Меѓународно Фонетско Здружение

Меѓународната фонетска асоцијација или МФА (англ.

Најголемиот придонес на оваа организација кон фонетиката е создавањето на меѓународната фонетска азбука—стандард на нотација (бележење) за фонетски приказ на сите јазици во светот. Акронимот МФА (IPA) се употребува како за оваа асоцијација, така и нејзината азбука.

Асоцијацијата издава и свое списание, со наслов „Journal of the International Phonetic Association“.

Историја

Во 1886 г. во Париз, мала група на предавачи на јазик формирале асоцијација со цел на промовирање на употребата на фонетска нотација за странските јазици во училиштата, со цел да се помогне на учениците точно и правилно да ги усвојуваат изговорите на тие јазици, како и да се помогне со читањето при описменувањето на малите деца. Оваа група, предводена од Пол Паси, првично се нарекувала Dhi Fonètik Tîtcerz' Asóciécon (FTA). Во јануари 1889, асоцијацијата била преименувана во L'Association Phonétique des Professeurs de Langues Vivantes (AP), додека во 1897, името било повторно променето на L'Association Phonétique Internationale (API)—што на македонски значи „Меѓународна фонетска асоцијација“ или „МФА“.

Во 1917, асоцијацијата го доживува својот врв во бројноста на членството, како и во нејзиното влијание врз образованието, кога таа броела 1751 члена во вкупно 40 земји. Првата светска војна и нејзините последици предизвикале големи пореметувања во нејзиното работење, а нивното списание престанало да се печати сѐ до 1922 г.

Развој на азбуката

Првичната цел на ова група била создавање на низа симболи за кои ќе можат да важат различни изговори, така што секој јазик би имал своја посебна азбука особено прилагодена за претставување на звуците во тој јазик. Подоцна било решено дека всушност идеалното решение е да постои една и единствена универзална азбука, каде еден симбол би се користел за еден глас кој може да се јави во разни јазици, па така започнал развојот на меѓународната фонетска азбука и доживеал забрзан развој кон почетокот на XX век. Оттогаш, направени се разни промени во азбуката на неколку наврати, со некои додавања и одземања на симболи, во согласност со прогресот во полето на фонетиката.

Испити

Започнувајќи од 1908 г., Меѓународната фонетска асоцијација одржува испити по фонетика, за чие успешно положување се доделуваат дипломи за владеење на фонетиката на англискиот, францускиот или германскиот јазик.

Поврзано

Надворешни врски

Библиографија

  • International Phonetic Association. (1999). Handbook of the International Phonetic Association: A guide to the use of the International Phonetic Alphabet. Cambridge: Cambridge University Press.

Tags:

Меѓународно Фонетско Здружение ИсторијаМеѓународно Фонетско Здружение Развој на азбукатаМеѓународно Фонетско Здружение ИспитиМеѓународно Фонетско Здружение ПоврзаноМеѓународно Фонетско Здружение Надворешни врскиМеѓународно Фонетско Здружение БиблиографијаМеѓународно Фонетско ЗдружениеАнгл.МФАМеѓународна фонетска азбукаФонетика

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ТитаниБалкански ПолуостровСтрадањата на младиот ВертерОпштина ПласницаГоран СтефановскиЛидија ДимковскаРомски јазикСловенски преселби на Балканскиот ПолуостровОрхан (книга)Општина СтругаАлцхајмерова болестЗлосторство и казнаСтара скопска чаршијаРомантизамЧасовен појасКамбоџаНадреден знакКирилицаОпштина СарајВласиБошко СмаќоскиБорис ТрајковскиЖивотна срединаЕп за ГилгамешДора БакојаниТаџикистанАтинаКавадарциЕлектронска цевкаСрцеНезависносложени реченици во македонскиот јазикИгор ЏамбазовАнтичка МакедонијаОпштина КумановоСтара ГрцијаБледски договор (1947)Цар Едип (драма од Софокле)Отоманска МакедонијаТенко цревоФиброаденомГај Јулиј ЦезарПодметРасејувањеМорфологија на македонскиот јазикТешкото (песна)ВранаТоме АрсовскиПеш по светотОпштина СопиштеЧернобилска несреќаСложена реченицаТриаголникТоплинаПротестантствоДоктор ОфболиБелото ЦиганчеПериоден систем на елементитеОпштина Ново СелоСписок на македонски народни поговоркиСилаЧовекЖолчкаМакедонски пасошОсна симетријаЕлектричен отпорБогородичната црква во ПаризМакедонски парламентарни избори, 2008Минато определено несвршено време во македонскиот јазикГамеланБранко ЦрвенковскиМечкин КаменДраслајцаСписок на македонски писателиСпоменка (книга)Камен мост (Скопје)Македонски парламентарни избори (2014)ПридавкаКирил Лазаров🡆 More