Оревокршачка

Оревокршачка (руски: Щелкунчик, Балет-феерия / Shchelkunchik, Balet-feyeriya; француски: Casse-Noisette, ballet-féerie) е балет во два чина, првично кореографијата била на Мариус Петипа и Лев Иванов со партитура на Петар Илич Чајковски (оп.

71). Либретото е адаптирано од приказната на Хофман Оревокршачката и глувчето цар. Премиерата била во Мариински театар во Санкт Петербург во недела, на 18 декември 1892, заедно со операта на Чајковски, „Јоланта“.

Оревокршачка
Сцена од претставата во 1892 година

Иако не постигнала некој значаен успех, сепак дваесет минутниот дел што Чајковски го извлекол од балетот, постигнал успех. Од крајот на 1960-те години, балетот Оревокршачка ужива огромна популарност, а денес се изведува од страна на голем број балетски ансамбли, главно за време на Божиќ, особено во Северна Америка.

Оваа партитура на Чајковски станала една од неговите најпознати композиции. Меѓу другото, партитурата е позната поради употребата на челеста, инструмент што композиторот веќе го користел во својата помалку позната балада Војводата.

Создавање на балетот

По успехот на Заспаната убавица во 1890 година, Иван Всеволошки, директорот на Царскиот Театар, го ангажирал Чајковски да осмисли програма со опера и балет. За операта било решено да биде Јоланта. За балетот, Чајковски решил повторно да соработува со Мариус Петипа, со кого соработувал на Заспаната убавица. Материјалот што го одбрал Петипа бил адаптација на приказната на Хофман Оревокршачката и глувчето цар која ја направил Александар Дима под наслов Приказната за Оревокршачката. Заплетот на приказната на Хофман (и на адаптацијата создадена од Дима) бил во голема мера поедноставен како балет од два чина. Приказната на Хофман содржи делови со сеќавања за тоа како принцот бил претворен во Оревокршач. Ова не било вметнато во балетот.

Петипа му подготвил на Чајковски детални инструкции за составот на секој број, за темпото и за бројот на барови. Работата на овој балет Чајковски ја прекинал за време од дваесет и пет дена, додека престојувал во САД, каде подготвувал концерти за отворањето на Карнеги Хол. Делови од балетот Оревокршачка, Чајковски ги компонирал во Руан, Франција.

Наводи

Tags:

18 декември1892БалетЛибретоМариински театарПетар Илич ЧајковскиРуски јазикСанкт ПетербургФранцуски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори (2008)БезовоКоличникОпштина РесенАлкалоид (претпријатие)Главна страницаРастенијаОбединети нацииКилаДесница (политика)ЖивотниСреден векМозокВолшебното самарчеСрцева слабостГоран СтефановскиПравоаголникАлан Маркес ЛоуреироЕлектричен автомобилЕгипетХристијан МицкоскиАнгкор ВатКорупцијаНатриум хидроксидРасејувањеСтруен ударТранспирацијаПроста реченицаСтарословенска азбукаСтрушки вечери на поезијатаЉубовБогородицаДаб27 мартСеверна АмерикаНезависна Држава МакедонијаМали ВлајЖивотна срединаОпштина КичевоОпштина Чучер-СандевоЕтанолСтранствувањето на Чајлд ХаролдСкопски земјотрес (1963)ПрилепОпштина ПрилепМакедонија во Втората светска војнаЛидија ДимковскаПреспанско ЕзероДевојката со бисерна обетка (филм)Вија ЕгнацијаОпштина БогданциПанонски легендиПрост бројМечкин КаменСкопјеИзвори на енергијаБугаријаГолемата вода (роман)СолиПолицијаЕвропска УнијаЕлектрична струјаБалетХидроксидПенис (човек)Клинесто писмоМакедонска револуционерна организацијаСтојан АндовЗбаждиЧовечки скелетПсоријазаИсак ЊутнБошко СмаќоскиЛазар Ристовски (глумец)Јустинијан IХемоглобинЈане Сандански🡆 More