Кира Најтли

Кира Кристина Најтли (родена 26 март 1985) е англиска глумица.

Кира Најтли
Кира Најтли
Најтли на 68. издание на филмскиот фестивал во Венеција, септември 2011
Роден(а)Кира Кристина Најтли
26 март 1985(1985-03-26)(39 г.)
Тедингтон, Лондон, ВБ
НационалностКира Најтли Обединето Кралство
Занимањеглумица
Активен период1993–сè уште.
СопружникЏејмс Рајтон
(во брак од 2013)
Родители
  • Вил Најтли
  • Шерман Мекдоналд

Животопис

Кира Најтли е родена на 26 март 1985 година. Како што самата истакнала во интервју за британското „Радио 4“, на шестгодишна возраст ѝ била дијагностицирана дислексија, која ѝ помогнала да стане глумица, бидејќи родителите ѝ се заканиле дека нема да ѝ дозволат да глуми, ако не ги совлада проблемите со читањето и пишувањето. Кира Најтли има постар брат, Кејлеб. Според нејзиното признание, како тинејџерка, таа била многу сериозна и не била премногу задоволна од животот додека не наполнила 25 години.

Во 2006 година, Кира Најтли и Скарлет Јохансон се сликале голи, покрај облечениот дизајнер Том Форд, за насловната страница на „Венити фер (Vanity Fair)“, со цел да го истакнат различниот третман на машката и женската сексуалност во шоу-бизнисот. Во 2014 година, таа повторно се сликала со голо торзо за магазинот „Интервју“, под услов фотографиите да не бидат компјутерски поправани.

Во мај 2013 година, Кира се омажила за Џејмс Рајтон, клавијатуристот и пејачот на групата „Клаксонс“, а свадбата се одржала во местото Мазан, во јужна Франција.

Кариера

Кариерата на Најтли започнала рано, делумно поради тоа што татко ѝ бил глумец, а мајка ѝ била драматург. Најтли започнала да глуми уште како дете, во телевизиските филмови „Оливер Твист“ и „Трагачи по богатство“, на шестгодишна возраст веќе имала свој агент, а својата прва филмска улога ја имала во 1995 година. Таа ја играла споредната улога на Сабе во Војна на ѕвездите Епизода 1: Фантомската закана (1999), а потоа имала значителна улога во филмот Јама (2001). Таа добила големо признание во 2002 година, откако ја играла главната улога во филмот Играј како Бекам, а меѓународна слава постигнала во 2003 година, со улогата на Елизабет Свон во филмскиот серијал Пиратите од Карибите.

Освен во филмовите Пиратите од Карибите, Најтли станала позната по своите филмски остварувања во драмите, како: Гордост и предрасуди (2005), Покајание (2007), Свила (2007), Војвотката (2008), Опасен метод (2011), и Ана Каренина (2012). Најтли исто така се појавила во најразлични жанрови во холивудските филмови, како: романтичната комедија Всушност љубов (2003), историскиот Кралот Артур (2004), психолошкиот трилер Лудачка кошула (2005), биографскиот Домино (2005), историската драма На работ на љубовта (2008), ноарот Лондонски булевар (2010), дистопската научна фантастика Никогаш не ме пуштај (2010), романтичната драма Минатата ноќ (2010), и комедијата Барајќи пријател за крајот на светот (2012).

Најтли заработила номинации за „Оскар“ и за Златен глобус категорјата „најдобра глумица“, за улогата на Елизабет Бенет во филмската адаптација на Џо Рајт на романот Гордост и предрасуди од писателката Џејн Остин. Две години подоцна, Најтли повторно добила номинација за „Златен глобус“ за најдобра глумица, како и номинација за наградите на БАФТА, за нејзината улога во филмот Покајание. На својот список во 2008 година, магазинот Форбс ја утврдил Најтли како втора највисоко платена глумица во Холивуд, со пријавени приходи од 32 милиони долари во 2007 година, правејќи ја единствената не-Американка на списокот највисоко платени глумици во таа година.

Наводи

Надворешни врски


Tags:

Кира Најтли ЖивотописКира Најтли КариераКира Најтли НаводиКира Најтли Надворешни врскиКира НајтлиАнглија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПатраСписок на македонски зборови од турско потеклоЗлата МегленскаГригор ПрличевНемања ГудељСлаткаристикаВикипедија на македонски јазикДуховденСлепо цревоСојузни покраини во ГерманијаТриаголникЃорче ПетровСтомакГрцијаЕгејска МакедонијаРимска култураСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваКрушевоМакедонски парламентарни избори (2016)ТрстЉубанциОвен (хороскопски знак)Општина ОхридАлпразоламТестостеронБојаГлаголска придавкаБастион (музичка група)Ристо ШишковПоткастДојранАнемијаОлимпАдолф ХитлерАнтичка МакедонијаМасакр во ВелесЗаседа Лисец (2001)ВардарМакедонски народни инструментиТифусВлатко СтефановскиТуберкулозаИлеусСрбијаИлинденско востаниеЗафир ХаџимановЈоаким КрчовскиАлшарМарјан БожиновскиДимитар КовачевскиПанкреасБабуна (река)УкраинаЧовекСамоубиствоПавел ШатевГрадови во МакедонијаАрмија на МакедонијаФранцијаКатастарски општини во МакедонијаМирко ПецевОпштина ЧаирСветлана Ражнатовиќ-ЦецаОсоговски манастирБобан ТрајковскиБик (хороскопски знак)Никола ГруевскиПрагаДесет Божји заповедиМасакр кај ВејцеРимско ЦарствоЦар СамоилАли АхметиВојо СтојановскиКошаркаГерманија🡆 More