Милош Биковиќ: српски глумец

Милош Биковиќ (Белград, 13 јануари 1988) е српски филмски, телевизиски и театарски глумец.

Милош Биковиќ
Милош Биковиќ: Животопис, Театарски претстави, Приватен Живот
Роден 13 јануари 1988
Белград, СФР Југославија
Националност Србин
Познат по улогата во:
Монтевидео, Бог те видео
Занимање глумец

Животопис

Милош Биковиќ има 17 години постар брат Михаил, игуман во манастирот Јовања. Кога бил многу млад родителите му се развеле, а татко му се преселил за Германија. Завршил во Четрнаеста белградска гимназија, зборува српски јазик, англиски јазик и руски јазик. Посетувал училиште по глума и зборување „ДАДОВ“. Дипломирал на Факултет за драмски уметности во Белград во класата на Драган Петровиќ заедно со Нина Јанковиќ , Јелисавета Орашанин, Тамара Драгичевиќ, Ања Алач. Асистент е на Факултетот за драмски уметности (ФДУ).

Филм и телевизија

Милош Биковиќ својата прва улога со која остварил малку поголема популарност ја остварил со телевизиската серија Стигаат долари (20042005), каде го играл ликот на Небојша, улогата му донела голема популарност. Поголема популарност стекнал со играње во серијата Бела лаѓа (20062011), а најголема популарност достигнал со главната улога во филмот на Драган Бјелогрлиќ, Монтевидео, Бог те видео. Уште една улога добива во филмот/серијата 'Кад Кога љубовта доцни/Самец во брак', каде глуми заедно со својата тогашна девојка, Бранкица Себастијановиќ. Се прославил и во руската кинематорафија, во филмот Сончаница од режисерот Никита Михалков.

Театар

Глумел во неколку претстави меѓу кои: „Збогум СФРЈ" во Ателјето 212 ; „Дамата со камелии" во Народниот театар (на Србија) исто така глумел и во „Син ми побавно оди" и „Кога тиквите цветаа" во неговиот матичен театар, Белградскиот драмски театар.

Театарски претстави

Збогом СФРЈ - Атеље 212

Мој син мало спорије хода - Белградскиот драмски театар

Дама са камелијама - Народниот театар во Белград

Кад су цветале тикве - Белградскиот драмски театар

Приватен Живот

Милош Биковиќ има делумно македонско потекло. Неговиот дедо е роден во Берово во источна Македонија.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Милош Биковиќ ЖивотописМилош Биковиќ Театарски претставиМилош Биковиќ Приватен ЖивотМилош Биковиќ НаводиМилош Биковиќ Надворешни врскиМилош Биковиќ13 јануари1988БелградГлумецСрпски

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на македонски зборови од турско потеклоДеделиФлебитисФолклорЧовекови праваМакедонски парламентарни избори (2011)Срцева слабостЈоаким КрчовскиЏеј РамадановскиФиладелфијаЗевсТигарЦрнила (драма)Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоАлександар III МакедонскиЗборник на МиладиновциРисто КрлеСипанициСилаСценариоРелигијаСеверна АмерикаСедум светски чуда на античкиот светТокиоПМГ колективМартинкаМозочен ударПрехранбена индустријаМитШенка КолозоваЛемносПере ТошевСоединети Американски ДржавиТони КукочАкутен панкреатитРепублика КримОкеанЦрни и жолтиГаличицаОксидЛазар Ристовски (глумец)Виолета ТомовскаИлијадаСкопјеЈужна КорејаМитологијаЕгејска МакедонијаБроеви во македонскиот јазик‘Рбетен столбГолемите географски откритијаИнтернетРоботикаЖивотна срединаВртоглавицаГрузијаТалат ЏафериДенес над МакедонијаЧестер А. АртурБиполарно растројствоМакедонски месециПарикутин (вулкан)Отоманско ЦарствоКошаркаКратовоРеченицаТомас КарлајлКир ВеликиВејселиПолип на маткатаМејозаТајландГраматички категории на именките во македонскиот јазикФК СаутхемптонЏо БајденТатарстанРосток🡆 More