Старословенскиот јазик бил изразито синтетичен јазик, односно имал развиена падежна промена.
Се разликувале седум падежи: номинатив-N., генитив-G., датив-D., акузатив-A., вокатив-V., инструментал-I. и локатив-L.. Номинативот и вокативот се нарекуваат прави или независни падежи, додека останатите коси или зависни.
За разлика од состојбата во повеќето современи словенски јазици, во старословенскиот постоеле три броја: еднина (сингулар), двоина (дуал) и множина (плурал). Јасна е употребата на еднината и множината; двоината се употребувала кога се именувеле две нешта. Нејзината употреба била задолжителна и постоеле нејзини форми за сите менливи категории. Таа се употребувала и со сложенки од бројот два, како на пример со броевите 12, 22, 32 или 102. Од современите словенски јазици ја задржале само словенечкиот и лужичкосрпскиот јазик, а остатоци се среќаваат и во македонскиот; така, множинските форми: раце, нозе, очи и уши се всушност стари двоински форми кои ја потиснале соодветната множинска форма (таа е зачувана во дијалекти форми, на пр. руки, ноги). Покрај ваквите форми, формите на избројаната множина исто така се остаток од старата двоина: еден клуч, два клуча, многу клучеви.
Старословенскиот јазик бил изразито синтетичен јазик, односно имал развиена падежна промена.
Имало повеќе парадигми (начини) на падежни промени на именките, и тоа според основата, а не според родот, иако речиси сите парадигми покажувале наклоност кон одреден род (родови). Сите падежи имале форми за трите броја: еднина, двоина и множина. Некои од парадигмите веќе излегувале од употреба во времето на зачетоците на словенскта писменост, за сметка на други кои се наметнувале како поедноставни. Иако, општо, секоја парадигма е посебна, сите покажуваат неколку заеднички одлики: именките од машки и среден род секогаш имаат завршеток во инструментал еднина -мь (=-mĭ), а оние од женски род -Ѭ (=-jǫ); именките од среден род имаат формално еднаков номинатив, акузатив и вокатив во сите три броја, а во множина го имаат завршетокот -a; генитивот множина кај сите три рода е -ъ (=-ŭ) или -ь (=-ĭ); дативот множина кај сите три рода го има завршетокот -мъ (=-mŭ); во двоина се разликуваат само три форми (наместо седум): една за номинатив, акузатив и вокатив, втора за генитив и локатив и трета за датив и инструментал. Генитив и локатив двоина за сите три рода имаат завршеток -ѹ (=-u), а датив и инструментал завтшеток -ма. Останатите форми се начелно различни.
Најзастапени биле О-промената и ЈО-промената (исто именувани како тврда О- и мека О-промена соодветно) за машки и среден род и А-промената и ЈА-промената (исто иманувани како тврда А- и мека А-промена соодветно) за женски род.
Важна напомена околу оваа промена треба да се даде околу формата на акузативот еднина. Така, ако именката означува нешто живо (одушевено) тогаш акузативот е формално еднаков со генитивот еднина (пример: чловѣка), а доколку именката означува нешто неживо неодушевено), тогаш акузативот е еднаков со номинативот еднина (пример: градъ). Исто така редовно се врши првата палатализација: чловѣче (V. еднина), чловѣцѣ (L. еднина), чловѣцѣхъ (L. множина), чловѣци (N., V. множина)
Именките од среден род кои ѝ припаѓаат на оваа промена завршуваат на -о. Такви се: мѣсто (место), вѣко (клепка), село (село), иго (јарем), ѹтро (утро), дѣло (дело). Промената на мѣсто и вѣко е следнава:
Како што нагласивме за формите од среден род, така и тука, формите за номинативот, акузативот и вокативот во сите три броја е формално еднакви. Исто така и тука се врши првата палатализација на заднонепчените согласки (вѣцѣ, вѣцѣхъ итн.).
Напомена: Unicode нема соодветна графема за прејотирано а кое може да се запише како ıа, додека во модерните источнословенски азбуки и бугарската азбука се користи графемата я.
Соодветно се менуваат именките од среден род. Парадигмата на срьдьце е следнава:
Напомена: и тука се врши палатализација на заднонепчените согласки (ноѕѣ). Се сретнува и формата нозѣ наместо ноѕѣ во соодветните падежи.
При промената на именките по овие основи (О, ЈО, А и ЈА) се јавуваат одредени паралелности, правилен распоред на самогласките. Овој распоред од облик О:ЈО и А:ЈА е следниов:
Во оние падежи каде што во О и А-промената се јавуваат првите самогласки, таму во ЈО и ЈА-промената се јавуваат вторите.
