Знаме На Шкотска

Знаме на Шкотска (гелски: Bratach na h-Alba, шкотски: Banner o Scotland), наречено и Андреин крст (St Andrew's Cross) — државно знаме на Шкотска.

За разлика од кралскиот стандард, ова знаме е достапно за употреба од сите физички и правни лица и се вее на државните установи во Шкотска секој ден од 8 ч. наутро до зајдисонце, со извесни исклучоци.


Знаме на Шкотска
}}
Назив Андреин крст
Салтир
Употреба државно знаме национално знаме
Сразмер нестандардизиран
Усвоено XV век
Опис на сино поле, сребрен Андреин крст.

Според христијанската легенда, маченикот Апостол Андреја, заштитник на Шкотска, бил распнат на крст со облик на буквата Х кај Патра во Ахаја. Оваа иконографија првпат се јавува во земјата во 1180 г. за време на кралот Вилијам I и на печатите на старателите на Шкотска од 1286 г.

Употребата на Андреиниот крст, наречен и салтир или накосен крст (crux decussata) во упростен облик без распетие започнала кон крајот на XIV век. Во јуни 1385 г., Парламентот на Шкотска решил шкотските војници што служеле во Франција да го носат овој крст напред и одзади, како обележје на земјата од каде дошле.

Историја

Андреиниот крст како знаме првпат се спомнува во Виенскиот часослов (~ 1503), каде крстот има црвена позадина. Во случајот на Шкотска, употребата на сина позадина се смета дека почнала во XV век, а можеби и порано, при што првиот сигурен приказ на ваквото знаме се среќава во грбовникот на Дејвид Линдзи околу 1542 г.

Знаме На Шкотска 
Апостол Андреја распнат на крст

Според преданието, во 832 г. пиктскиот крал Енгус II ги повел во битка Пиктите и Шкотите против Англите предводени од Етелстан, која се случила кај денешен Етелстејнфорд, Источен Лотијан. Во предвечерито на битката, Енгус се зарекол дека ќе го слави Апостол Андреја како заштитник на земјата ако му даде победа. Апостолот му се појавил на кралот на сон и му ветил успех. Изутрината на небото се појавиле облаци во облик на буквата Х — крстот на кој бил распнат Апостол Андреј. Оваа појава го уверила Енгус дека апостолот е на навистина на негова страна, по што тргнал да се бори и покрај тоа што неговата војска била помалубројна. Благодарение на поволниот знак од светецот, Енгус извојувал победа и го прогласил Апостол Андреја за заштитник на земјата во знак на благодарност. Соглоасно верувањето, белиот крст на сина позадина ги претставува облаците кои се појавиле на небесното синоло.

Кралски стандард на Шкотска

Знаме На Шкотска 
Кралскиот стандард на Шкотска

Кралскиот стандард на Шкотска, наречен и бајрак на шкотските кралеви или бујниот лав на Шкотска, е кралското знаме на земјата кое во минатото го користеле кралевите на Шкотска. Ова знаме се разликува од националното по тоа што за него важи законска одредба дека смеат да го користат само неколкумина државни великодостојници кои службено го претставуваат монархот во Шкотска. Истото се вее и на кралските дворци што се наоѓаат во земјата, кога монархот не е присутен во нив.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски


Tags:

Знаме На Шкотска ИсторијаЗнаме На Шкотска Кралски стандард на ШкотскаЗнаме На Шкотска ПоврзаноЗнаме На Шкотска НаводиЗнаме На Шкотска Надворешни врскиЗнаме На ШкотскаГелски јазикДржавно знамеШкотскаШкотски јазик (германски)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Акутен панкреатит‘Рбетен столбДрагана МирковиќМавровоСтранствувањето на Чајлд ХаролдАјкулаОпштина БитолаПад на Цариград (1453)АсурПридавкаРаички манастирЦар Едип (драма од Софокле)ДискриминацијаЛокални избори во Македонија (2021)СмесаГлаголицаКирхофови закони за струјното колоЛазар Ристовски (глумец)АмерикаПраисторијаПаркинсонова болестРеченицаРисто КрлеМаричка биткаКонстантин МиладиновВикипедија на македонски јазикКарло I АнжујскиБалканска приказна (ТВ-серија)Хороскопски знациРазловечко востаниеРециклирањеЛила СтојановскаТајландБаза (хемија)ВеројатностСам домаИнфлацијаСценариоСанкт ПетербургПорше КајенГраматички категории на именките во македонскиот јазикКрушевска РепубликаМакедонски ораРомео и ЈулијаЈован I ЦимискијЃурѓовденМери ПопинсЗемјотресСредоземно МореМакедонски парламентарни избори (2011)ТокиоМартинкаЕгејска МакедонијаАвтопатЛиберално-демократска партијаОрхан (книга)ПолуспроводникПритисокХристијанствоФК СаутхемптонБактерииПетар Поп АрсовЈан Амос КоменскиКристофер КолумбоМакедонски јазикПроизвод (математика)Кога тргнав ЦветоГуливеровите патувањаМетодија Андонов-ЧентоБилјана ВанковскаМножењеПелистерДоминикаВлада на МакедонијаСеверен КипарИменки во македонскиот јазикБиполарен споен транзистор🡆 More