Коскени Риби

Actinopterygii Sarcopterygii

Коскени риби
Период: доцен силур - денес
Коскени Риби
Атлантска харинга, Clupea harengus
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Потколено: ‘Рбетници
Инфраколено: ‘Рбетници со вилица
Наткласа: Osteichthyes
Хексли, 1880
Класи

Во коскени риби (односно класата Osteichthyes) спаѓаат најголемиот дел од рибите, со околу 24,000 видови кои ја населуваат речиси секоја водна површина на Земјата. Поделени се во две групи: резноперкови (Sarcopterygii) и зракоперкови (Actinopterygii) риби. Резноперкови риби се дводишалките, мала група на примитивни риби кои дишат воздух, како и целакантините, за кои до неодамна се сметаше дека се изумрени, но пронајден е еден жив претставник: латимеријата.

Зракоперковите риби се поделени во две поголеми групи: примитивните есетри и кечиги, и понапредните новоперкови риби. Најпознатите видови на риби припаѓаат на новоперковите. Такви се харингата и јагулата. Други новоперкови риби се мрената, пастрмкокраповиите (меѓу кои спаѓаат и пираните) и сомот, кои ги населуваат слатките води во тропските предели и наоколу. Лососите се адаптирале за живот на бреговите на северните океани, но тие дел од својот живот поминуваат и во слатките води. Постојат преку 9000 видови на костреши (вклучувајќи ја и туната), правејќи ги најголемиот ред на ‘рбетници. Перкиите и нивните роднини се доминантните риби во тропските морски води.

Општи одлики

Коскени Риби 
Скелет на коскена риба.

Коскените риби се одликуваат со коскен скелет. Тие имаат релативно стабилен број на главени коски. Главата и пекторалниот појас се покриени со големи дермални коски. Очното јаболко е потпрено со склеротичен прстен од четири мали ковчиња, но оваа одлика се губи или е изменета кај многу денешни видови. Лавиринтот во внатрешното уво содржи големи отолити. Мозочната кутија, или неврокраниумот, е најчесто поделена на предни и задни оддели поделени со фисури. Коскените риби поседуваат бел дроб или пловен меур, што им овозможуваат рамнотежа во водата. Тие немаат перкови иглички, а перките се потпрени со лепидотрихии (коскени перкови зраци). Исто така, оваа група на риби поседува оперкулум, кој им помага да дишат без да мора да пливаат. Способни се да гледаат во боја, што не е својствено за другите риби.

Заменувачка коска

Една од најпознатите иновации на коскените риби е ендохондралната коска или "заменувачката коска", односно коска која се окоскува внатрешно, со замена на ‘рскавицата.

Поврзано

Tags:

ЗракоперкиРезноперки

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Народноослободителна борба во Вардарска МакедонијаВтора влада на Никола ГруевскиМакедонски парламентарни избори (2014)МетафораВлада на Љубчо ГеоргиевскиСДСМЈаболковинаЛешокВелигденски јајцаПовикувачки броеви во МакедонијаДУИКире КостадиновскиНационален парк МавровоСЦ „Јане Сандански“ - СкопјеМакедонски парламентарни избори (2020)Хајди (роман)Пиреј (роман)ИнтернетТетовоПенис (човек)ЛимфомБорислав КрмовСоцијалдемократијаАјфелова кулаОпштина ГостиварСудска властЛеукемијаЦрна ГораНикола КаревВтора влада на Бранко ЦрвенковскиВанчо ШехтанскиИзборна единица 8ГлаголФиброаденомХИВВејце27 априлГоран МинчевЃорѓија СајкоскиБор (дрво)Григор ПрличевИзбориТапанСловачкаТуберкулозаЖолчкаГраѓанска опција за МакедонијаЧинови на полицијата во МакедонијаБраиловоМалиот принцДекамеронВладимир ПутинМачкаСписок на тегоби и болки на стапалатаДржавни празници во БугаријаГ’зим ОстрениЦрвен крст на МакедонијаИсламАлжирШтипК-15Славко ЈаневскиМакедонски парламентарни избори, 1994ПечалбариБојан ЈовановскиХипертензијаПиринска МакедонијаБујар ОсманиОпштина КумановоДаут ХарадинајАнгинаМарјан БожиновскиПавле ТрајановЕдинствена МакедонијаМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаИзборна единица 5Црнила (драма)🡆 More