Именките кои се менуваат по оваа парадигма имаат основа ĭ (кратко и). Карактеристично за оваа промена е формалната еднаквост на номинативот и акузативот во еднина. Именките од оваа промена завршуваат на -ь. Според оваа промена се менуваат пред сè именки од женски род, но постои една група именки од машки род, со голема честота на употреба во јазикот, кои исто така ѝ припаѓаат на оваа промена. Такви се: од женски род:стварь (суштество, дело), вѣдь (знаење), мъıсль (мисла), кость (коска), власть (власт, владение), мошть (моќ), съмрьть (смрт), милость (милост), памѧть (памет); од машки род:пѫть (пат), гость (гостин), господь (господ), лакъть (лакот), ногъть (нокот), огнь (оган), боль (болка), ѫгль (јаглен) итн. Парадигмата е иста и за именките од женски и за именките од машки род, со единствена разлика во инструментал еднина и вокатив множина. Промената на кость и пѫть е следнава:
Оваа промена е наречена и ŭ-промена или кратка у-промена. По оваа парадигма се менуваат само мал број именки од машки род; истите многу рано почнале да ги губат старите завршетоци и да преминуваат кон О-промената. Меѓутоа оваа парадигма ќе игра големо влијание во промената на именките во модерните јужнословенски јазици. Имено, од ŭ-промената потекнува вметокот (инфиксот) -ов- (или -ев-) при формирањето на множината во македонскиот и српскохрватскиот јазик. Во оваа промена спаѓаат именките: съıнъ (син), домъ (дом), медъ (мед), ледъ (лед, мраз), волъ (вол), полъ (пол, страна), връхъ (врв), садъ (градина), ıадъ (отров), миръ (свет, мир), гласъ (глас), родъ (род), рѧдъ (ред), чинъ (начин, ред, измама), гръмъ (грмушка, жбун). Најрано со приближувањето кон О-промената започнала именката съıнъ (најверојатно заради именката отьць, која ѝ припаѓала на ЈО-основата), а само именките волъ и полъ ја задржале целосната ŭ-промена. Парадигмата на съıнъ е следната:
Оваа промена е наречена и ū-промена или долга у-промена. По оваа промена се менуваат мал број именки од женски род. Разликата помеѓу оваа промена и согласните промени се само во номинатив и локатив еднина и датив и инструментал множина. Именките кои ѝ припаѓаат на оваа промена во номинатив еднина завршуваат на -ъı (што се развило од долгото у, ū > ъı), кое пак во хетеросилабичка позиција (пред самогласка) добива развој: ъı > ъв од каде и ѝ доаѓа името. Тука спаѓаат именките: црькъı (црква), бѹкъı (буква), брадъı (секира), жрьнъı (воденички камен), *кръı (крв), локъı (бара, локва), любъı (љубов), неплодъı (неротка), свекръı (свекрва), смокъı (смоква), тъıкиъı (тиква), цѣлъı (оздравување, исцеление), ѩтръı (јатрва). Парадигмата на црькъı е следнава:
Напомена: за именката *кръı не постојат форми за двоина. Исто така нејзината форма за номинатив еднина е претпоставена, а не засведочена. Наместо неа се среќава акузативната кръвь.
Голем број именки од трите рода се менуваат според овие основи. Нивна основна особина е вметокот (инфиксот) кој се јавува во косите (зависни) падежи (генитив, датив, инструментал и локатив). Според вметокот постојат следниве подгрупи (потпромени): Н-промена, С-промена, Т-промена и Р-промена. Овие форми уште во раната фаза на јазикот почнале да се приближуваат кон О-, А-, односно И-промената така што за голем број од овие именки постојат алтернативни форми од другите промени. Парадигмите се следниве:
Напомена: именките око, очесе и ѹхо, ѹшесе имаат двоински форми според И-промената: на пример очи и ѹши наместо очекуваните очесѣ и ѹшесѣ!
Старословенскиот јазик бил изразито синтетичен јазик, односно имал развиена падежна промена.
Заменките како и именките се менуваат по род, број и падеж. Основната поделба на замеките е на лични и нелични. личните заменки не разликувале род, додека неличните имале форми за секој род поодлено.
Слично како и кај именките, и кај неличните заменки има два вида на промена: тврда и мека. Најбитната разлика е следнава: во генитив еднина, пред завршетокот -го, при тврдата промена стои -ѣ-, додека при меката стои -и-; исто и во генитив/локатив множина и некои други падежи. Типични придавки од тврдата промена се: тъ, та, то и онъ, она, оно, додека од меката: *и, *ıа, *ѥ и сь, си, се (и ова не се единствени заменки од овие промени!). Заменката вьсь, вьса, вьсе не припаѓа доследно ниту на едната ниту на другата промена, туку има т.н. мешана промена. Овој пример е единствен. Парадигмата на тврдата промена ќе ја илустрираме преку заменката онъ, она, оно, додека меката преку замекната мои, моıа, моѥ [мој, моја, мое]:
и слично, кои се толкуваат како дијалектизми непосредно по Кирило-Методиевскиот период. Но акузатив множина за машки и женски род е моѩ по правило!
