно отстапувањето од совршен круг.

Потекло на поимот

Поимот „перихел“ потекнува од старогрчките зборови περί (пери), со значење „блиску“, и Ἥλιος (хелиос), со значење „Сонце“.

Основни формули

Полупречникот на перихелот се пресметува со помош на формулата:

    Перихел ,

каде:

Брзината во перихелот се пресметува со формулата:

    Перихел ,

каде:

Сончев Систем

Земја

Перихелот на Земјата се случува на растојание од 147.098.291 км од Сонцето, што е на околу 2,5 милиони км помалку од средното растојание до Сонцето. Земјата се наоѓа во перихел на 2-3 јануари, во просек 13 дена по краткодневицата.

Други планети

Перихелот и останатите планети во Сончевиот Систем согласно информациите на НАСА се случува на следните растојанија:

Прецесија на перихелот

Шема на процесија на меркуровата орбита

Параметрите на орбитите на планетите во Сончевиот Систем со тек на време претрпуваат бавни измени како последица на заемодејството на планетите. Впрочем, оската на орбитата постепено се ниша (во орбиталната рамнина) на страната на орбиталното движење и со тоа се поместува и перихелот. Ваквата појава се нарекува „прецесија на перихелот“ (видете на анимицијата десно). Перихелот на Меркур се враќа во почетната состојба на секои 260 илјади земјени години, додека истиот период за Јупитер изнесува околу 300 илјади години.

Во средината на 19 век, астрономите откриле дека укажаното поместување на перихелот на Меркур се случува нешто побрзо отколку што е предвидено со Њутновиот закон за гравитацијата. Подоцна, слична аномалија била откриена и во движењето на други небесни тела. Причината за оваа аномалија се објаснува со општата теорија за релативноста, при што од равенството за релативноста произлегува поместувањето коешто фактички се набљудува. Дополнително поместување, т.е. „релативна поправка“, била пресметана и утврдена и за други планети и астероиди.

Поврзано

Белешки

  • а Се вели дека орбитата на астрономскиот објект е „приближно“ елиптична, затоа што орбиталното движење не завршува онаму каде што започнало поради прецесија.

Наводи

Литература

  • Богородский А. Ф. Всемирное тяготения. — Киев: Наукова думка, 1971. — 351 с.
  • Роузвер Н. Т. Перигелий Меркурия. От Леверье до Эйнштейна = Mercury's perihelion. From Le Verrier to Einstein. — М.: Мир, 1985. — 244 с.
  • Субботин М. Ф. Введение в теоретическую астрономию. — М.: Наука, 1968. — С. 58—67.

Tags:

Перихел Потекло на поимотПерихел Основни формулиПерихел Сончев СистемПерихел Прецесија на перихелотПерихел ПоврзаноПерихел БелешкиПерихел НаводиПерихел ЛитератураПерихелАстрономски објектОрбитаФокус (физика)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Сложена реченица во македонскиот јазикЏузепе ВердиБелградРисто ШишковБаснаИнфективна мононуклеозаСудска властКокошкаБојан МиовскиЗемја (планета)ПоезијаСкопјеМакедонски АлбанциАдаптација (биологија)ИлузијаБегалкаПечалбариПроста реченицаЦрноризец ХрабарStreptococcus pyogenesШехзаде Мустафа (син на Сулејман I)Ацо ШоповКавалМакедонска преродбаАнгелот на Света СофијаСтево ПендаровскиТрајче КрстескиЗборник на МиладиновциЗатемнување на СонцетоКонтрацепцијаМатеја МатевскиКрстоносни војниСедум светски чуда на античкиот светТоплинаДржаваЦирозаДајреКарлес ПуџдемонОпштини во МакедонијаДувачки инструментХајди (роман)ИнформатикаЛанец на исхранаДијагоналаГуливеровите патувањаОхридско ЕзероСообраќаен знакАнтибиотикИсторија на македонскиот народАвстралијаПретприемништвоСвети Кирил и МетодијГоце ТодоровскиГрадска ластовичкаСкржавецот (драма од Плаут)Скопско калеМузеј на македонската борбаМачкаИшијасГихтБалкански војниНервен системГубернаторЗнаме на МакедонијаАмерикански доларОксидГенералот на мртвата војскаБугаријаСистем за варењеШвајцаријаКрвен притисокМирка ВелиновскаРепродуктивен системГостиварДен на шегатаМенаџментСкопски аквадуктДевојките на Марко (роман)Кирил Пејчиновиќ🡆 More