Округ Линебург

Линебург (германски: Lüneburg) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Се граничи со (од југоисток надесно) окрузите Лихов-Даненберг, Илцен, Хајдекрајс и Харбург и со сојузните покраини Шлезвиг-Холштајн (округ Лауенбург) и Мекленбург-Западна Померанија (округ Лудвигслуст-Пархим).

Линебург
Landkreis Lüneburg

округ
Грб на Линебург Landkreis Lüneburg
Округ Линебург
ЗемјаОкруг Линебург Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеЛинебург
Површина
 • Вкупна1.323,1 км2 (5,109 ми2)
Население (31 декември 2020)
 • Вкупно184.235
 • Густина14/км2 (36/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.LG
Мреж. местоlueneburg.de

Географија

Округот се наоѓа во Линебуршкото Поле (Lüneburger Heide) и долж течението на Елба. Поголемиот дел од округот се наоѓа јужно од реката, освен мал дел околу општината Амт Нојхаус, кој се наоѓа на спротивната страна.

Историја

Амтот Линебург бил основан во 1862 година. Тогаш амтот Лине го преместил своето седиште од манастирот Лине во Линебург, поради што било сменето и самото име. Округот бил основан откако Кралството Хановер било освоена од Прусија во 1866 година. Од 1867 година, амтовите Линебург, Блекеде и градот Линебург станале делови на округот Линебург, кој бил надлежен за даноците и за војската.

Историјата на областа отсекогаш била под влијание на градот Линебург.

Во 1993 година, општината Амт Нојхаус се приклучила на Долна Саксонија и на округот Линебург. Овој дел отсекогаш бил владеен од Линебург пред поделбата на Германија, кога станал дел од Источна Германија. Со тоа, таа е една од ретките општини од поранешната Источна Германија, кои сега станале дел од некогашната Западна Германија.

Округот е една од клучните области за споменици и археолошки откритија од праисторијата. Ернст Шпрокхоф открил 17 места западно од Илменау и 32 источно од него.

Грб

Грбот прикажува:

  • хералдички лав на Војводството Брауншвајг-Линебург
  • срцата на данскиот национален грб (бидејќи војводата Вилхелм Линебуршки бил женет со данска принцеза во XIV век)

Градови и општини

Округ Линебург 
Градовите и општините во округот Линебург
Градови Општински заедници
  1. Блекеде
  2. Линебург

Слободни општини

  1. Адендорф
  2. Амт Нојхаус
  1. Амелингхаузен1
  2. Бецендорф
  3. Олдендорф
  4. Релинген
  5. Зодерсторф
  1. Бардовик1
  2. Барум
  3. Хандорф
  4. Мехтерзен
  5. Радбрух
  6. Фегелзен
  7. Виторф
  1. Бојце
  2. Далем
  3. Даленбург1
  4. Нарендорф
  5. Тостерглопе
  1. Кирхгелерзен
  2. Репенштет1
  3. Зидергелерзен
  4. Вестергелерзен
  1. Барнштет
  2. Дојч Еверн
  3. Ембзен
  4. Мелбек1
  1. Барендорф1
  2. Неце
  3. Рајнсторф
  4. Томасбург
  5. Фасторф
  6. Вендиш Еверн
  1. Артленбург
  2. Бритлинген
  3. Ехем
  4. Хитберген
  5. Хонсторф
  6. Лидерсбург
  7. Рулсторф
  8. Шарнебек1
1седиште на општинската заедница

Наводи

Надворешни врски

53°15′N 10°30′E / 53.25° СГШ; 10.5° ИГД / 53.25; 10.5

Tags:

Округ Линебург ГеографијаОкруг Линебург ИсторијаОкруг Линебург ГрбОкруг Линебург Градови и општиниОкруг Линебург НаводиОкруг Линебург Надворешни врскиОкруг ЛинебургВојводство ЛауенбургГерманијаГермански јазикДолна СаксонијаИлцен (округ)Лихов-ДаненбергЛудвигслуст-ПархимМекленбург-Западна ПомеранијаОкрузи во ГерманијаХарбург (округ)ХајдекрајсШлезвиг-Холштајн

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Воен конфликт во Македонија (2001)ХипотироидизамАтентат врз Киро ГлигоровЕеестек ЛК СкопјеПајак (пејач)Адам и ЕваХристијан МицкоскиФашизамКантарионОпштина ОхридВладимир ПутинМарјан БожиновскиОпштина ГостиварПалмино маслоГлавна страницаДесет Божји заповедиПере ТошевОпштина ИлинденДемографија на МакедонијаАјдучка треваКозјак (езеро)Македонски претседателски избори (2024)КоцкаДекамеронЉуботен (Скопско)Фазли Велиу„Грозд“ - СтрумицаОхридско ЕзероМакедонски претседателски избори (1994)МојсејАвантурите на ПинокиоОхридски рамковен договорМали сипанициЕрекцијаИндонезијаСрпска странка во МакедонијаДржавни празници во БугаријаПискавицаАлопецијаОпштина ДојранISBNКрф (град)Црква „Св. Спас“ - СкопјеАмброзија (растение)Систем за варењеЦрква „Успение на Пресвета Богородица“ - ОхридЕвхаристијаСтојанче АнгеловСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Бошко СмаќоскиЦрна ГораТетовоГ’зим ОстрениИмер СелманиКрушевска РепубликаПоникваСрцева слабостЃорѓи ОровчанецКодификација на македонскиот стандарден јазикИталијаДеменцијаДонтов методХемороидЈордан МијалковВрњачка БањаСтевчо ЈакимовскиПонтиј ПилатВегетаОпштина СарајЛазарова саботаЕмпатијаСтојна КостовскаЃомлезеСДСМЦрква „Рождество на Пресвета Богородица“ - СкопјеСписок на градови во МакедонијаЖељко Ражнатовиќ🡆 More