Округ Оснабрик

Оснабрик (германски: Osnabrück) — округ (Landkreis) во југозападниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Зафаќа површина од 2.121 км2 и со тоа е втор по големина во покраината.

Оснабрик
Landkreis Osnabrück

округ
Грб на Оснабрик Landkreis Osnabrück
Округ Оснабрик
ЗемјаОкруг Оснабрик Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеОснабрик
Површина
 • Вкупна2.122 км2 (819 ми2)
Население (31 декември 2020)
 • Вкупно359.471
 • Густина170/км2 (440/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.OS, BSB, MEL, WTL
Мреж. местоlkos.de

Округот се граничи со окрузите Емсланд, Клопенбург, Фехта и Дипхолц, покраината Северна Рајна-Вестфалија (окрузите Минден-Либеке, Херфорд, Гитерсло, Варендорф и Штајнфурт) и градот Оснабрик.

Географија

Северните две третини од округот лежат во Северногерманската Низина; во насока исток-запад во јужната третина се протегаат венецот Тевтобуршка Шума и Виенските Ридови. Низ него тече реката Хазе од југ кон север. Во источниот дел тече Хунте.

Округот го обиколува безокружниот град Оснабрик. Заедно тие го образуваат Оснабричкиот крај (Osnabrücker Land) кој може да се подели на помалите области Артланд, Гренегау and Витлашки крај.

Текленбуршкиот крај на запад е географско продолжение на Оснабричкиот крај во соседната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Честопати се смета за дел од Минстерскиот крај, иако историски му припаѓа на Оснабричкиот.

Историја

Округот во денешен облик е основан на 1 јули 1972 година со спојување на дотогашните окрузи Меле, Берзенбрик и Витлаге, како и најголемиот дел од стариот округ Оснабрик. Истата година кон градот Оснабрик се припоени осум општини: Атер, Пи, Хелерн, Нане, Фокструп, Дарум, Гретеш и Листринген. Поранешниот округ Оснабрик веќе бил проширен со природавање на Ибург уште во 1932 година. Со реформата од 1970-тите, бројот на општини значително се намалил.

Денешната здружена територија на градот Оснабрик е речиси истоветна на онаа на некогашното Епископско Кнежевство Оснабрик кое постоело сè до 1802 година кога претрпело медијатизација и било доделено на Изборното Кнежевство Хановер. Од 1807 до 1813 година кнежевството било под француска окупација, а потоа е вратено на Кралството Хановер. По Австриско-пруската војна од 1866 година Кралството Хановер бил припоено кон Прусија. Од 1 ноември 1946 година подрачјето е дел од сојузната покраина Долна Саксонија.

Грб

На грбот е претставена Беновата кула (Bennoturm) во Бад Ибург, која служела како тврдина за епископите до 1673 година. Во нејзиното подножје има тркало — симбол на градот Оснабрик.

Религија

Овој крај е со мешана вероисповед почнувајќи од протестантската реформација и Вестфалскиот мир, и се состои од лутеранци и католици. Бидејќи католичкиот Оснабрички крај се граничел со лутерански територии, во округот живеат лутеранци од XIX век наваму. Уделот на двете верски групи не е изменет и покрај приливот на Германци истерани од другите земји по 1945 година.

Градови и општини

Округ Оснабрик 
Градовите и општините во округот Оснабрик.
Градови Слободни општини Општински заедници
  1. Бад Ибург
  2. Брамше
  3. Георгсмариенхите
  4. Дисен
  5. Меле
  1. Бад Есен
  2. Бад Лар
  3. Бад Ротенфелде
  4. Белм
  5. Бисендорф
  6. Бомте
  7. Валенхорст
  8. Гландорф
  9. Остеркапелн
  10. Хаген
  11. Хасберген
  12. Хилтер
  1. Бадберген
  2. Квакенбрик1, 2
  3. Менслаге
  4. Нортруп
  1. Алфхаузен
  2. Анкум
  3. Берзенбрик1, 2
  4. Герде
  5. Егермилен
  6. Кетенкамп
  7. Ристе
  1. Мерцен
  2. Нојенкирхен1
  3. Фолтлаге
  1. Берге
  2. Бипен
  3. Фирстенау1, 2
1седиште на општинската заедница; 2 град

Наводи

Надворешни врски

52°20′N 8°10′E / 52.33° СГШ; 8.17° ИГД / 52.33; 8.17

Tags:

Округ Оснабрик ГеографијаОкруг Оснабрик ИсторијаОкруг Оснабрик ГрбОкруг Оснабрик РелигијаОкруг Оснабрик Градови и општиниОкруг Оснабрик НаводиОкруг Оснабрик Надворешни врскиОкруг ОснабрикГерманијаГермански јазикДолна СаксонијаОкрузи во Германија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Гоце Делчев (роман)Матка (езеро)Игбал, мојата тајнаМатка (кањон)ПискавицаАнксиозностЗалив на КоскитеНарушување на сонотМакедонски денарГрадови во ШвајцаријаБорис СарафовВрањеСвети Наум (манастир)Главна страницаГорица (Албанија)Албански фолклорЈагодаМарков манастирВиолета ТомовскаЕстивацијаОтоманска МакедонијаВојдан ЧернодринскиПешнаСписок на главни градови во светотРадио-телевизија СрбијаКрушевска РепубликаДрачевоПрилепКалендар на Велигденски датумиСолунска ГлаваВоденВознесение ХристовоВакцина против тетанусСпецијална антитерористичка единица „Тигар“ХипотироидизамАлгиСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Григор ПрличевКалиопиМенингитисЗемја (планета)Градови во ИталијаКамени КуклиВладо ЈаневскиСмоларски ВодопадСтрептококиТоше ПроескиСлепо цревоСписок на македонски писателиПредлози во македонскиот јазикФудбалска федерација на МакедонијаЕгипетски пирамидиАнтичка МакедонијаРадовишБелгијаФК ВардарБосна и ХерцеговинаБозаСараевоПраисторијаРепродуктивен системЛазарополеСтојне НиколоваМасакр во ВелесВикторија ЛобаХристијанствоБродец (Скопско)Одбивање (физика)Наум ПетрескиСвети ИлијаМеѓународен ден на трудотРусијаДијалекти на македонскиот јазикКлеткаПодмочаниВенко Марковски🡆 More