Окинава

Окинава (јапонски:, 沖縄本島 - Окинава хонто или 沖縄島 - Окинаваџима; окинавски, ウチナー - Учина или フチナー - Фучина), е остров во југозападна Јапонија кој лежи меѓу Источнокинеското Море на запад и Тихиот Океан на исток.

Со површина од 2.255 км2 Окинава е најголемиот од островите на Рјукју.

Окинава
Окинава

Демографија

Според пописот спореведен во Јапонија од 2009 година, вкупниот број жители на Окинава изнесува 1,384,762. (вклучувајќи ги и семејствата со американско државјанство). Окинавскиот јазик на окинавски се вика „учинагучи“ или „хоген“ и го зборува поголемиот дел од тамошната популација (иако поголемиот дел го знаат и јапонскиот јазик).

Географија

Планините под шумите заземаат две третини од островот на север, додека на јужната третина е ридско подрачје и таму живеат најголемиот број на жители.

Стопанство

Главни економски активности се земјоделство, риболов, дрвенопреработувачка индустрија, преработка на храна, текстилна индустрија и грнчарство. Американската воена база и туризмот исто така се значајни за економијата. Наха е административен центар, најголем град и најголемо пристаниште.

Историја

Окинава 
Американски трупи во Окинава, 27 јуни 1945 година

Сè до 14 век островот бил независно кралство. Од 14 до 19 век островот плаќал данок на Кина, а конечно во 1879 година Окинава била споена со Јапонија. Во текот на Втората светска војна (1 април 1945), американската војска се населила на западниот брег на островот, и тоа била последната поморска операција во војната, и една од најтешките битки на Тихиот Океан. По 82 дена жестока борба, престанал организираниот отпор на Јапонците. Окинава била под контрола на САД од 1945 година до 1972 година, кога повторно била вратена на Јапонија. Под услов на повоениот договор, земјопоседниците на Окинава морало да изнајмат територија за американските војници.

Меѓутоа, во септември 1995 година американските војници силувале дванаесетгодишно девојче и предизвикале голем отпор против американското присуство на островот, што донело до тоа голем бој од земјопоседниците да одбијат да им дадат земја на Американците. Во април 1996 година, американската влада се согласила да врати 20 проценти од окупираните територии (4.900 хектари) во рок од седум години.

Наводи

Tags:

Окинава ДемографијаОкинава ГеографијаОкинава СтопанствоОкинава ИсторијаОкинава НаводиОкинаваЈапонијаЈапонски јазикИсточнокинеско МореТихи Океан

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Масакр во ВаташаGРамнокрак триаголникХепатитОслободителна народна армијаДржавни празници во МакедонијаСпоменка (книга)Општина ТетовоПериоден систем на елементитеЈегермајстерОпштина БрвеницаВодноИсчашувањеТиквешко ЕзероСлаткаристикаСветлинаПаневропски коридор VIIIПридавкаВласиЖивко МукаетовСтудени нозеЛинуксИстанбулКостур (град)ФејсбукСтојне НиколоваЛесновски манастирСУ „Д-р Панче Караѓозов“ - СкопјеСојузни покраини во ГерманијаАлександар ПротогеровРак на панкреасотДен на сесловенските просветителиАлпразоламВеличествениот султан (ТВ-серија)Војо СтојановскиПајациВенко МарковскиЗоран ВитановСкопјеМакедонски БродМето Јовановски (глумец)Долни ДисанИлеусКалиопиЏеј РамадановскиStaphylococcus aureusПченкаСредоземно МореЈеховини сведоциЉубанциСреден векГлаголКрива ПаланкаСмоларски ВодопадКрвен притисокИсус ХристосМладост (езеро)Црква „Св. Јован Канео“ - ОхридМоскваМакедонска граматикаРастенијаСплитПремиер лига на АнглијаХрватски месециСвети Кирил и МетодијАлександар ШехтанскиКлеткаЖелезоРак на белите дробовиШвајцаријаХрватскаХипофизаНационален парк ГаличицаГустав ШвабЕфто ПупиновскиБранко ЦрвенковскиКрал Марко🡆 More