Напомена: кога пред формите на оваа заменка стои некој од предлозите въ, къ и съ, таа добива протетичко н-: къ н҄емѹ, съ н҄его, въ н҄емь итн. Подоцна појавата на протетичкото н- се проширила на останатите предлози. Така во современиот македонски јазик имаме: него-го, нему-му, неа-ја итн.
Формите од акузативот и дативот се употребуваат исто како формите за директен и индиректен предмет во македонскиот [рече ѥмѹ = му рече, възгласи и = го повика], додека формите од генитивот се употребуваат како присвојна придавка (лице ѥго = лицето негово).
Формите со честичката же се преведуваат со односна заменка: Отьче нашь иже ѥси на небесьхъ = Оче наш којшто си на небесите итн.
Личните заменки не разликуваат форми за родовите туку имаат една, општа, форма за секој падеж. Парадигмата на личната заменка за 1. и 2. лице е следнава:
Номинативните форми се користат ретко (слично како во латинскиот), освен за нагласување, бидејќи личната форма на глаголот го определува вршителот на дејството во една реченица. Дативните и акузативните „долги“ форми идат со предлози (отъ мене = од мене, о насъ = околу нас, съ вами = со вас), додека „кусите“ се енклитички (дамь ти = ќе ти дадам, глѧдаѥши мѧ = ме гледаш, молимъ тѧ = те молиме).
Акузативното сѧ редовно се наоѓа покрај повратните глаголи: съкръıвати сѧ = се крие, покаıати сѧ = се покајува.
Заменката чьто пројавува повеќе форми во некои падежи, така во генитив се среќаваат: чьсо и чесого, во датив: чьсомѹ и чемоѹ, во локатив чесомь.
Старословенскиот јазик бил изразито синтетичен јазик, односно имал развиена падежна промена.
Придавките се зборови кои се употребуваат покрај именките за да ги дообјаснат, или пак самостојно. Се менуваат по род, број и падеж, а за нив се поврзува и категоријата определеност (слично како членот во македонскиот). Имено, придавките се менуваат според две парадигми:
При простата промена, падежните завршетоци на придавките се исти со падежните завршетоци на именките од О/ЈО- и А/ЈА-промената, согласно нивниот род. Како и кај именките, се врши распределба на тврда (О-, т.е. А-промена) и мека (ЈО-, т.е. ЈА-промена) според завршетокот на самата придавка. Пададигмите на добръ, добра, добро (=добар, -а, -о од тврдата) и ништь, ништа, ниште (=сиромав, -а, -о од меката промена) се следниве:
При сложената (заменска) промена на придавките, на формите од простата промена им се додаваат формите од заменката за 3. лице: *и, ıа, ѥ на соодветниот падеж. При ваквото додавање, особено во множина, доаѓа до одредени промени во формата на самата придавка. Парадигмите на претходните придавки (добръ и ништь) се следниве:
Именската промена е „основната“, првична промена на придавките. Општо, таа означува нешто кое за говорителите (или информацијата која ја носи) е нововнесена (во разговор), новоспомената (во текст). На овој начин се истакнува, означува неопределеноста на именуваното со придавката. Слична постапка се прави со именките/придавките и членот во современиот македонски. Од друга страна заменската промена означува нешто кое на говорителите (или информацијата која ја носи) е веќе спомената, позната. Ваква распределба постои (иако полека се напушта) во српскохрватскиот јазик, особено во неговата хрватска варијанта.
Постоеле три степени кај придавките: основниот, неутрален, облик (позитив), компаратив и суперлатив. Компаративот се градел синтетично, додека градењето на суперлативот е малку покарактеристично и уникатно словенско.
Компаративот се гради кога на основниот облик ќе се додадат наставките -ѣи или -ии. Почеста е првата наставка иако нема правило на која придавка ѝ следи која наставка. Редовно се предизвикува палатализација, ако за тоа има услови. На пример:
Компатаривните форми се менуваат според ЈО/ЈА-промените. Единствен исклучок е формата за акузатив еднина која е иста со соодветната форма од согласничките основи. Исто така, компаратицните форми имаат и сложена (заменска) промена.
Суперлативот се среќава навистина мошне ретко (дури: инцидентно), па затоа и многу јазичари сметаат дека суперлативот како посебна форма во старословенскиот јазик и не постои. Постојат два начини на негово изразување. Првиот е со претставката наи- која се додава на формата на компаративот (слично како во македонскиот): наиновѣи, наидражии, наипростѣи (најнов, најдраг, најпрост) итн. Вториот начин е аналитички, во конструкции од типот: вьсѢхъ новѣи (= најнов, буквално: понов од сите / од сѐ), вьсѣхъ дражии (= најдраг, подраг од сите / од сѐ).
Вториот начин е значително почест во текстовите (и не се смета за суперлатив во права смисла). Првиот начин се верува дека се развил и раширил во подовнежните периоди на јазикот.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Именки во старословенскиот јазик, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.