Ораовец: село во Општина Велес

Ораовец — село во областа Клепа, во Општина Велес, во околината на градот Велес.

Ораовец
Ораовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Стара куќа во селото

Ораовец во рамките на Македонија
Ораовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Ораовец
Местоположба на Ораовец во Македонија
Ораовец на карта
Координати 41°38′7″N 21°45′33″E / 41.63528° СГШ; 21.75917° ИГД / 41.63528; 21.75917
Регион Ораовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Вардарски
Општина Ораовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Чашка
Област Клепа
Население 24 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1413
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29050
Надм. вис. 460 м
Ораовец на општинската карта
Ораовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Ораовец во рамките на општината
Ораовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Ораовец на Ризницата

Географија и местоположба

Ораовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Стара куќа во селото

Селото се наоѓа во областа Клепа, во југозападниот дел на територијата на Општина Велес, во долното сливно подрачје на реката Бабуна, од нејзината десна страна. Селото е ридско, на надморска височина од 460 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 14 километри.

Историја

Во XIX век, Ораовец било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа површина од 15,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.308 хектари, на пасиштата отпаѓаат 939 хектари, а на обработливото земјиште 249 хектари.

Селово, во основа, има мешовита земјоделска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948357—    
1953328−8.1%
1961205−37.5%
1971119−42.0%
198151−57.1%
ГодинаНас.±%
199130−41.2%
199428−6.7%
200219−32.1%
202124+26.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ораовец имало 620 жители. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ораовец имало 696 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Селото е мало и е во фаза на целосно раселување. Така, тоа во 1961 година имало 205 жители, а во 1994 година само 28 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Ораовец имало 19 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, од кои 19 Македонци, 3 Власи и 2 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 620 696 357 328 205 119 51 30 28 19 24

Родови

Ораовец е македонско село.

Според истражувањата од 1966-67 година родови во селото се:

  • Староседелци: Цветковци (2 к.), Шарковци (2 к.), Здравевци (2 к.), Саздовци (2 к.), Аликовци (1 к.) и Мачавеловци (2 к.)
  • Доселеници: Леовци или Арнаутовци (2 к.) доселени се веројатно од околината на Тетово, свештеникот Јован Леов имал три деца, он со своите деца плашејќи се од арнаутските банди се иселил во Бугарија околу 1900 година; Двориштани (3 к.) доселени се од селото Двориште, тиквешко. Од овој род потекнувал револуционерот од ВМОРО, Иван Наумов-Алабакот; Мијаковци (1 к.) потекнуваат од Ѓомо Мијакот, кој дошол како домазет од мијачкото село Папрадиште, подалечно потекло од мијачкиот крај; Јаневци (1 к.) доселени се од соседното село Црквино. Околу 1900 година имале задруга од 40 луѓе. Чувале околу 400 овци, 200 кози; Егејци (6 к.) доселени се околу 1948 година како бегалци. Доселени се од воденско, поточно од селата Горно и Долно Родиво.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Велес, која била намалена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Велес.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Градско во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Војница, во која покрај селото Ораовец, се наоѓале и селата Витанци, Војница и Крајници. Општината Војница постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2207 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватен објект.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Ораовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на главната селска црква „Вознесение Христово“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви

Личности

    Родени во Ораовец

Иселеништво

Од селото има огромен број на иселеници. Еден дел се иселени пред крајот на турското владеење (70 к.), а другиот дел после Втората светска војна (40 к.). Населението е највише иселено во Скопје и Велес. Има и целосно иселени родови како: Цветковци, Таневци, Шумановци, Манчевеловци, Нешовци, Зугровци, Србовци, Малезановци, итн. Повеќето родови биле староседелци, а за Зугровци се мисли дека биле доселени од селото Папрадиште.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Ораовец Географија и местоположбаОраовец ИсторијаОраовец СтопанствоОраовец НаселениеОраовец Самоуправа и политикаОраовец Културни и природни знаменитостиОраовец ЛичностиОраовец ИселеништвоОраовец НаводиОраовец Надворешни врскиОраовецВелесКлепаОпштина Велес

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ТурцијаНикола ТеслаВардарБор (град)Мечкин КаменМочуриштеАутизамОпштина ДојранКувајтАбортусСамоилово ЦарствоПипи Долгиот ЧорапАлександар III МакедонскиМакедонски пасошСрцева слабостФизикаРак на грлоРибиВелигденСедум светски чуда на античкиот светГорјан ПетревскиБилјана ВанковскаМитОктомвриска револуцијаТитаниСмоларски ВодопадПроизвод (математика)Македонска азбукаМРП вакцинаСреброПериоден систем на елементитеЕкологијаМакедонски претседателски избори (2019)ВикинзиЛибијаКрсте Петков МисирковНезависносложени реченици во македонскиот јазикБраќа МиладиновциВоен конфликт во Македонија (2001)Поштенски броеви во МакедонијаЗевсСилаРадождаКуранВладимир АнгеловскиРајко ЖинзифовБаснаМакедонијаАмерикаУкраинаГлаголски прирокЛоковЕгејска МакедонијаСписок на птици во МакедонијаКочо РацинХананКултураБезовоВладимир ПутинАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаМаксим ДимитриевскиОпштина БогданциБојан (роман)Овчи сипанициРевизор (комедија)Бледски договор (1947)Менструален циклусОдбивање (физика)Општина ПласницаИсус ХристосНезависна Држава МакедонијаОксидЏ. Р. Р. ТолкинЗбунети годиниУС Сасуоло КалчоПожарЧовечки папиломен вирус🡆 More