Негрево: село во Општина Пехчево

Негрево — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.

Негрево
Негрево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Панорамски поглед на Негрево

Негрево во рамките на Македонија
Негрево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Негрево
Местоположба на Негрево во Македонија
Негрево на карта
Координати 41°46′59″N 22°49′59″E / 41.78306° СГШ; 22.83306° ИГД / 41.78306; 22.83306
Регион Негрево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Источен
Општина Негрево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Пехчево
Област Малешевија
Население 45 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2326
Повик. бр. 033
Шифра на КО 01006
Надм. вис. 965 м
Негрево на општинската карта
Негрево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Негрево во рамките на општината
Негрево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Негрево на Ризницата

Географија и местоположба

Негрево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Улица низ селото

Селото се наоѓа во областа Малешевија, во горното сливно подрачје на реката Брегалница, во средишниот дел на територијата на Општина Пехчево, недалеку од градот Пехчево. Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 до 1.080 метри. Од градот Пехчево е оддалечено 3 километри.

Атарот зафаќа простор од 19,7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 524 хектари, на пасиштата отпаѓаат 757 хектари, а на шумите 473 хектари.

Асфалтниот пат до селото бил обновен во текот на 2014 година, кој се двои од регионалниот патен правец Пехчево-Делчево.

Историја

Во XIX век, Негрево било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.

Во минатото, во Негрево работел погон на „Лозар“ од Пехчево за производство на ракија.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948416—    
1953435+4.6%
1961411−5.5%
1971356−13.4%
1981280−21.3%
ГодинаНас.±%
1991200−28.6%
1994170−15.0%
200297−42.9%
202145−53.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Негрево имало 315 жители. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Негрево имало 400 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Поради иселување на дел од населението, Негрево преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото имало 411 жители, а во 1994 година 170 жители, сите Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Негрево живееле 97 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 44 Македонци и 1 останат.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 315 400 416 435 411 356 280 200 170 97 45

Општествени установи

Негрево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поранешното основно училиште
  • Едукативен центар за зачувување на природата — започнал со работа во 2018 година и е сместен во поранешната училишна зграда која што е обновена и опремена со голем број на образовни, креативни и интерактивни алатки и помагала. Основната цел на образовниот центар е да придонесе кон зачувување на природата во Брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси. Со реконструкцијата на старата училишна зграда, внатрешниот и надорешниот дел беа адаптирани за потребите на современ и интерактивен образовен процес, каде на несекојдневен и оригинален начин на посетителите ќе им се доближи значењето на природата и ќе се презентира биолошката разновидноста на брегалничкиот слив. Образовниот центар има уреден двор со елементи за интерактивни активности за деца, млади и возрасни. Посетителите може да ја посетат и „Патеката на Петко и шумските жители - Пехчевска авантура”, која го поврзува образовниот центар со месноста Јудови Ливади, каде вирее инсектојадното растение муволовка (Drosera Rotundifolia), кое е ендемичен вид за овие простори.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Пехчево, во која влегувале градот Пехчево и селата Чифлик и Негрево.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Негрево се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Робово, Умлени, Црник и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0017 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 68 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 66 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Негрево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Константин и Елена“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Реки

Личности

    Родени во Негрево

Култура и спорт

Училишната зграда во селото била одбрана како средишна зграда за новиот образовен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион. За таа цел зградата на поранешното основно училиште била целосно обновена. Проектот бил целосно поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, финансирана од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Негрево Географија и местоположбаНегрево ИсторијаНегрево СтопанствоНегрево НаселениеНегрево Општествени установиНегрево Самоуправа и политикаНегрево Културни и природни знаменитостиНегрево ЛичностиНегрево Култура и спортНегрево ГалеријаНегрево НаводиНегрево Надворешни врскиНегревоМалешевијаОпштина ПехчевоПехчево

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Марков манастирГрузијаАвстралијаПравославиеЧума (појаснување)Ѓорѓи КолозовБроеви во македонскиот јазикМултипла склерозаПаризСписок на држави во светотПовикот на дивинатаСолунПоплаваОпштина Гази БабаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотМерилендОпштина БитолаЦрн дробДерматитИндустријаЕгипетРаички манастирИндонезијаТалат ЏафериФудбалЕнергијаИсторија на БугаријаВодаИсторијаЏастин БиберЕрман ШабанМинистерство за животна средина и просторно планирањеЖил ВернДржавни празници во БугаријаОливера НиколоваРевматоиден артритисБранко ЦрвенковскиЕвгениј ОнегинНезависна Држава МакедонијаСтругаЗНАМПодметНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаГлаголицаЗбогум Румелија (ТВ-серија)Црноризец ХрабарПротестантствоРамазанМакедонски парламентарни избори, 2014Список на државни знамињаМарко ЦепенковКорозијаРоманијаТриаголникБигорски манастирГлаголЕтанолВтора светска војнаИзборни единици во МакедонијаВилијам ШекспирАмерикаРамностран триаголникСмртна казнаИлија НајдоскиКралство ЈугославијаМакедонциЕвропска УнијаКлеопатраЛатински јазикИфтарСолунски атентатиИменки во македонскиот јазикСеверна АмерикаБедија БеговскаСедум светски чуда на античкиот свет🡆 More