Католички Кралеви

Католичките кралеви (шпански: Reyes Católicos) е титула која во историјата се користи за кралицата Изабела I Кастиљска и Фернандо II Арагонски.

Оваа титула била дадена од страна на Папа Александар VI (во историјата е познат како Родриго Борџија). Тие се венчале во 1469 година во Ваљадолид.

Католички Кралеви
Владенијата на Католичките кралеви

Католичките кралеви го користиле своето познато мото: "Tanto monta, monta tanto, Isabel como Fernando" (македонски: "Колку вреди едното, толку вреди и другото, Изабела како Фердинанд"). Соединувајќи ги “круните“ на најголемите кралства во тоа време на Пиринејскиот Полуостров, Кралство Кастиља и Кралство Арагон. Со ова, тие всушност ги поставиле темелите на новото Кралство Шпанија, кое конечно било формирано во времето на нивниот внук Карло V. Со времето, оваа титула на еден начин му била оправдана ако се има предвид протерувањето на Маврите од Пиринејскиот Полуостров за време на Реконквистата.

Владеењето на Католичките кралеви се совпаѓа со периодот на завршување на средниот век и започнувањето на модерната историја. Преку создавање на силна централистичка власт со помош на градовите, била создадена монархија која имала сила да се бори против големите феудални семејства. Со освојувањето на Гранада, Навара, Канарските Острови, како и делови од Северна Африка била создадена држава која денеска во историографијата е позната како Кралство Шпанија.

Откривањето на Америка во 1492 година се совпаѓа со годината на крајот на Реконквистата. Преку колонизацијата на Новиот Свет, Шпанија станала една од најголемите светски велесили во тоа време.

Поврзано

  • Јарем и стрели — симбол на Католичките кралеви

Tags:

1469Изабела I КастиљскаПапа Александар VIФернандо II АрагонскиШпански јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Влада на Љубчо ГеоргиевскиМакедонски пасошПиту ГулиДијалекти на македонскиот јазикСпоменка (книга)Малиот принцРомео и ЈулијаОпштина ЦентарИлинденско востаниеПрометејАли АхметиГордана Силјановска-ДавковаК-15Магнетна резонанцијаБајкаБраќа МиладиновциСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаГордана ЈанкулоскаРастенијаСојузни држави на САДМаксим ДимитриевскиОпштина Ѓорче ПетровМакедонијаПридавки во македонскиот јазикГарванот (поема)Самоилово ЦарствоЛасерОпштина ОхридМакедонија во Втората светска војнаСедум светски чуда на античкиот светМитозаБукурешки договор (1913)Филип ПетровскиОстеопорозаНикола КљусевIP-адресаВлада на МакедонијаТеодосиј СинаитскиДемократи (политичка партија)Национален парк ПелистерВладимир ГлигоровВиолинаВанчо Николески‘Рбетен столбМојот звукСлезинаЛазар КолишевскиБременостВелики петокМакедонски претседателски избори (2004)Свети ГеоргиАнгинаЗагадувањеПетар ПанСтефан ЛазаровЗурла (македонска)Џек ЛондонТурцијаДискус хернијаМеталТарабукаДропкаРимско ЦарствоПросветителствоПоделба на властаЖелезоОпштина ВрапчиштеЉупчо ГеоргиевскиВилијам ШекспирАлопецијаДемократска партија на Србите во МакедонијаЃорѓија ПулевскиХороскопски знациСојуз на комунистите на МакедонијаВтора светска војнаШенка КолозоваГеографија на МакедонијаРајко ЖинзифовОхридска пастрмка🡆 More